ТАБЕЛА НА
ЗБИДНУВАЊАТА ЗНАЧАЈНИ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ИСТОРИЈА ПОСЛЕ 1900 ГОДИНА
1902 – Балфуровиот закон за школство; формирање локални просветни органи и
реорганизација на средното образование.
1903 – Образување на Општественото и политичко здружение на жените со цел
борба за политичките права на жените.
1906 – Законот за синдикални спорови ги штити синдикатите од покренување
граѓански спорови за надокнада на штета предизвикана од штрајкови,
1907 – Основање на одборот за здравствена заштита на деца од школска
возраст.
1908 – Донесување на Законот за старосна пензија со кој се воведуваат
државни пензии за лицата преку седумдесет години старост.
1909 – Основање на Бирото за запослување. Лојд Џорџ воведува „народен
буџет“ со зголемено оданочување на богатите со цел подмирување на трошоците за
социјална служба и одбрана.
1911 – Со Законот за национално осигурување се воведува систем на придонеси
за здравствено осигурување, со кој се обезбедуваат средства за подмирување на
трошоците за лекарска нега, породилно отсуство и боледување.
1911-14 – Најжестока фаза на борбата за женски права, со палежи,
подметнување бомби, сечење слики и штрајкови со глад.
1911 – Бран штрајкови меѓу пристанишните работници, железничарите и
морнарите. Убиени штрајкувачи во судирите в Ливерпул и Хал.
1914 – 4. август, Британија влегува во Првата светска војна.
1915 – Законот за одбрана на Кралството и’ дава широки овластувања на
државата за вршење надзор над стопанството и општеството.
1916 – Воведување на регрутација.
1918 – Крај на Првата светска војна. Законот за претставниците на народот
им дава на возрасните мажи полно право да бираат и да бидат бирани, а на жените
над 30 години право на глас. Со Фишеровиот Закон за школство задолжителното
образование се продолжува до 14 години.
1919 – Основање на Министерството за здравство. Со Законот за станбена
изградба се воведуваат дотации за локалните власти за изградба на станови.
Отворање на првите воздухопловни линии помеѓу Лондон и Париз.
1920 – Со Законот за национално осигурување проширено е осигурувањето во
случај на невработеност кај најголем број работници.
1921 – Со Законот за железници постојните железнички компании се споени во
четири групации: Лондонска, мидландска и шкотска (LMS); Лондонска и Североисточна железница (LNER); Гранд-западна железница (GWR); и Јужна железница (SR). Почетоци на големата депресија; бројот
на невработени во декември достигнува преку два милиони.
1922 – Гедисовиот извештај доведува до големо смалување на државните
фондови за социјални служби и одбрана.
1926 – Генерален штрајк (мај). Спорот во врска со јагленот се продолжува до
есента. Со кралска повелба се основа Британската радио-корпорација (Би-Би-Си),
со монопол на емитување преку радио-бранови.
1928 – Право на глас им се дава и на жените под 30 години старост. Појава
на кинематографијата.
1929 – Реформа на локалните органи на власт. Укинување на старателските
одбори и на постоечките здруженија основани на темел на Законот за сиромаштија.
Лабуристичката партија ја презема власта под водство на Рамзи Мекдоналд. Крахот
на Волстрит го означува почетокот на на најлошата фаза на депресијата.
1930 – Образување на Сојузот на младински домови.
1931 – Финансиска криза и пад на лабуристичката влада. Формирање на
национална влада и голема победа на општите избори. Заведување на строги
економски мерки, вклучувајќи „проверка на имотната состојба“ при давањето
надоместок на невработените.
1933 – Незапосленоста достигнува врв од скоро три милиони осигурани
работници.
1934-35 – Со Законот за невработеност се прави обид за подобрување на
управувањето со средствата за помош на невработените под раководство на Одборот
за помош на незапослените (UAB). Законот е само делумно спроведен поради широко распространетиот отпор.
1935 – Резултати на „гласањето за мир“ во Лигата на народите сведочат за
силно антивоено расположение.
1936 – „Марш на гладните“ од Џаро до Лондон, чии учесници се невработените
бродоградилишни работници. Донесување на Законот за јавен ред со цел
ограничување на дејностите на Британскиот фашистички сојуз. Први телевизиски
емисии на подрачјето на Лондон.
1937 – Либерализирање на Законот за развод.
1939 – Септември. Почеток на Втората светска војна.
1940-41 – Битката за Британија и најтешките бормбардирања на британските
градови.
1942 – Во извештајот на Бевериџ се дава нацрт на системот на сеопфатни
државни мерки на социјална и здравствена заштита, спрема потребите и „од
колевка па до гроб“, како и емство дека ќе се преземат мерки да се отстрани
опасноста од масовна незапосленост после војната.
1944 – Белата книга на владата ги прифаќа начелата на Бевериџовиот
извештај. Со Законот за школство (Батлер) обавезното школување се продолжува до
15 година (воведено од 1947) и се обезбедува бесплатно средно образование за
сите. Пронаоѓањето на пеницилинот, првиот антибиотик, овозможува лекување на
многу заразни болести.
1945 – Крај на Втората светска војна. Избор на лабуристичка влада под
водство на Атли. Закон за семеен додаток.
1946 – Со Законот за здравствено осигурување образувана е Служба за
здравствена заштита која се финансира со средствата собрани од даноци и преку
доприносите за национално осигурување.
1946-49 – Национализација на електро-стопанството, јагленокопите, цивилното
воздухопловство, Банката на Англија, службата за одржување на патиштата, гасот
и претпријатијата од црната металургија.
1947 – Заведување на двегодишна воена служба.
1948 - Основање на Националниот одбор за помош на сиромашните.
1949 – Укинување на рационализирањето на облеката.
1951 – Британски фестивал на Саут Бенк.
1952 – Првиот патнички авион на млазен погон Комет се воведува во редовна
употреба. Експлозија на британската атомска бомба.
1953 – Крунисување на Елизабета Втора.
1954 – Укинување на последните воени прописи за рационализирано снабдување.
1955 – Отворање на комерцијална телевизиска програма.
1956 – Пуштање во погон на првата атомска електрана во Колдер Хол.
1957 – Смртната казна ограничена на мал број кривични дела.
1958 – Почеток на кампањата за нуклеарно разоружување. Стапува на сила
Законот за мерките против загадувањето на воздухот.
1959 – Отворање на првиот потполно опремен автопат М1 помеѓу Лондон и
Бирмингем. Во Северното море откриен природен гас.
1960 – Укинување на регрутацијата за воена служба.
1961 – Со Законот за обложување и игри на среќа легализирани се
кладилниците.
1963 – Со Бичинговиот план се предлага драстични намалување на железничката
мрежа.
1964 - Лабуристичката партија добива мнозинство на парламентарните избори.
Воведување општ заееднички систем на средно образование.
1965 – Први откритија на нафта во Северното море. Во Велика Британија е
укината смртната казна.
(1966 – Битлсоманија, н.з.)
1967 – Девалвација на фунтата. Востановување на парламентарен надзорник за
заштита на граѓанските права. Со Законот за сексуални прекршоци ублажени се
законските прописи за хомосексуалците. Со Законот за абортус легализирано е
прекинувањето на бременоста.
1968 – Со Законот за позориште
укината е цензурата во театарот. Со Законот за расни односи се прогласува за
противзаконита дискриминацијата во поглед на станбените услови, вработувањето и
ограничувањето на пристапот до јавни места.
1969 – Основање на „Отворениот универзитет“. Минималната старост на
гласачите намалена е на 18 години.
1970 – Предложен е Закон за еднакви плати меѓу мажите и жените.
1971 – Децимализација на парите.
1972 – Реформа на локалната самоуправа. Востановени се нови
адиминистративни подрачја и извршена прераспределба на надлежностите.
1973 – Британија влегува во Европската економска заедница. Потврдено на
референдумот во 1975 год.
1975 – Закон против дискриминација врз основа на пол.
(изв. „Друштвена историја Енглеске“, Џорџ Маколи Тревељан, СКЗ – Белград
1982 г.)
No comments:
Post a Comment