Friday, May 17, 2019

Хенри Ноел Брејлсфорд: МАКЕДОНИЈА – Нејзините народи и нивната иднина



Глава петта
БУГАРСКОТО ДВИЖЕЊЕ

Првите впечатоци на патешественикот за Македонските бугари ретко се благопријатни. Тоа е племе со малку надворешна привлечност и тоа ретко се труди да бара симпатии или да го помага процесот на взаемно разбирање. Не е ни гостопримливо, ниту јасно се изразува. Славјанскиот сељанин не ползува думи кои го отклучуваат срцето на странецот. Тој не може како Гркот да посочи никакво велико минато; неможе да се пофали дека неговите претци биле твоите наставници по цивилизација. Те остава само да си изградиш мнение за него, такво какво што ти е угодно, представувајќи се само во сивилото на секојдневната си носија. Тој нема да те посети неповикан во твојот хотел или да те покани в своите училишта, или пак да настојува да ги посетиш неговите цркви. Ти насила го проучуваш однадвор. Наоѓаш дека е тап, воздржан и недружељубив, бидејќи опитот го научил дека секој член на туѓоземско племе е потенцијален враг. Нему му недостасува благовидноста, „изјаштеството“ и брзиот ум на Гркот. Тој не поседува ништо од исполнетата со достоинство „вежливост“, непокорната независност и средновековното рицарство на Албанецот. Тој нема ни физичка убавина кој би можела да му помогне, па дури ни жените не им се „предрасполагашти“. Тој нема никакво чувство за надворешност, никаков инстинкт да се покажува. Ако е богат, си го к‘ти богатството. Ако е беден, живее во бедност и мрсотија. Националните носии ретко му се живописни, националните танци – монотони, националните песни – немузикални. Може да се научиш да му го уважаваш неговото усрдие, неговата огромна способност да полага безинтересна работа, но сето тоа е потта на „труженикот“ и во него го нема духот на човекот од науката и на занаетчијата. Тој издигнува против тебе крепосен бран од итрост, секое твое прашање го смета за една замка, во која тој откажува да ти влезе. Или одговара со престорена глупост давајќи и’ вид на „невежа“, или се стреми да го одгатне одговорот кој ти го очекуваш и ти го давава истиот, без мисла за тоа како таквиот одговор се однесува кон вистината. Тоа не е баш лажење, барем не онака како што го разбираме ние. Попрво, селанецот нема никаков поим за чесна врска со било кого што себеси се смета за по-високостоечки. Тој бил деморализиран, имајќи работа со господари кои биле детински каприциозни, но и тирански. Неговите пороци се долните „првички“ на еден стапкан човек и ако имаш нужда во каков и да е смисол, ти поскоро ќе најмиш Албанец, а не Бугарин. Ти може да се научиш да гледаш на тие недостатоци во вистинската им историска перспектива. Можеш поскоро да се натераш себеси да мислиш за истите како за срамен белег на престапите на завојувателите, отколку за каков и да е доказ за некаква првична расипаност на поробениот. Колку повеќе научуваш, толку повеќе си склон кон едно благорасположено сострадание, меѓутоа на почетокот има мала веројатност да искусиш восхит кон тоа „мудно“ и непретприемливо племе. Единствено времето и случајот го доставуват кључот кон еден поинаков прочит на неговиот карактер.
Тој дојде кај мене случајно, во тихите улици на македонските градови – тој таинствен и тешко одгонетлив клуч. По тие улици човек не слуша ниту песни, ниту смеа. По нив селјанинот пристапува тивко, а жена му врви на неколку чекори зад него и говори само кога се спори за цена на пазарот. Граѓанинот е многу зафатен со избегнувањето на шпиуните и со прескокнување на кучињата, за да ја наруши меланхоличната тишина. При сето тоа, како си тешече зимата, една жалосна мелодија почна да долетува од мрачниот фон на потиснатоста. Јас на почетокот не и’ обрнав никакво внимание, пред да ја чујам една вечер при огништето на едно бугарско семејство. Не можам да си претставам ништо „по-ујотно“, по-самодоволно, по-комфорно од тој семеен круг со простодушните ќерки, свенливиот син и „т‘лстите“ родители облечени во домашни алишта. Тоа беше атмосфера на груб материјализам и за тие луѓе како да немаше ништо потуѓо отколку идеите и ништо подалечно отколку револуцијата. Меѓутоа ете, тие ненадејно ја запеаја песната од улиците. Таа донесе оган во нивните очи, ѕвонливост во гласовите и црвенило во флегматичните им усни. Тоа беше песната на бунтот. Таа ги викаше младите лица в планина, ги прекоруваше старите мрзливци кои „седат по кафани“, ги воспеваше еден по еден војводите кои беа загинале през есента и прорекуваше една слободна иднина. Од онаа вечер па натаму, таа песна беше постојано во мојте уши. Понекогаш ја свиреше по улиците некој ученик, а понекогаш ја пееја со сите нејзини дрски зборови младинците, и тоа во опсегот на слушање на некој турски „часовој“. Таа се слеваше со стапките на вооружените патроли и со бумтежот на колите што носеа муниција. Таа ја предизвикуваше ноќната стража и ја обиколуваше „каљаската“ на пашата. Ако Турците, како никогаш дотогаш, се занимаваа со воведување мерки на претпазливост, со непрекинатата мобилизација против надоаѓачката борба – таа песна на непокорот беше постојано во воздухот, поигрувајќи се со нивниот глупав ум и бескорисните им подготовки. Тие ниту ја слушаа, ниту ја разбираа, пошто беа туѓинци во сопствената земја. Таа ечеше околу нивните уши неслушната, како песна на хорист, пеена од самата земја. Во неа најпосле, беше суштинскиот ритам на бугарското срце. Отсега натаму лажгите и молкот беа од мало значење. Можеше да се чуе како тој дотогаш нем народ започнува да си говори сам на себеси. Јас се наоѓав среде едно племе коешто се организираше за слобода. Тоа живееше еден двоен живот, ама малку се грижеше за грозната и неважна сегашност во која страдаше, правеше интриги и компромиси, оставајќи ги повисоките квалитети за иднината, која што тоа племе беше решило да си ја извојува.
Востаничкото движење во својата дејствителност е суштински македонски покрет, приготвен од Македонци и помагано од горештата симпатија на големото мнозинство од словенското население. Едвај да има село кое не влегло во  Организацијата. Во поголемите градови како Битола само малцина Бугари не се активни или да немаат членови на готовс. Пред 10 или 20 години, децата во македонските училишта, научени да ја пеат султановата химна пред официјалните посетители, тајно упразнуваа да пеат една трогателна песна „в чест на тој – кој и да е – што ќе биде нашиот ослободител“. Денес таа песна им го отстапи местото на балади за големите подвизи, кои раскажуваат како Делчев и Цветков си го дале животот во директна борба под едно развеано знаме.

***

Санстефанскиот договор со којшто заврши Руско-турската војна, донесе една моментална и реализирана надеж за слобода на Македонија. Ако може да се ослободиме од онаа 20-годишна навика на мислење, па да ја видиме картата на Балканот без вештачките граници која дипломатијата ги нацрта врз него, та да го истриеме од мислите политичкото значење кое се содржи во чисто географските термини како „Бугарија“ и „Македонија“, тогаш ние ќе видиме дека нема причина ниту во историјата, ниту во природата на нештата овие две области да се потчинети на таква различна „участ“. И во двете, населението највеќе е славјанско, а в обете има малцинство од Турци и Грци. И двете се дигнаа на оружје за да содејствуваат со навалувачките руски ослободители. И двете ја беа отфрлиле грчката форма на православието и слободно се беа приврзале кон Бугарската Егзархиска црква. Кога Берлинскиот конгрес, повлијаен од стравот на Англија од создавањето на една Велика Бугарија, која би можела да биде силен сојузник на Русија, предодреди Бугарија да биде слободна, а Македонија да остане под турска власт, еден безрасуден очај го зафати изоставеното население, кое штотуку си ја беше видело својата слобода, спечалена со крв и потврдена преку договор. Првиот инстинкт им беше да протестираат. Две области од долината на Струма востанаа, ги зазедоа клисурите и неколку дни и’ се спротивставуваа на турската војска. В Охрид, еден заговор со поголеми амбиции беше откриен од властите, пред тој наполно да узрее. Следуваа репресии, но Европа го имаше донесено своето решение; повеќе од 10 години македонските Словени го поднесуваа својот зол усуд, со толку мрачна трпеливост колку што можеа да соберат, хранејќи надежда дека еден ден Русија би ја приложила на дело великодушната Санстефанска програма. Тоа беше еден период со многу страдања, во кој напредокот беше бавен и труден. Грците беа активни и непријателски настроени, го прогонуваа секој учител кој се осмелуваше да го пропагира бугарскиот јазик, и се противставуваа на раширувањето на „шизматичната“ Бугарска црква преку познатие орудија на поткуп и клевета.
Наспроти сите тие пречки, бугарското движење сигурно напредуваше. Политиката на Егзархиската црква беше трпелива и внимателна. Таа целеше да го реши проблемот не преку револуција, туку преку бавниот процес на образованието и закрепнувањето. Училиштата и’ беа најефикасните средства. Тие воспитаа цело едно поколение кое неможеше да биде задоволно од ропскиот живот под азиатската тиранија, а младината кој беше завршила гимназија во Битола, Скопје и Солун се чуствуваше рамна на Грците. Ова, затоа што Бугарија (кон која наскоро беше припоена Источна Румелија) упразнуваше неодолива бајност врз воображението на македонските Славјани, кога тие ги набљудуваа: прво, нејзината победа над Србија, и второ, нејниот брз економски напредок. Дојде време кога младото поколение започна да чувствува дека методите на свештеникот и учителот се прилично бавни, дека тие преку нивната мирна пропаганда го имаа постигнато тоа што можеа да го постигнат, и оти потполното солободување на народот може да дојде само преку едно вооружено востание, кое ќе ја предизвика вмешаноста на Европа. Имаше достаточно примери од минатото за да ги поткрепат ваквите расудувања. Во 1893 год. една група вијателни македонски Бугари, која ги поддржуваше таквите погледи, се беа собрале во една куќа во Ресен и ја основале „Внатрешната организација“. Двајца оид нив се’ уште се водачи на движењето – Дамјан Груев учител в Солун, кој изоставил една сигурна кариера со завиден приход, за да стане човек вон законотот и конспиратор, и Христо Татарчев порано доктор во Солун, чиишто истенчени манири и познавање на светот го беа произвеле во дипломат на Комитетот, делегиран да ги управува делата в Софија. Одличната црта во бугарскиот характер е тоа што Комитетот составил план не за едно неодложно востание, кое секако би било провалено, ами за еден долг период на организирање и подготовка. Копнежот за слобода суштествувал. Традицијата на спротивставување говорела низ старите балади, коишто раскажувале за подвизите на ајдуците – балканскте разбојници-патриоти. И најглупиот сељак воздивнувал по еден мирен живот и по напуштањето на Турците. Но средствата за борба, храброста и инстинктот за взаемна помош, допрва требале да се учат. На водачите им претстоела задачата да им го вдахнат истиот кураж и вера што егзархиските училишта ги беа веќе создале в умовите на образованата класа. Тие би требало да ги слеат во една сознателна нација соединетите македонски села, кои што на областите вон својата долина гледаат како на странска земја. Првин требало да се поведе борба против една цела ропска традиција; а на оние кои трепереле при погледот на некој Турчин и безропотно се потчинувале на „сопата“ и фалангата, требало да им се проповеда правото на востание и должноста на спротивставување. „Поарно ужасен крај, отколку ужас без крај“ бил епиграмот во којашто Груев го резимирал учењето на Комитетот и тој заседнал длабоко в умот на Македонија. Требало да се збираат фондови за претстојната битка, да се изберат вождови, да се приучат младите на покорност и дисциплина, во земјата скришум да се внесуваат пушки и луѓето да се научат да ги употребуваат. Нај-накрај, требало се се контрира на спротивставувањето на вишето духовенство на Бугарската црква, кое стравувало дека опасната Организација може да ја изложи на ризик нејзината бавна и легална работа, додека пак во селата, поголемите богаташи, навикнати себеси да се сметаат за претставници на турската власт, вообичаено биле страшливи, понекогаш дури и непријателски настроени. На тој начин, движењето станало демократично. Бугарите не се племе склоно кон размислувања. Никогаш не сум сретнал – дури и меѓу нивните водачи – оној тип на мислители и тероретичари кои човек толку често ги среќава среде руските изгнаници; можеби тие сеуште не го достигнале тоа културно рамниште. Но, во еден практичен и доста прониклив начин, тие водачи дејствително се претвориле во вистинска народна партија. Нивните одлуки се носат на општи конференции, кои што на еден мистериозен начин, успеваат да се свикуваат еднаш или дваж во самото срце на Македонија. Нивните водачи се избираат – од претседателот на целата Организација, чак до главатарите на секоја селска група. Тие сфатиле како да ги привлечат на своја страна и владиците, дури и во коварниот мал свет на селските општини, кадешто побогатите селани управуват со поткрепата на Турците, те онаму воспитале еден благотворен дух на критика и спротивставување. Од година на година, Комитетот се’ повеќе се претворал во една суштинска национална организација. Тој знаел како да се служи со ентузиазмот, за да ја воодушеви младината. Имал свои песни и свои херои. Во Скопје се знаело дека момците од погорните класови на гимназијата маршираат по улиците на градот пред очите на Турците, пеејќи ги своите бунтовни песни, така што секој можел да ги чуе. Но, тој до лудост смел дух на себепожртвуваност и младост бил раководен од постари глави. Организацијата го вклучувала во себе си и претпазливиот селанин, навикнат на компромиси и итроштини, богатиот трговец од градовите и образованиот професионалец, како и тие помлади и пораспалени глави. Долгите години, исполнети со очекување, дисциплината и организаноста биле нејзини главни цели, трпението наспроти напразните надевања и тревожни прогонувања била нејзина типична добродетел. Ентузиазмот таа го баштинела, како и сите револуционерни движења, арно ама уште позабележителни биле нејзината склоност кон методика и кон дребните подробности. Таа имала свои кореспонденти во секој центар, свои „пошталјони“, свои касиери, свои експерти по експлозивни средства, своја медицинска сложба, свои изнајмени агенти помеѓу Турците, своја архива и своја официјална документација. Има една македонска приказна, која раскажува како народите дошле кај Бога, за да бараат подароци. Турците дошле први и получиле предимство на врховната власт. Грците кога чуле што станало, се запатиле кон небото и почнале да се поплакуваат: „О Боже, каква е оваа твоја интрига против нас? Дај ни и нам власт!“ А Бог одговорил: „Врховната власт е веќе дадена. Но вие ќе ја имате дарбата да интригирате!“ Тогаш дошле и Бугарите со просидба: „О Боже! Каква е таа твоја работа? Дај ни и на нас власт!“ Но Бог им дал дарба да работат.
И додека Комитетот бил тајно другарство во пределите на Македонија, в слободна Бугарија тој отворено се востановил како политичка организација. Во Бугарија има многубројно население по потекло од Македонија, кое што пуштило корени во Кнежевството...


(“MACEDONIA: Its Races and Their Future” by Henry Noel Brailsford, Methuen & Co., London – 1906)

No comments:

Post a Comment