XXI
...
ЈУЛИЈАН АВГУСТ
27 Мај
Не можам да спијам. Одам натаму-наваму низ мојот шатор. Се чувствувам
истоштен од 12-часовната битка, но одвеќе сум возбуден за да можам да заспијам
или да правам било што. Едвај ги пишувам овие редови. Раката ми трепери од
напрегање.
Ја победив војската на великиот цар! Две илјади и петстотини Персијанци
убиени, а само 75 Римјани! Можевме да го преземеме Ктесифон. Пешадијата можеше
да го преземе градот кога влегоа Персијанците, но Виктор ја пречи. Го беше страв
од тоа бројчано превосходство на непријателот во непознат град. Не сум убеден
дека беше во право. Ако јас бев пред портите на градот, ќе им заповедав на
пешадијците да влезат. Требаше да рескираме. Персијанската војска бегаше. Тоа
беше погоден случај за нас. Но Виктор е претпазлив. Освен тоа, тој беше ранет –
стрела во десното рамо, обаче ништо
сериозно. Сега ќе треба да го опседнеме градот. Долга работа.
Денес го видов великот цар и тој ме виде. Шапур седеше на карпата под еден
балдахин. Тој е слаб и има црна брада. (Ормузд кажува дека си ја бојадисувал
косата: Шапур е суетен по однос на надворешноста, а неговата потенција ...
никој не знае колку деца има.) Носеше златна круна со црвено перо. Како гест на
пренебрегнување ја носеше официјалната дворецова облека! Личеше на паун што ме
гледаше свирепо.
Неколкупати му мавнав со мечот.
-Слези! – извикав, но едвај можеше да ме чуе во таа врева. Арно ама, ме
виде и сфати кој сум. Големиот цар го виде имераторот на Рим пред портите на
својот град! Царедворците крај него имаа многу исплашен изглед. Никој од нив не
се помрдна. После тоа, вниманието ми се одвлече кон битката околу мене. Кога
одново погледнав кон стената, Шапур веќе не беше таму.
Пред да се вратиме во командата на станот, ги погребавме убиените и ги соблековме
персиските лешови. Беа загинале многу благородници, а ние многу им ги цениме
оклопите. За жал, ниту Галите, ни Германите можеа да носат персијански панцир.
Мали им се, не ги збираат, затоа нашите најлоши војници – Азијатите – ги носат
најубавите оклопи на светот.
Ја отпразнувавме победата со вечера во мојата палатка. Началниците се
напија. Но јас неможев ниту да пијам, ни нешто да апнам. Ептен бев возбуден.
Максим вели дека војната ќе заврши за три седмици. Цела ноќ војниците идат кај
мојата палата, пејат песни и ме „приветствуваат“. Многумина од нив се пијани,
но јас не ги карам. Излегувам надвор, ги прегрнувам, ги викам по име, им
кажувам дека се чудесни момчиња, а тие ми го кажуваат истото. Утре ќе разделам
воени корони на оние кои се одликувале со својата храброст. Исто така ќе принесам
жртва на богот на војната Арес.
Зошто Виктор не влезе во градот?
Приск: Следниот ден беше помрачен веќе при
обредот на жртвопринесувањето. След раздавањето на наградите на војниците,
Јулијан посака да принесе жртва еден бик пред новопоставениот жртвеник на богот
Арес. Ама Етрурските жреци најдоа недостатоци кај девет бикови. Десетиот бик што
го одобрија, избега во последен момент. Кога најпосле беше фатен и принесен в
жртва, црниот дроб му покажуваше дека не чека беда. На општо избезумување,
Јулијан го зафрли жртвениот нож и викна кон небето:
-Никогаш веќе нема да ти принесам жртва!
Максим имаше многу уплашен изглед и дури и јас се стаписав. Цел зацрвенет и
испотен од горештото сонце, Јулијан се втурна во палатата и се скри во неа. Неговото
необично поведение можат да го оправдам само со тоа дека не беше спал две ноќи.
Истиот ден, Анатоли ми изврши развед низ бојното поле. Сосема се држеше
како војник.
-Ете тука херкуланите извршија опходно движење, за да можат леко
вооружените кохорти на петулантите да направат пробив...
Цело време ми објаснуваше такви нешта. Беше толку задоволен од воените
познавања што не ми даваше срце да му се смеам додека ме водеше низ правливото
поле, се’ уште посеано со труповите на паднатите Персијци. Забележав една
интересна појава. Персијанците не се распаѓаат врелото сонце како Европејците.
После два дена, на таква клима, еден мртов Европјанин веќе е во напредната фаза
на распаѓање. Со Персијците тоа не се случува. Тие напросто се сушат и се
стврднуваат како кожа. Веднаш му го споменав тоа на Орибазиј и тој ми рече дека
ова се должело на нивната исхрана. Според него, ние многу пиеме вино и ептен
јадеме зрнеста храна, додека Персијците јадат малку и претпочитаат урми и леќа,
наспроти нашата „тл‘ста“ храна. Меѓутоа, јас сум набљудувал и лешеви на слаби
Гали – да, се среќеваат и такви – кои и покрај тоа што се хранеле умерено,
труповите им се распаѓаат еднакво брзо како и на дебелите им собраќа. Тоа ми
задава една задача...
Веќе ги беа см‘кнале ризите и
скапоценостите од телата, а само кај едно видов златен прстен. Решив да го
земам. Уште се припомнувам колку студена и тврда беше раката, додека со усилби
ги исправав прстите, кои беа свиткани во кафеав бокс. Се загледав во лицето на
мртовецот. Беше млад, немаше брада. Ме гледаше со очи светнат како да има
треска. Околу главата му зуеја муви.
-Воена пљачка – кажа Анатолиј, за да ме насрчи.
-Воен плен – му реков на мртвиот Персиец кога му ја пуштив раката. Телото
бапна на земјата. Мувите слетаа на неговото лице. Го носев прстенот до пред
неколку месеци, кога го загубив на бања. Во последно време сум ослабел и
прстенот едноставно исклизал во топлата бања. Се разбира, прислужниците никогаш
не ги враќаат пронајдените ствари.
Два дена подоцна, Јулијан ја премести војската до Абузата, персијанска
крепост на реката Тигар, на три милји од Ктесифон. Тука се расположивме во
логор. Следните дни никој од пријателите не го виде. Беше се затворил со
воените советници. Военоначалниците му беа со различни мненија. Некои сакаа да
се опседне Ктесифон. Други претпочитаа да се опкружи градот и да се продолжи со
завојувањето на Персија. Неколцина советуваа да се вратиме на римска
територија. Никој од нас не знаеше какви се плановите на Јулијан и дали воопшто
има планови. Ниту пак знаевме дека, додека бевме во командата на станот, тој
тајно пратил посланици кај Шапур. Треба да признаам дека, дури и да знаев, ќе
ми беше сеедно. Бев болен од дизентерија, како и половина од војниците во
логорот.
ЈУЛИЈАН АВГУСТ
30 Мај
Персисиките пратеници тукушто си отидоа. Ормузд е со нив. Седам сам во
шаторот. Надвор Калист пее некаква тажна песна. Многу е вруќина. Го очекувам
Максим. Ако се потегнам од Персија, великиот цар ми ветува дека ќе ми ја
отстапи цела Меспотамија северно од Аната; исто така, на своја сметка, повторно
ќе го изгради нашиот град Амида и ќе плати во злато и натура што и да посакаме,
за да ни ги исплати трошоците на оваа војна. Персија е победена.
Посланиците дојдоа кај мене тајно. Тие се држеа до тоа, јас исто така. Ги
доведоа кај мене како да се офицери заробени при некој Сараценски реид. Само Ормузд и јас знаеме дека беа
пратеници. Главниот посланик е брат на великиот везир. Тој се држеше потполно
достоинствено. Ако го прифатам договорот што ми го предлага, тоа ќе означува
дека сум освоил за Рим повеќе територии на исток од кој и да е војвода од
времето на Помпеј наваму. Сознавајќи го тоа, посланикот се чувствуваше должен
да се оддаде на персијанската реторика.
-Не заборавај ни за миг Августе, дека војската ни е побројна од песокот во
пустината. Една дума од големиот цар, и со тебе и твојата армија е свршено. Но
Шапур е милозлив.
-Шапур е исплашен – се јави Ормузд, со што ме радразни.
Претпочитам додека говори преговарачот, да го слушам со сосем безизразен
лик, за да не му дадам никаков указ за моите намери. Но, забележувам дека
Ормузд е невообичаено возбуден през последните неколку дена. Наспроти неговата
возраст, тој се биеше како млад кај Ктесифон. Сега гледа дека круната на
Персија е речиси во неговите раце и трепери од страв да не му лизне.
Сочувствувам со него. Сепак, мојата политика не се покрива „непремено“ со
неговата.
Ормузд им се потсмеваше на посланиците.
-Знам јас што се случува на дворецот во Ктесифон. Знам што се шепоти в
долгите сали зад вратите од слонова коска. Ништо од она што се случува меѓу вас
не е тајна за мене.
Тие зборови не беа празни прикаски. Шпиуните на Ормузд дејствително се
високопоставени лица на персискиот двор и тој разузнава неверојатни нешта.
Освен тоа, колку поголема територија освојуваме, толку растревожените дворјани
се посклони да го напуштат стариот цар и да си создадат добра положба при
возможниот иден цар. Но посланикот не беше од оние луѓе кои Ормузд можеше да ги
спечали.
-Во секој дворец има предавници, префекте – рече тој, користејќи римска
титула за Ормузд, а сетне се обрати кон мене. – А ги има и во секоја војска
Августе! Јас не ја признавав таа опасна вистина. – Но, великиот цар е милостив.
Тој го љуби мирот.. – продолжи посланикот.
Ормузд се изнасмеа театрално.
-Шапур се облекол во партали, земени од просјак. Си ја посипал брадата и
косата со пепел. Јаде на под како животно. Тој рида, оти знае дека деновите му
се одбројани.
Ормузд не преувеличуваше. Последните два-три часа чувме неколку
срцепарателни описи за очајот на Шапур после мојата победа. Тој има основа да
ја колне сопствената судба. Малкумина монарси биле толку понижени како него.
Посланикот ми го причита проектот на евентуалниот договор. Му заблагодарив.
Сетне му кажав на Ормузда да ги одведе преговарачите во шаторот на Анатолиј,
кој се наоѓа до мојот. Таму ќе чекаат додека го приготвам одговорот. Ормузд
сакаше да остане при мене и да ми зборува, но јас го натерав да иде со нив. Тој
уште не е цар.
Седнувам на леглото. Договорот е пред мене: два свитока – еден на грчки,
еден на персиски. Ги поставив еден до друг на лавовска кожа. Како да постапам?
Ако ги прифатам условите на Шапур, ме очекува голем триумф. Ако останам, не
може да имам една полна сигурност в успехот на опсадата на Ктесифон. Таквата
опсада положително би одзела многу време; можеби една година. А, јас не може да
отсуствувам од Константинопол толку долго време. Денес персиската војска не
претставува опасност за нас, но знае ли човек каква армија на бојното поле би
можел да мобилизира Шапур идната седмица, идниот месец?
На крајот од краиштата, се’ зависи од Прокопиј. Тој е на север, кај Безабде
во Кордуен. Барем така ми кажуваат. Од него не сум получил никакво известување.
Максим блескаше. Како и секогаш, тој веднага навлезе во суштината на „цуштендето“.
-Тој договор претставува победа: една провинција е окупирана, мирот
осигурен бар за ...
-Едно десетлетие
-Можеби и повеќе. Амида изградена наново. Цело состојание во злато.
Малкумина императори постигнале толку многу. Но всушност... – Тој ме погледна
замислено. – Само да ќариме половина провинција ли дојдовме толку далеку? Или
за да завојуваме половина свет? – Тој запре. Јас чекав. Како вистински филозоф
тој го обрна прашањето и го разгледа прво од една страна, после од друга.
-Не може да се одрече дека тоа е одличен одговор. За подобар никој друг не
би можел ни да сонува... освен ние, кои ги знаеме нештата, непознати за сите
останати. Самата Кибела тие вети победа. Ти си Александар, одново прероден и
поставен на земјата за да ја завладееш Азија. Ти немаш избор.
Максим е во право. Беговите не ме дотераа чак дотука само за да се вратам, како да сум некаков сараценски
вожд кој ги напаѓа границите. Ќе го отфрлам договорот со Шапур и ќе ја започнам
опсадата на Ктесифон. Штом ќе пристигне Прокопиј, ќе можам слободно да дадам
наредба за поход директно против Утринското сонце. Да, до домот на самиот
Хелиос, таткото од којшто произлегувам и кај кого треба да се вратам, овенчан
со слава.
Приск: Си слушнал ли некогаш поголеми глупости?
Само да бев знаел! Но никој од нас не знаеше што крои Максим, иако непрекинато
правеше намеци за нашите планови. Но
бидејќи никој не ги разоткри, сите бевме во „наведение“. Кога од командата на
станот се прочу шпекулацијата дека Шапур побарал мир, Јулијан тврдо демантираше
дека имал преговарачи и ние му поверувавме. Убеден сум дека, воколку
военоначалниците ги знаеја условите на договорот, тие ќе го принудеа Јулијана
да го прифати. Меѓутоа, Јулијан и Максим лажеа, како што лажеше и Ормузд, кој
не сакаше да ја загуби последната надеж да царува во Персија. Тројцата
пожелуваа војната да продолжи.
Од моментот на таа одлука, може натаму да се следи падот на Јулијан. Нешто
веќе не му врвеше од рака. Осврнувајќи се наназад, согледувам дека неговите
потези беа навистина дејствија на луд човек. Но тој во тоа време изгледаше
потполно нормален и никој од нас не се сомневаше дека заповедите му се разумни,
ниту пак сметаше дека во делата му имаше нешто невообичаено. Напросто
претполагавме дека има информации кои нам не ни се познати. Дури до последниот
ден, сите негови постапки ни се чинеа „сполучливи“. Наспроти тоа, воените команданти
гледаа се’ покритички кон него. Предавството се чувствуваше во воздухот.
XXII
ЈУЛИЈАН АВГУСТ
31 мај
…
No comments:
Post a Comment