...
Во 1873 г. во Париз доаѓа на власт нова влада на чело со претседателот Мак
Махон. Макар што е републиканска, таа се карактеризира со својата десничарска
ориентација. Активна роља во неа започнува да игра војводата Деказ, приврзаник
на идејата за зближување со Русија. Тој набележува подробен конкретен план за
привлекување на Горчаков на француска страна. Планот предвидува некои
невообичаени дејствија кои што ја натфрлаат, за она време, општоприфатената
дипломатска практика, прибегнувајќи кон методите на шпионажа.
Францускиот премиер дук де Брои го одобрува планот на Деказ, след кое што
се пристапува кон негово исполнение. Самиот план се сведува на следното:
Французите научиле дека Горчаков мошне често го посетува ресортот Интерлакен во
Швајцарија, каде што тајно се среќавал со една дама – грофица, блиска до
француските владејачки кругови. Решавајќи да се исползува од тоа опстојателство,
де Брои во присуство на Деказ, му наредува на францускиот дипломат Шодорди да
се појави в Интерлакен во исто време кога е таму Горчаков, за да установи
потесен контакт со рускиот министер на пријателска основа и да го прерасположи
во духот на француската кауза. Веднага се пристапило кон исполнување на планот.
Во првите денови на август 1973 г. Шодорди се појавува во Швајцарија, каде
во текот на 15 дни насамо беседи со Горчаков. Мисијата на Шодорди изгледа обеќавачка. Поттикнат од тоа, през
јануари 1874 г. Деказ, кој во меѓувреме ја зазел функцијата министер за
надворешни работи, го назначува Шодорди за амбасадор во Берн, за овој и
понатаму да има можности за средби со рускиот канцелар. Истата година, Горчаков
неколкупати го посетува Интерлакен и секој пат се среќава со Шодорди. На тој
начин, француската дипломатија методично и целесообразно делува врз
раководителот на руската надворешна политика во духот на француските цели и
интереси. Тактичката задача на мисијата на Шодорди е да го поттикне руското ушравителство
кон официјални стапки и дејствија во заштита на Франција и на тој начин да
посее подозренија и недоразбирања во руско-германските односи. На пример, во оваа
смисла ги толкува усилбите на француската дипломатија грофот Андраши:
„Франција сега – пишува тој во едно писмо до австро-унгарскиот амбасадор во
Берлин – се грижи со сите возможни средства да ја предизвика и натера Русија
јавно да застане на нејзина страна во франко-германскиот конфликт како
заштитник на европскиот мир. Инсценировката
на една демонстративна посредничка роља на цар Александар II неизбежно би
предизвикала помрачување во руско-германските односи. На тој начи, во крајна
сметка, француската влада има за цел да ја оттргне Русија од Германија и да ја
привлече кон себе си“.
Усилбите на француската дипломатија не остануваат без резултат. Пред
францускиот амбасадор во Петербург Горчаков споделува оти, во последно време,
руско-германските односи започнала за заладуваат. Причината се должела на
недвосмилено изразениот руски став во Берлин дека Русија нема да допушти нов
германски напад врз Франција. Многу наскоро, француското правителство и на дело
добива официјална руска поткрепа. В почетокот на 1874 г. франко-германскиот
конфликт одеднаш реско ќе се заостри. По повод повиците на францускиот бискуп
од Нанси за враќање на Алзас и Лотарингија во границите на на Франција, Бизмарк
приредува жестоко масивна кампања во печатот, подготвувајќи почва за нова војна
со Франција. Во Германија почнуваат засилени воени подготовки. Рајхстагот
одобрува нови воени кредити. Тензијата на франко-германската граница расте со
секој изминат ден. Во тој критичен момент, француската власт со очајнички повик
се обраќа за помош кон великите сили.
Точно во разгорувањето на оваа политика криза, австро-унгарскиот император
Франц Јозеф и неговиот прв министер гроф Андраши се наоѓаат во руската
престолнина во званична посета. Горчаков и Андраши му се јавуваат на
францускиот амбасадор и даваат официјална декларација од името на Русија и
Австро-Унгарија дека ги осудуваат агресивните замисли на германското
правителство. Истовремено, тие го уверуваат амбасадорот оти нема да допуштат
нов разгром на Франција. В истата смисла реагира и Англија. Кралицата Викторија
му испраќа на Вилхелм I послание во кое, меѓу другото, се кажува дека
германски напад против Франција ќе има „плачовни последствија“. Тоа во Берлин
прозвучува како предупредување.
Категоричните позиции на трите велики сили во полза на Франција го
принудува Бизмарк да отстапи. Набргу антифранцуската кампања во Германува
почнува да стивнува. Оценувајќи ја политичката ситуација после колективниот
демарш на силите, Андраши пред францускиот амбасадор во Виена ќе рече: „Јас
мислам оти ударот, којшто сакаа да ви го нанесат, засега е париран“.
Реакцијата на силите во врска со франко-германската криза во 1874 г. е
мошне индикативна за Бизмарк. Тој е свесен дека, без Русија, Австро-Унгарија
никогаш не би се одлучила на таква дрскост – така отворено да и‘ се
спротивстави на Германија, а исто така оти англиските закани нема да вредат ни
пет пари ако не се синхронизирани со позициите на Петербург и Виена. Јасно е
дека главните невољи за Германија идат од страна на руската влада, поточно од
нејзиното нежелание како некогаш,
безрезерво да ја поткрепат германската политика кон Запад.
Во таква состојба, пред германскиот канцелар возникнува прашањето за
политичката рентабилност на Трицарскиот сојуз. Наместо да му служи како
средство за притисок врз Париз и респект во Лондон, во критичниот миг, тој се
покажува како препрека. Сојузот произвел спротивни ефекти од посакуваните,
помагајќи го зближувањето на Австро-Унгарија со Русија во името на една
конкретна цел, визави германските интереси. Бизмарковите партнери, кои порано
меѓу себе биле непријатели, почнуваат да градат заеднички фронт зад негов грб,
а во корист на Франција. Првите симптоми на таа неблагопријатна разврска се
појавуваат уште на самиот старт. Кога во септември 1872 г. во Берлин се
положуваа темелите на идниот сојуз, Бизнарк ги констатира првите знаци на
разногласие во триумвиратот. Разговорите, што тој одделно ги води со Горчаков и
Андраши, го прават мошне скептичен. Коментирајќи ги разговорите со двајцата
министри, тој подоцна признава дека по прашање на главниот в‘прос –
француско-германскиот конфликт – тој не успеал да се докопа пожелуваните
резултати. „Може отворено да се каже дека ние, всушност, не се разбравме“ – ќе
каже Бизмарк разочарано.
Понатаму, во процесот на градење на Сојузот на трите императори, а и потоа,
Бизмарк доживува нови разочарувања. Политичкото фијаско претрпено во почетокот
на 1874 г. се повторува на уште подрастичен начин следната година. И тогаш
иницијативата за заострување на франко-германските односи произлегува од
германска страна. Почетокот на новата антифранцуска кампања го означува еден
анонимен допис од Виена во весникот „Келнише цајтунг“. Во неа се соопштува за
засилени воени подговтовки во Франција, која веќе се готвела во најскоро време
да ја нападне Франција. Неколку денови подоцна, в одговор на виенскиот допис,
провладиниот весник „Пост“ ја објавува прочуената статија со тревожно заглавие
„Претстои ли војна?“. Откако ќе ја опише со најмрачни црти политичката
ситуација и ќе истури куп обвинувања на адреса на Франција, статијата завршува
со предскажувањето дека војната е неизбежна и ќе избувне за неколку дни.
Дотичната статија предизвикува верижна реакција во германскиот печат,
давајќи и’ силен импулс на воинствената антифранцуска пропаганда. Пред
обеспокоените странски дипломати, акредитирани во Берлин, кои поодделно сакаат
да разберат какви се намерите на Германија, Бизмарк одговара многу двосмилено.
Од една страна, тој тврди дека нема ништо заедничко со статијата во весникот
„Пост“, а од друга – ги споделува со неа објавените ставови за можностите од
нова војна. Димпломатите кои разговараат со него забележуваат дека
рајхс-канцеларот не е премногу изненаден од статијата. Речиси сите еднодушно го
споделуваат впечатокот оти статијата за „воен аларм“ во весникот „Пост“ е
инспирирана од него. Бизмарк не пропушта пред нив да истакне колку е опасно поведението
на Франција, која ја зголемила армијата од 100.000 на 150.000 души. Таа
нејзината постапка, според него, покажува дека Франција е решена да војува. Акцентирајќи
ја француската опасност, Бизмарк недвосмислено дава до знаење дека Германија ќе
преземе контра-мерки. Тој додуша не објаснува какви ќе бидат тие. Кога ја
карактеризира новосоздадената тензична ситуација, Бизмарк потцртува оти –
според него – нештата се движат кон војна. Воинствените му настроенија се
наѕираат зад често употребуваната фраза дека му мириса на барут.
За разлика од рајхс-канцеларот, началникот на германскиот генералштаб
Молтке е покатегоричен. Тој отворено изјавува дека војната е неизбежна и
Германија е принудена да го нанесе првиот удар. Фон Молтке директно се заканува
оти, ако Франција не го исполни германското барање да ја намали својата војска,
Германија ќе дејствува решително. Развивајќи ја својата позната теза за
превентивна војна против Франција, шефот на генералштабот ја дава следната
многузначителна изјава:
„Не ја посакува војната она држава која прва ја започнува, ами онаа која со
своите провокативни дејства ја принудува другата да се заштити преку извршување
атак“, затоа што, додава Молтке, „државата која ќе го нанесе првиот удар, ќе се
поштеди од многу непријатности“.
Поради изникната опасност, француската влада одново се обраќа кон Англија,
Австро-Унгарија и Русија, повикувајќи ги да ја одвратат Германија од намерите
за напад. И повторно, најголеми надежи се полагаат во Русија. Мак Махон со
патетичен глас изјавува пред рускиот амбасадор во Париз: „Јас ја ставам
Франција под покровителство на рускиот император“.
Руската власт со готовност ја прима улогата на заштитник и помирител. Пред
францускиот амбасадор во Петербург. Горчаков изјавува дека Русија ќе стори се’
за да го спречи новиот германски атак. Тој му соопштува на амбасадорот оти
царот има намера во блиска иднина да го посети Берлин, каде што ќе разговара со
Вилхелм I за тоа прашање. Од своја страна Горчаков ветува дека ќе дејствува над
Бизмарк.
Изјавите на Бизмарк го изразуваат официјалното руско становиште по повод
новонастанатата политичка криза во франко-германските релации. Загриженоста на
руската влада и нејзината цврста намера да се вмеша во полза на Франција зрачат
од следните думи на Горчаков: „ Нашата претстојна посета на Берлин – му пишува
тој на рускиот амбасадор во Германија – има за цел да ги смири страстите. Царот
е решен со полна отвореност да се објасни со кајзерот и крон-принцот. Јас исто
ќе дадам своја ‘лепта’ во моите беседи со Бизмарк. Ние никогаш нема да станеме
соучесници во случај тие да тргнат по пат различен од нашиот. Ние ќе се
постараме на Бизмарк да му дадеме до знаење дека неговата воинствена треска
нема да ги зголеми неговите приврзаници. На нашиот цар никако не му се аресаат
новостите за провокации и потстрекателства, кои во целосна спротивност со
нашата величествена цел за сочувување на мирот. Сега ќе ги набројам прашањата
кои ќе ги тангирам во разговорите со Бизмарк по тој в’прос“.
Уште пред царот и Горчаков да се појават во Берлин, по дипломатски пат,
Бизмарк е запознаен со руската позиција. Како резултат на тоа, кон крајот на
април 1875 г. антифранцуската кампања во Германија наеднаш нагло стивнува. Во
врска со настанатиот пресврт, францускиот министер за надворешни работи Деказ
му пишува на својот амбасадор во Петербург: „Љубезен генерале, ...сакам да ви
соопштам колку високо ја ценам од Вас пројавената енергија и Вашата смела
постапка, колку се за нас важни зборовите кои што пред вас ги кажал Неговото
Величество рускиот император и неговиот канцелар. Не се колебам, имено, ним да
им го припишам настапеното успокојување на духовите, како во Берлин така и кај
нас. Нашиот амбасадор во Берлин, кој ја сметаше положбата за мошне критична,
сега е на мислење дека опасноста минала ... уверен сум дека ние треба да и’
благодариме имено на Русија за нашето спасение. Ве молам, искажете му ја кому
треба нашата длабока признателност. Останува само Неговото Величество да го
зацврсти своето дело. Често сум Ви кажувал дека рускиот цар е арбитар на светскиот
мир... Се’ ќе зависи од неговата средба со кајзерот во Берлин... Нема сомнение
дека патувањето на царот во Берлин за нас е благопријатно и дека треба од него
да имаме корист“.
Како што се гледа од горенаведените думи на францускиот министер,
француската власт сама си проценува оти најсуштествена заслуга за одвраќање на
новата војна има Русија. Но, и Англија исто така мошне активно се вклучува во
помирителна акција. Новата конзервативна влада начело со Дизраели лорд
Биконсфилд, која доаѓа на власт 1874 г. е од старт мошне лошо настроена кон
Германија. Една од нејзините главни грижи е да не допушти понатамошно растење
на германската хегемонија в Европа. Англиското управителсво е обеспокоено од
создавањето на Трицарскиот сојуз. Во согласност со традиционалната политика да
не дозволи голема сојузна политичка формација на Континентот, која неизбежно би
била спротивна на англиските интереси, Дизраели си поставува за задача по
секоја цена да го минира и разруши сојузот меѓу Германија, Австро-Унгарија и
Русија. Франко-германскиот конфликт му нуди добри можности во тој однос. Веднаш
штом дознава за намерата на Русија да застане зад Франција, англискиот кабинет
се приклучува кон рускиот дипломатски демарш. Англискиот министер за надворешни
работи му наложува на својот амбасадор во Берлин ди ги вложи сите сили за мирно
уредување на франко-германскиот конфликт. „Предполагаме – пишува Дерби во
својата инструкција – дека рускиот император ќе говори во тој смисол за време
на неговиот престој во Берлин. Ако тој го стори тоа, Вие треба својски да го
поткрепите, во име на мирот“.
Така, франко-германскиот конфликт од 1875 г. доведува до зближување и
еднодејствие на традиционалните соперници по Источното прашање – Англија и
Русија. Рускиот амбасадор во Лондон соопштува дека во англиската престолнина
чул задивувачки ласкави зборови на
адреса на Русија и дека напросто не може да им поверува на ушите. Англиските
дипломати велеле дека англо-руската соработка в Европа е многу повежна од
англо-руските разногласија во Азија. А, царот ова коминике на рускиот амбасадор
го искоментирал со зборовите: „Да, таа услуга ни ја направи Бизмарк“.
Кога царот и Горчаков кинисуваат на пат за Берлин за да ја исполнат својата
мировна мисија, англискиот амбасадор е ополномоште да им изјави дека „Англија е
готова да и’ ја даде на Русија сета британска помош за обуздувањето на
Германија“. Австро-Унгарија исто така се присоединува кон дипломатската акција
на двете држави. На 20 април, Андраши јавно ги осудува агресивните намери на
Германија. Тој ја уверува француската власт оти Австро-Унгарија има желба да ја
поткрепи француската кауза. Меѓутоа, овој пат виенското правителство е
попретпазливо во однос на своите ветувања за содејство. Бизмарк благовремено
узнава за позитивниот однос на виенскиот кабинет кон Париз и реагира мошне
остро. Австро-унгарскиот амбасадор во Берлин известува дека Бизмарк е збеснат
од понашањето на Андраши и се
заканува оти, ако се реши да војува, првин ќе тргне кон Виена, а потоа кон
Париз. Има информации според кои кон средината на месец март, во Берлин се
разгледувала варијанта за пресметка со Австро-Унгарија, во случај таа отворено
да застане зад Франција. Германскиот генералштаб дури за таа цел определил
400-илјадна армада.
Сето тоа го принудува Хабзбург да биде повоздржан. Од страв да не го
навлече гневот на „железниот канцелар, Виена само се солидаризира со дејстијата
на Русија и Англија, без да преземе никакви конкретни дејства.
На крајот на краиштата, Бизмарк и овој пат е принуден да отстапи. На 10 мај
1875 рускиот цар и Горчаков се појавуваат в Берлин, во исполување на својата
мировна мисија. Царот изјавува пред Вилхелм I и Бизмарк оти загриженоста на Франција не
може да бидат основа за напад од германска страна. За големо удоволствие на
царот, неговите германски домаќини го уверуваат дека тие воопшто немаат такви
намери. Бизмарк целата вина за создадените тензии во франко-германските односи
ја фрла врз француската влада и лично врз францускиот шеф-дипломат Деказ, кој
создавал интриги, за да ја озлогласи мирољубивата германска политика. Што се
однесува до медиумската кампања во Германија, тој ги обвинил војниците од
германскиот генералштаб на чело со Молтке, кои навистина бил голем воин, ама
ништо се се разбирал од политика. Неговите наивни идеи за превентивен удар биле
несериозни и воопшто не требало да им се обрнува внимание. А што се однесува
лично до него, Бизмарк со патос го убедувал царот оти никогаш немал намера да
ја нападне Франција. Таква мисла била толку апсурдна, што ако некој му ја
припишувал изгледа го сметал за луд.
Задоволен од настанатата разврска, Горчаков до руските дипломатски
претставници ја испраќа следнава телеграма: „Имераторот го напушта Берлин
наполно уверен во овдешните мирољубиви намери, кои што го гарантираат
зачувувањето на мирот“. Таа депеша силно го раздразнила Бизмарка. Таа, според
него, создала впечаток дека имено руското вмешување ја натерало Германија да се
откаже од намерата да војува. Германскиот канцелар имал основа за едно такво
толкување, зашто односната телеграма во германскиот печат е објавена изопачено,
со поразлична нијанса – во смисла дека „од тој момент натаму“, т.е. после
посетата на царот во Берлин, мирот е осигурен. Возможно е текстот на
телеграмата смислено да е фалсификуван во германскиот печат, оти тој му дава на
Бизмарк удобен формален предтекст за напади против Горчаков. Бизмарк буквално
го засипува рускиот министер со остри укори, дека сакал да претстави како
спасител на Франција: „Ако Вам толку ви е ‘непремено’ да се прославите во
Париз, тогаш не мора заради тоа да ги рушите нашите односи со Русија“.
Продолжувајќи со обвинувачката тирада в истиот дух, тој додава многузначително:
„Вие, разбира се, нема да имате можност да се радувате на тоа дека сте
ризикувале да ја загубите нашата дружба заради празното задоволство на
сопственото ‘штестлавие’.“
Тие заплашувачки зборови на Бизмарк, изкажани во предвечерјето на
востанието во Босна и Херцеговина, прозвучуваат како злонамерна прокоба...
БИЗМАРК МЕЧТАЕ ЗА ЕКСПЛОЗИЈА НА ИСТОЧНОТО ПРАШАЊЕ
...
(изд. АКАДЕМИЧНО ИЗДАТЕЛСТВО Проф. „МАРИН ДРИНОВ“, Софија – 1996 година)
No comments:
Post a Comment