ОКОЛУ НЕКОЛКУ ТРУДОВИ НА ДИМИТРИЈ ХОМАТИЈАН како историски материјал
[из „Византискаго Временника“,
С.-Петербург, том I (1894), стр. 319-340, том II (1895) стр.
1-23]
О некаторих трудах Димитриа Хоматиана, как
историческом материјале.
I
Почеток на
архиепископскиот мандат на Димитрија Хоматијан; време на пишувањето на неговото
писмо до севастот Григориј Камон, до севастот Јоан Плит, до епископот на Кроја
и до српскиот жупан. Значењето на тие писма за историјата на Србија, Епир и средна
Албанија
...На прашањето за тоа колку долго после тука означеното време кога
Димитриј ја оставил позицијата на хартофилакс и кога точно тој го зазел
бугарскиот архиепископски престол, ние наоѓаме „тепер“ доволно точни одговори
во неколкуте обелоденети ... писма, имено: во писмата до севаст Григориј Камон,
севаст Јоан Плит, до епископот на Кроја и српскиот велик жупан. Ние ќе
размотриме неколку подробности од тие, по многу односи, интересни документи,
објавени во Минхенскиот зборник.
Ќе започнеме со писмото кон севастот Григориј Камон, кое е поместено на
самиот почеток во споменатиот Зборник, под број 1. Тука имаме работа со еден
достаточно опстојателен канонски трактат, напишан од страна на Димитриј, што
претставува одговор на применото од страна на севаст Григориј Камон писмо, кое
што впрочем и е цитирано во почетокот на трактатот. Истиот почнува со следното
обраќање кон адресатот: „Тимиотате деспота му, хартофилакс тис агиотатис
архиепископис Вулгариас, кире Димитриас Хоматиане“. Писмо, значи, пишувано во
тоа време кога Димитриј бил се’ уште хартофилакс. Самото содржание на писмото е
вакво: севастот Григориј Камон, со законски образ и неговото слово, се развел
со својата жена, ќерка на арбанскиот архонт од родот Гино, „архонтос ту ‘Арвану
Гини ту прогону“, и стапил во нов брак со благородната Комнина, ќерка на
великиот жупан на Србија, господинот Стефан. Тоа се случило откако умел
претходниот маж на Комина, Димитриј, кој пак му бил роден брат на
гореспоменатиот архонт архонт Гино (ту
иримену Гини) т.е. на претходниот тест на Камон. Додуша, се нашле луѓе
коишто го осудувале овој брак, нарекувајќи го незаконит (атесмон). Тоа го поттикнало Камон да се обрати кон хартофилаксот
Димитриј со сопствено писмо, во кое он замолува да му се разјасни
благочестивиот закон и светите правила, легитимно ли е неговото сожителство со
Комина или не. После исцрпни иследувања на дотичниот вопрос, Димитриј доаѓа до заклучок дека вториот брак на севаст
Камон треба да се смета за законит.
На истото дело, посветени му се уште две одделни посланија на хартофилаксот
Димитриј Хоматијан: до севаст Јоан Плит (бр. 2) и кон Кројскиот епископ (бр.
3). Одговорот на севаст Плит (Плитос)
предимно се состои од толкување на евангелското слово – „будета два вё плот
едину“, на којшто главен образ и се засновале противниците на бракот на
Григориј со српската Комнина. Тие го сфаќале ова слово во таков смисол, според
кој произлегувало оти Комнина, по нејзиниот прв сопруг (братот на архонт Гино),
му паѓала родена тетка на Камон, поради неговата жена (ќерка му на Гинота). На
ваквото толкување Димитриј Хоматија му спротивставува друго толкување, со кое
се оправдува бракот за кој станува збор. Овде треба да се примети дека
Хоматијан го отпочнува разгледуваново писмо со следново обраќање кон адресатот:
„Пансевасте севасте ки ен Кирипсе игапимене ми, калисте аделфе кире Јоани
Плите“, и му додава не малку фамилиарни благожеланија: „се де ми еросо ипо
кириу фририменос“.
Одговорот на Кројскиот епископ, кој бил главниот противник на вториот брак
на Григориј Камон, ... е занимлив негде шестата колумна. Тој започнува со
велеречито настапление, исполнето со фалби и благодарности, од кои дознаваме
оти Димитриј, до кого порано доаѓале толку многу слуги од спомнатиот епископ, е
заслужен што го удостоил со внимание претходното писмо...
...
Во разгледаните од наша страна писма, ние наоѓаме мошне вредни историски
укажувања и намеци, чие разјаснение ќе следи понатаму, а овде ќе ги докоснеме
толку колку што е нужно за разјаснување на прашањето околу времето на пишување
на конкретните три писанија.
Нема сомнеж дека тука фигурирачката српска Комнина била ќерка на великиот
жупан Стефан Немања од неговата прва жена Евдокија Ангело-Комина, ќерка на византискиот
император Алексиј III (1195-1204). Извесно е дека Стефан се оженил со
Евдокија за време на царствувањето на нејзниот дедо, Исак II (1185-1195),
несомнено после походот преземен од страна на овој император против Србите во
1190 год. што е окончан со склучување мировен договор. Во првата петолетка на
царствувањето на Исак Ангел, Србија се наоѓала во сотојба на перманентна војна
со Византија. Најверојатно брачниот сојуз на Стефан со Евдокија бил склучен
бргу по окончувањето на споменатиот поход, а никако порано од 1191 г. Земајќи
го тој хронолошки минимум, и сходно на тоа годиштето на раѓање на, за нас
интересната, Комнина, доаѓаме до заклучок дека таа не може да се појавила на
светот пред 1192 г.
Според во тоа време постоечкото византиско право (кодот на Лав Мудриот и
Алексиј Комнин), девица можела да стапи во брак не порано од нејзината 13
година. Браковите склучени со девојчиња помали од таа возраст се сметале за
недејствителни... Во писмата што нас не занимаат, не се укажува на какви било
„возраженија“ од таа страна, а кои би се однесувале на српската Комнина, која
што, при стапувањето во првиот брак, би требала да има не помалку од 12 лета.
Додавајќи ја таа цифра на годината на нејзиното раѓање 1192, ние ја получаваме 1204, како минимална
временска рамка на првата мажачка на Комнина. Прилично точно може да се
определи и времето на најзиниот втор брак со севастот Григориј Камон, за што
повод дава читањето на преписките. Ние веќе знаеме оти севаст Григориј Камон,
севаст Јоан Плит, исто како и Кројскиот епископ, во моментот на преписката со
хартофилаксот Димитриј, престојувале во Кроја, која била една од главните
крепости во Арбана или Албана. Тоа опстојателство, оту тие се обраќаат за важно прашање кон бугарскиот, охридскиот
хартофилакс, укажува дека Арбанската област му се покорувала на господарот под
чија власт се наоѓала и Охридската област. Во спротивен случај, Кројскиот
епископ не би му придавал значење на хартофикасот на бугарската архиепископија,
од кој не бил зависен и до кого дотогаш не се обраќал. А, таквото политичко
обединение на посочените области во тоа време било сторено од страна на Теодор
Епирски и направено во првите години на неговото управување. Во врска со ова, у „Акрополити“ го читаме следново:
„Теодор (Ласкарис з.б.), стекнувајќи ја власта, значително ја раширил
својата власт: прибрал не мал участок земји од владенијата италијански и
такуѓере бугарски: завладејал со Тесалија, Прилеп, Албан и со самиот Драч.
Западните источници не оставаат сомнеж во тоа дека Драч веќе се нашол в раце на
Теодор кон крајот на 1216 год.
...
(М.С. Дринов „Трудови и сочиненија“ том I, LIBRARY – The institute of Mediaeval studies; TORONTO, Ontario 2011)
No comments:
Post a Comment