Monday, October 31, 2016

АНДРЕ ЖИД: Ковачи на лажни пари

Дел втори
СААС ФЕ

3
... Романот никогаш не ја запознал онаа „ерозија на контурите“ за која што зборува Ниче, и она намерно оддалечување од животот што им го овозможува стилот на творбите на древногрчките драматици, на пример, или на трагедиите на францускиот XVII век. Дали знаете нешто посовршено и подлабоко човечко од овие дела? Ама, токму она е човечко што е длабоко; што не се стреми да изгледа така, или барем да изгледа стварно. Таквото нешто останува уметничко дело.
Едуар беше се кренал простум, и со голем страв да не изгледа дека сака да држи предавања, зборувајќи налеваше чај, потоа одеше, цедеше лимон во својата чаша, ама сепак продолжуваше:
-Затоа што Балзак беше гениј, и затоа што секој гениј се чини му дава на своето дело едно конечно и исклучиво решение, се заклучи дека својството на романот е да му прави „конкуренција на граѓанското општество“. Балзак го изгради своето дело; ама тој никогаш не беше со намера да го озакони романот; неговата статија за Стендал го покажува тоа јасно. Натпревар со граѓанското општество! Како да нема веќе доволно мајмуни и простаци на светот? Каква врска имам јас со состојбата на граѓанското општество! Состојбата сум јас, уметникот; граѓанско или не, моето дело претполага со ништо да не се натпреварува.
Едуар се распламти, малку престорно можеби, и пак седна. Се правеше оти воопшто не го гледа Бернара; ама, секако нему му зборуваше. Сам со него, тој не ќе знаеше ништо да каже; им беше благодарен на двете жени што го поттикнуваа.
-Понекогаш ми се чини ништо не ме восхитува во книжнината толку како, на пример, кај Расин, расправата со Митридат и синовите; познато ми е и сосема јасно оти еден татко во никој случај со синовите не можел да разговара, а сепак (можам и треба да го кажам: дотолку повеќе што) сите татковци и сите синови можат да си се препознаат. Кога го оправдува на нешто местото и кога именува некого, човек се ограничува. Постои само посебната, личната психолошка вистина, тоа е точно; ама уметноста може да постои само како општа. Единственото отворено прашање е токму во тоа, да се објасни посебното преку општото. Дозволувате ли да го запалам лулево?
-Повелете само, повелете, - рече Софрониска.
-Така, да! Би сакал роман што ќе биде истовремено и толку вистинит и толку оддалечен од стварноста, и толку посебен и толку општ истовремено, и човечки и измислен, колку Атали, колку Тартиф, или колку Сина.
-А... темата на тој роман?
-Ја нема, - продолжи отсечно Едуар и можеби тоа е начудното во него. Мојот роман нема тема. Ох! Знам, изгледа смешно кога го велам тоа. Да кажеме, ако така претпочитате, ќе нема една тема... „Еден пресек на животот“, вели школата на натуралистите. Главната мана на оваа школа е што сече постојано само воедна насока, во насока на времето, во должина. Зошто не во широчина? Или во длабочина? Ако е до мене, јас не би сакал никако да пресекувам. Разберете ме: би сакал се’ да влезе во мојот роман, без ножици за да ја пресечем, овде или онде, неговата суштина. Повеќе од една година работам на него, и не ми се случува ништо што не би го ставил внатре, или што не би сакал да влезе: она што ќе го водам, она што го знам, сето што ќе го научам за животот на другите и од мојов...
-И, сето дотерано? – рече Софрониска, преправајќи се дека најживо внимава, ама несомнено со малку подбив. Лора не можеше да задржи една мала усмевка. Едуар лесно ги поткрена рамената и продолжи:
-Кутар пријателе, вие ќе сторите да ви испоумираат од здодевност вашите читатели, - рече Лора; не можеше повеќе да ја крие усмевката, та се реши навистина да се насмее.
-Никако! За да го постигнам тој силен впечаток, следете ме, јас измислувам еден јунак – романописецот, што го клавам како стожерен лик; и темата на книгата, ако сакате, токму е борбата помеѓу она што му го дава стварноста, и она што е со намера, тој лично да го стори со неа.
-Да, да; наѕирам, - рече учтиво Софрониска, што беше близу да ја префати смеата на Лора.
-Сево може да биде доволно занимливо. Ама, знаете, во романите секогаш е гибелно да се претставуваат умствениците. Тие им се здодевни на читателите; човек успева да им стави в уста само будалаштилаци, а тие пак на сето што ги засега, му придаваат некако одвлечен израз.
-И, потоа, убаво гледам што ќе се случи! – извика Лора.
-Во тој писател вие не ќе можете инаку да сторите, туку да се насликате себеси.
Таа од пред некое време му зборуваше на Едуара со некаков подбив во гласот што ја учудуваше и самата неа и што го исфрлаше од седло Едуара, дотолку повеќе што тој го забележуваше одблесокот во пакосните погледи на Бернара. Едуар се противстави:
-Ама, не; ќе се погрижам да го сторам толку непријатен.
Лора се запали:
-Токму така: и, секој ќе ве препознае, - рече таа смеејќи се со толку искрена смеа што во неа ги вовлече сите тројцата.
-А дали е стокмен нацртот на вашата книга? - праша Софрониска трудејќи се да си ја поврати сериозноста.
-Се разбира дека не.
-Како тоа, се разбира не?
-Треба да разберете дека да се сочини нацрт за една таква книга во суштина е неприфатливо. Сето во неа ќе биде лажно ако го предвидам. Чекам стварноста да ми диктира.
-Ама, јас мислев оти вие мислевте да се оддалечите од стварноста.
-Мојот писател би сакал да се оддалечи од романот, ама јас постојано ќе го враќам. Право да ви кажам, ете, тоа ќе биде темата: борбата помеѓу дејанијата што ги предложува стварноста и совршената стварност.
Бесмисленоста на неговиот разговор беше очевидна и паѓаше в очи толку мачно.
 ...
(стр. 197-201)
Проект: ПРЕВОД НА ЛИТЕРАТУРНИ ДЕЛА ОД АВТОРИ КОИ ДОБИЛЕ НОБЕЛОВА НАГРАДА (1947 год.) НИД МИКЕНА Битола 2009
Прев. Благоја Велковски – Краш

Thursday, October 27, 2016

Ернест Ренан: ЖИВОТОТ ИСУСОВ

Глава VI
РАЗВИТОК НА ИСУСОВИТЕ ИДЕИ ЗА ЦАРСТВОТО БОЖЈЕ

…U svetu ovakvom kakav je, zlo vlada. Satana je “car ovoga sveta” i njega sve slusa. Kraljevi ubijaju proroke. Svestenici i ucenjaci ne cine ono sto zapovedaju drugima da cine. Pravedni su progonjeni i jedini udeo dobroga je da place. “Svet” je na taj nacin neprijatelj Boga i njegovih svetaca; ali Bog ce se probuditi i osvetiti svoje svete. Dan je blizak, jer gnusoba je dostigla vrhunac. Doci ce red na vladavinu dobra.
Dolazak te vladavine dobra bice jedna velika nagla revolucija. Svet ce izgledati obrnut; posto je sadasnje stanje rdjavo, da bi se buducnost predstavila, dovoljno je shvatiti otprilike suprotno od onoga sto postoji. Prvi ce bidi posljednji. Jedan novi red upravljacе covecanstvom. Dobro i zlo sad su smesani kao korov i dobro zrno na njivi. Gospodar ih pusta nek rastu zajedno; ali dan naglog odabiranja doci ce. Carstvo Bozje bice kao bacanje velike mreze koja pokupi dobru i rdjavu ribu; dobra se odvaja u krcage, a ostalo se baca. Klica te velike revolucije najpre ce biti neprimetna. Bice kao zrnce gorusice, najmanje od zrnevlja, ali koje baceno na zemlju postaje drvo u cijem se hladu ptice odmaraju; ili ce biti kao kvasac koji zamesen u testo, cini da se testo digne. Niz parabola, cesto mracnih, imao je cilj da izrazi iznenadjenje tog naglog dolaska, njegovih prividnih nepravdi, njegovog neizbesnog definitivnog karaktera.
Ko ce oznovati tu Bozju vladu? Setimo se da je prva misao Isusova, misao tako duboka kod njega da verovatno nije primljena, nego je proizilazila iz samog korena njegovog bica, bila da je on sin Bozji, poverenik svog Oca, izvrsitelj volje njegove. Odgovor Isusov, na takvo jedno pitanje, nije mogao biti sumnjiv. Ubedjenje kako ce on uciniti da Bog zavlada, potpuno je obuzelo njegov duh. On je sebe smatrao za sveopsteg reformatora. Nebo, zemlja, cela priroda, ludilo, bolest i smrt za njega su samo orudja. U svom nastupu herojske volje, on se smatra svemocnim. Ako se zemlja ne podvrgne toj krajnjoj preobrazbi, ona ce biti smrvljena, ociscena plamenom i dahom Bozjim. Novo nebo bice stvoreno, i ceo svet bice naseljen bozjim andjelima.
Potpuna revolucija, koja obuhvata sve, pa i samu prirodu, takva je dakle bila osnovna misao Isusova. Od tada, bez sumnje, on se odrekao politike; primer Jude Golonita pokazao je uzaludnost javnih pobuna. Nikad on nije pomislio da se dize protiv Rimljana i tetrarha. Neobuzdano i anarhicno, nacelo Golonita nije bilo njegovo. Njegova pokornost ustaljenim vlastima, podsmesljiva u stvari, bila je potpuna u formi. On je placao danak Cezaru da ne sablazni. Sloboda i pravo nisu od ovoga sveta; nasto mutiti zivot izlisnim osetljivostima? Preziruci zemlju, ubedjen da vidljivi svet ne zasluzuje da se o njemu stara, on se sklanjao u svoje idealno carstvo; osnivao veliku doktrinu transcedentnog prezira, pravu doktrinu slobode dusa, koja jedina daje spokojstvo. Ali on jos nije bio rekao: “Carstvo moje nije od ovoga sveta”. Mnogo mraka mesalo se u njegove najpravije poglede. Ponekad cudna iskusenja prolazila su mu duhom. U Judejskoj pustinji Satana mu je predlozio carevajne na zemlji. Ne poznavajuci snagu rismkog carstva, on je mogao, na osnovu odusevljenja koga je bilo u Judeji i koje je on ubrzo posle dovelo do uzasnog vojnickog otpora, mogao je - velim - uzdati se da ce osnovati carstvo pomocu smelosti i broja svojih pristalica. Vise puta mozda doslo je preda nj najvise pitanje: Dali ce carstvo bozje ostvariti silom ili blagoscu, pobunom ili strpljenjem? Jednoga dana, vele, prosti ljudi iz Galileje htedose da ga uzdignu i nacine carem. Isus pobeze u goru i ostade tamo neko vreme sam. Njegova lepa priroda sacuvala ga je zablude koja bi od njega nacinila jednog agitatora ili vodju ustanka, jednog Teuda ili Varkokeva.
Revolucija koju je on hteo bila je uvek moralna revolucija; ali jos on nije dospeo do toga da se za izvrsenje pouzda u andjele i trubu strasnog suda. Na ljudima i pomocu samih ljudi, on je hteo da deluje. Jedan vizioner koji ne bi imao drugih ideja sem blizine strasnog suda, ne bi se toliko brinuo o popravljanju ljudi, i ne bi osnovao lepo moralno ucenje koje je covecanstvo dobilo. Mnogo nejasnoga bez sumnje je ostajalo u njegovoj misli i plemenito jedno osecanje, mnogo vise nego opredeljena namera, gonilo ga je uzvisenom delu koje se stvaralo pomocu njega, mada na nacin vrlo razlican od onog koga je on zamisljao.
Odista carstvo Bozje, hocu da kazem carstvo duha, on je osnivao, i ako Isus iz nedara svoga Oca vidi kako delo njegovo donosi plodove u istoriji, odista moze istinito reci: “Eto sta sam ja hteo”. Doktrina slobode dusa - nju je eto Isus osnovao i ona ce, kad se izuzmu nesavrsenosti koje se mesaju u sve sto je covecanstvo ostvarilo, ostati vecito. Grcka je vec u tom predmetu imala lepih misli. Vise stojika naslo je nacina da budu slobodna pod tiraninom. Ali uopste uzev, stari svet zamisljao je slobodu vezanu uz izvesne politicke forme; slobodjnaci su se zvali Harmodije i Aristogiton, Brut i Kasije. Pravi hriscanin mnogo vise je oslobodjen svakog lanca; on je ovde jedan prognani; njemu nije stalo do prolaznog gospodara ove zemlje koja nije njegova otadjbina. Sloboda za njega jeste istina. Isus nije dovoljno poznavao istoriju da bi razumeo koliko je ta doktrina dolazila u svoje vreme, u trenutku kada su se republikianske slobode primicale kraju i kada se mali opstijnski ustavi antickog doba izdisali pod rimskim jedinstvom. Ali njegov divotni zdravi razum i odista prorocki smisao koji je imao o svojoj misiji, vodili su ga ovde sa cudesnom sigurnosti. Onom reci: “Podajte caru carevo, a Bogu bozje” on je stvorio nesto politicki strano, utociste za duse usred carstva surove snage. Zacelo, jedna takva doktrina imala je svoje opasnosti. Postaviti u nacelu da za poznavanje zakonite vlasti treba pogledati na novac, objaviti da savrsen covek placa porez iz nipodavastavanja i bez pogovora, znacilo je unistiti republiku na starinski nacin i pomagati sve tiranije. Hriscanstvo je, u tome smislu, mnogo doprinelo da se oslabi osecanje duznosti u gradjanina, i svet preda apsolutnoj vlasti gotovih cinjenica. Ali obrazovavsi ogromno slobodno udruzenje, koje je za vreme od 300 godina, znalo biti bez politike, hriscanstvo je obilno naknadilo nepravdu sto je ucinilo gradjanskim vrlinama. Moc Drzave bila je ogranicena na stvari ove zemlje; duh je oslobodjen ili bar strahoviti liktorski snop rimske svemoci bio je skrhan zanavek.
Covek narocito zauzet duznostima javnog zivota ne prasta drugima kada ovi nesto stave iznad stranackih svadja. On kudi narocito one koji drustvena pitanja uzdignu nad pitanjima politickim, i ispovedaju prema ovim neku vrstu razmnodusnosti. On ima prava u izvesnom smislu, jer svaki isklucivi pravac stetan je dobrom upravljanju ljudskih stvari. Ali kakvom su napretku doprinele stranke kad se tice opste moralnosti nase vrste? Da je Isus, umesto sto osniva svoje nebesko carstvo, otisao u Rim, istrosio se kujuci zavere protiv Tiberija ili zaleci Germanika, sta bi bilo od sveta? Strogi republikanac, revni patriota, on ne bi zaustavio veliku struju poslova svoga veka, dok je objaviv neznacajnost politike, on svetu otkrio tu istinu da otadjbina nije sve, i da je covek prethodnik gradjanina i visi od njega.
Nasa nacela pozitivne nauke vredja udeo snova koje program Isusov sadrzi. Mi znamo istoriju zemlje; revolucije u rodu onih koje je Isus ocekivao desavaju se samo iz geoloskih i astronomskih razloga, kojima se nikada nije utvrdila veza sa stvarnim moralnim. Ali da bi covek bio pravedan prema velikim tvorcima, ne treba se ustaviti na predrasudama koje su oni mogli deliti. Kolumbo je pronasao Ameriku polazeci od vrlo pogresnih ideja; Njutn je verovao da je njegovo ludo tumacenje Apokalipse isto izvesno kao njegov sistem sveta. Hocemo li nekog osrednjeg coveka naseg doba staviti iznad Fransoa Asiskog, svetog Bernara ili Jovanku od Arka, ili Lutera, jer nema zabluda koje su ovi ispovedali? Hocemo li meriti ljude po pravilnosti njihovih ideja u fizici i njihovom manje ili vise tacnom poznavanju pravnog sistema sveta? Razumejmo bolje Isusov polozaj i ono sto cini njegovu snagu. Deizam XVIII veka i izvestan protestantizam svikli su nas da osnivaca hriscanske religije smatramo samo kao velikog moralistu, covecanskog dobrotvora. Mi sad u Jevandjelju vidimo samo dobre maksime: mi bacamo smotren veo na cudno intelektualno stanje u kome je ono postalo. Ima osoba koje takodje zale sto je Revolucija francuska vise no jednom izasla iz principa i sto je nisu izvrsili mudri i umereni ljudi. Ne namecimo nase sitne programe razboritih gradjana onim neobicnim pokretima tako mnogo iznad naseg stasa. Divimo se i dalje “moralu Jevandjelja”…


(изд. И. Ѓ. Ѓурѓевиќ, Белград-Сараево 1921)

Monday, October 24, 2016

Артур Смит: СПОМЕНИ ОД МАКЕДОНИЈА

Последната битка на четата
           
Кога тргнаа, во далечината се слушаа нивните насрчителни викотници. Сега тие додадоа и пронижувачки, отсечни повици, кои ги проткајуваа со крвожедни звучни бранови. „Алах, Алах, ил-ил Алах“ – крештеа и не сопираа. Од време на време, во таа шумна суманатост, се разликуваше думата „дин, дин, дин“ која тие непрекинато ја повторуваа. Тоа значи „убивај“. Офицерите беа искочени напред и ги водеа со соголени сабји. Тиха насмевка се искрадна на лицето на Милев, кога тој ја дигна свирката до усните. Следуваше долг трепетлив тон.
Целата долина грмеше од грохотот на плотуните. Четниците стрелаа куршум по куршум. Чув мажи околу мене кои се молат усрдно на Дева Марија, на Христа, ударниците да не им засекуваат, кога ги исфрлаат гилзите. Тие се молеа на висок глас, а еден маж отпозади пцуеше низ солзи кога затворачот на пушката му се блокираше. Плачејќи од јад, тој ја фрли пушката наземи, го зеде револверот, се потпре на скалата пред него и започната да стрела куршум по куршум на Турците.
Аскерите беа сопреле, неподвижни, кога видоа дека спроти нив има 60 непоколебливи мажи кои стрелаат со трескавична брзина. Она што го гледаа беше една непрекината струја од чад.
Многу често и не ја виѓаваа. Офицерите ги караа да настапуваат, ги биеја со сабјите, ги „увештаваа“. Тие беа толку блиску, што ние дури и ги слушавме. Но сето тоа немаше никакво значење – тие се обрнаа и побегнаа. Дожд од куршуми се истураше врз нив од три страни, раскршувајќи ги нивните цепнати редици, удирајќи се од скалите, им ги соборуваа фесовите, им ги пробиваа главите. Тие беа како избезумени.
Некои од подрските четници ја прескочија стената пред себе си и се втурнаа кон бегачкиот враг, но Милев им заповедаше да се вратат. Наспроти тоа, кога Турците стигнаа на безопасно растојание, Милев на некои им нареди да појдат и ги довршат ранетите, до кои можеа да се доберат. Кога го свршиме и тоа, чекавме самозадоволно. Беше малку после доручек, денот беше пред нас.
Кога аскерите со добраа до прибежиштето од другата страна на долината, запреа. Низ двогледот можеше да се види како војниците се тркалаат на земја како уморни пцишта. Офицерите разговараа, а ординарците обиколуваа наоколу. Еден се насочи кон гората и тревожно го збодна коњот натака. Малку потоа Милев, кој не го одвраќаше погледот од нивните дејства, извика и кога погледнав, видов колона од товарни коњи како излегуваат меѓу дрвјата. Тие изгледаа безопасно. Но, сенка ја помрачи насмевката на Милев.
-Тоа е орудието – кажа тој. –Се надевав дека нема да можат да го протераат низ проходите. Сега ќе загубиме некои од луѓето, Смит.
Група артилерци, кои се вратија со коњите, започнаа да ги склопуват деловите на топот. Наскоро тие имаа малокалибарско планинско орудие, инсталирано на една височинка. Очигледно Турците беа решиле топот да го реши спорот. Таму каде што очекуваа да сретнат отпор од шепа вооружени селани, им се спротивставуваше една голем чета со рововски утврдувања, чија што издржливост не ја знаеја. Бидувајќи претпазливи, тие повеќе не желееја да ризикуваат. Тоа беше необичен начин на војување, таков што противниците не разменија никакви комуникации. Немаше никакви писмени барања, ниту повик да се предадат. Ниедна од страните немаше достаточно доверба во другата.
Заморот којшто ги беше обзел аскерите најпосле пројде и една група од нив се собра околу артилериското орудие, набљудувајќи ги подготовките на артилерците. Не треба да се мисли дека тоа се случуваше во потполна тишина. Од време на време, се слушаа истрели и од двете страни. Неколку Турци беа повалени, а еден од нашите се одвлече назад со прострелана рака. Групата околу топот се распрсна. Орудието биеше: Трас, трас, трас! Ехото пукаше на долж и на шир по долината. Целата претходна стрелба изгледаше како детска игра во споредба со овие плотуни. Тие продолжуваа без прекин, артилерците го опслужуваа орудието во рекорден рок. Група луѓе приаѓаа до топот со муниција и потоа притрчуваа кон гората за уште.
За секунда се подзамислив што значеше сето тоа. Во кого стрелаат овие? Оти тие не стрелаа во нас. Погледнав нагоре. Некаква бела топка меѓу земјата и сонцето леташе кон нас. Таа се воспламени, исфрлајќи жолт дим и дожд од сребрен град, проблесна в миг и падна врз рововите со страшен тресок. Тоа беше еден ужасен звук, којшто не тераше да затрепериме. Уште пожесток беше кога ги поразуваше телата на луѓето.
Ова продолжи долго време. Немаше спасение од баражот кој гаѓаше во целта. Воспалувајќи се над нашите глави, малите куршуми паѓаа како град зад нашите ровови. За среќа, Турците не беа многу точни стрелци, зашто немаа достаточно практика. Откако ни покажаа за што е способно нивното орудие, кое не кошташе двајца комити, тие направија уште неколку обиди да го дигнат во воздух укрепувањето што го изградивме.
Баражот успеа да сруши дел од него, но пострашни беа шрапнелите, кои беа беспогрешно точни.
По 10 минути, Милев даде сигнал за повлекување – три куси свирежи. Аскерите веќе настапуваа, покривани од артилеријата. Кога видоа како четниците почнуваат да излегуваат од рововите, аскерите почнаа да крештат и се з‘гнааа по нас. Без сомнение, тоа беше „развлечение“ за нив. Ги зајакнавме позициите во проходот, додека еден мал одред остана да брани ако аскерите почнат да напаѓаат, а ние се извлековме кон следната крепост.
Времето напредуваше. Поручекот не се покажа многу пријатен. Безмалку романтичната страна на битката избледна и остана потешкиот дел од работата. Се потевме и ругавме, раните ни крвареа, а луѓето умираа. Дојде момент кога и јас добив „удовлетворение“, кога некој од аскерите ќе се исправеше напред – пронижан од куршум. Ако не се исправеше напред, тие паѓаа назачки на ист начин, или ќе се извртеа и ќе свлечеа наземи. Отпрвин ти се гади, ама потоа свикнуваш и дури се радуваш, затоа што се работи за твојот враг.
При втората крепост, аскерите беа исправени пред поголеми тешкотии, наспроти тоа што не загубија многу луѓе. Тие сфатија дека претпазливоста е од полза и се раководеа од тоа сознание. Но, тоа беше донекаде обезвреднето, бидејќи кривулестиот тесен проход го омаловажуваше нивниот топ. Наместо да атакуваат отворено и умешно, како при првиот напад, тие се движеа со куси прибежки, при што еден вод го покриваше другиот. Таа современа тактика ја беа научиле од германските инструктори.
Беше веќе доцна попладне кога ја напуштивме и втората крепост, но загубивме околу дузина луѓе и бевме доста малаксани. Турците беа уште поизнемоштени, зашто од нив се изискуваше повеќе сила при качување. При третата крепост, си починавме околу еден саат, додека тие го преместуваа топот на нова позиција – нагоре во проходот, в едно нише во скалата, од каде целиот врв беше на дофат. Се готвеа за последниот штурм.
На третата крепост се биевме машки. Наредбата беше да го браниме до последна минута. Четниците го сфатија тоа буквално и стоеја зад скалата и дрвата се’ дури првиот од аскерите не ја прескокна. Веќе следниот миг започна директен бој. Бајонет се удираше во бајонет и макар што Турците беа во поизгледна положба со долгите маузери, тие беа одбиени. Борбата беше жестока, повеќе од тоа што можеше да се поднесе. Човек може да ја набљудува битка отстрана и да го гледа „зрелишното“ во неа, меѓутоа кога студената стома ќе заигра и кога луѓето ќе се фатат за гуша во стремеж да го збрцаат бајонетот еден во друг, тоа веќе е претерано крваво за да биде пријатна глетка.
Со сабја во едната рака и револвер во другата, Андреј се фати со еден огромен лајтнант, кој со еден великолепен скок беше ја прескокнал крепоста. Додека се бореа за простор, за да извадат сабја или штик, Милев го застрела аскерот. Убавиот Петар со коса развеана од ветрот, крстоса со бајонетот еден еластичен Сириец. Беше прашање на умешност и четникот победи. Насекаде околу мене се водеше „ракопашен“ бој. Милев се биеше со капетанот кој го беше повел атакот, а в исто време застрела еден наредник. Во тоа време, орудието почна да блуе повторно и ние прејдовме во повлекување, откако претходно ги исчистивме сите аскери зад укрепението.
Не треба да се смета дека сето тоа мина без загуби на четата. Ние плативме за секое наше дејствие и тоа доста скапо. Дали тоа беше судбина или напросто се должеше на поголемата умешност, не знам, но – нашите загуби беа на страната на селската милиција. Неколкумина за мене непознати четници беа убиени, но никој од нашата група не беше тешко ранет.

Кога стасавме до врвот на проходот, сонцето веќе почна да се затскрива зад падините.

Thursday, October 20, 2016

ЈУЛИУС ЕВОЛА: Метафизика на сексот

Апендикс на второто поглавје
За хомосексуалноста

Хомосексуалноста е феномен којшто, со обзир на неговата раширеност, науката за сексот никако не може да го занемари. Гете пишувал дека „таа е стара колку и човештвото, следствено на што може да се каже дека е дел од природата, иако е против природата“. Ако е „дотолку потаинствена доколку повеќе сакаме научно да ја објасниме“ (Иван Блох), тогаш и од гледна точка на метафизиката на сексот таа претставува комплексен проблем.
Веќе е спомнато дека Платон во својата теорија на еросот често се повикувал не само на хетеросексуалната љубов, туку и на онаа кон ефебите и милосниците. Сега, ако еросот се посматра во оние свои сублимирани облици врзани за естетскиот фактор, каде што, според платонистичката прогресија, од убавината кон некое конкретно битие, би се прешло на восхитување кое може да биде предизвикано од обезличена, бестелесна „лепота“ или апстрактна божествена убавина, во тој случај не се поставува никаков проблем кога случајно исходиштето е некое суштество од истиот пол. Терминот „Уранизам“, кои некои го употребуваат за хомосексуалност, потекнува токму од платонистичката дистинкција меѓу Афродита Уранија и Афродита Пандемија; првата била божица на аристократска не-телесна љубов, која не е свртена кон раѓање, како што е онаа која што за објект ја има жената. Можеби педерастијата, Паидон Ерос, во почетокот во одредена мерка го имала ова својство кога ја славеле древните писатели и поети, а ја упразнувале еминентни личности. Но, доволно е само да се прочитаат последните страници на „Гозба“ со Алкибијадовата беседа да би се сфатило колку малку во Хелада овој ерос останувал „платонски“, како тој водел и кон телесни развои, што често се потврдувало со декаденцијата на тој антички обичај во Грција, а првенствено во Рим.
Демек, ако во овие термини се прифати хомосексуалноста, тоест во потполна подударност со нормалните сексуални односи помеѓу мажот и жената, може слободно да се говори за девијација, не од некакво моралистичко или конвенционално гледиште, ами баш од аспект на метафизиката на сексот.
Неумесно е – како што чини Платон – метафизичкото значење на митот за андрогин да се примени на хомосексуалната љубов, онаа помеѓу педерите и лезбејките. Имено, за таквиот вид љубов неможе повеќе да се говори како за обид машкиот и женскиот принцип, што се опфатени во примордијалното битие, наново да се спојат: во тој случај, митското битие би требало да биде не андрогено, туку хомогено, моносексуално: сиот маж (во случајот на педерите) или сета жена (во случајот кај лезбејките), при што двата љубовника би настојувале да се спојат како прости елементи на иста ствар: значи, отпаѓа она суштинското, она што на тој мит му ја дава целата негова вредност, т.е. идејата на поларност и сексуална комплементарност, како основа на магнетизмот на љубовта и „трансцедентноста“ на еросот, заслепувачка и деструктивна објава на Едното.
Така, заради објаснување, треба да го спуштиме нивото и да ги разгледаме различните емпириски можности. Обично во сексологијата се разликуваат два облика на хомосексуалност, еден вроден и конституционален, а другиот стекнат, условен од психо-социјални и амбиентални фактори. Меѓутоа, кај вториот треба да се утврди разликата меѓу облиците коишто имаат обележје на порок и облиците кои претпоставуваат латентна предиспозиција, која се остварува само во одредени околности: тоа е неопходен услов, оти во истоветни околности, различни типови различно се однесуваат и некои не стануваат хомосексуални. Но, важно е да не се согледа статичната конституционална конфигурација, ами да се претпостави извесна можност за нејзина променливост.
За „природната“ хомосексуалност, односно онаа која што е причинета од предиспозиција, наједноставното објаснување е дадено со она што го кажавме за различните степени на поларизација, за фактот дека процесот на поларизација во своите физички аспекти, а уште повеќе во оние психичките, може да биде непотполн, следствено на што првобитната бисексуалност е надмината во помала мерка отколку кај „нормалното“ човечко сушштество, со оглед на тоа што својствата на едниот пол не се превозмогнати во иста мерка, во споредба со оние на другиот пол (в. стр. 51 и н.). Во тој случај, станува забор за она што М. Хиршфелд го нарекол „сексуални меѓуоблици“. Во такви околности (да речеме, кога некое суштество е анаграфски маж само 60 отсто) можно е еротската привлечност, која патем, се заснова на поларитет на родовите и оттаму на хетеросексуалност и којашто е дотолку поинтензивна доколку мажот е повеќе маж, жената повеќе жена, значи можна е еротска привлечност меѓу особи кои според граѓанскиот статус и примарните сексуални обележја, се од ист пол. Ова од причина што се тоа заправо „меѓуоблици“. Во случајот со педерите, Улрикс исправно рекол дека тука може да се најдеме пред „Женска душа родена во машко тело“.
Меѓутоа, треба да се води сметка за спомната можност за конституционални промени, кои сексолозите многу малку ја земаат в обзир. Имено, треба да се имаат предвид и случаи на регресија. Можно е доминантната моќ од којашто зависи поларизацијата, т.е. бидувањето маж или жена, преку неутрализација, атрофија и сл. да ослабне, што може да доведе до активирање и појава на прикриените својства. Овде не безначајна улога може да одигра околината, општата клима на некое општество: во цивилизацијата во која е на сила егалитаризам, каде што разликите се отфрлаат, кајшто се фаворизира промискуитет, каде античкиот идеал „да се биде свој“ не значи ништо, во едно „расчинето“ и материјалистичко општество очигледно е дека овој феномен на регресија, а со него и хомосексуалноста, се наоѓа во особено поволни околности, така да ни малку не е случаен импресивниот пораст на феномените хомосексуалност и „трет пол“ во последново, „демократско“ раздобје. Тука е и појавата на промена на полот и тоа во мера која е без пандан во другите епохи.
Меѓутоа, повикувањето на „сексуални меѓуоблици“, на непотполн процес на поларизација или на регресија, не ги објаснува сите вариетети на хомосексуалноста. Имено, постоеле и хомосексуални мажи кои не биле ниту феминизирани, ни „меѓуоблици“, него дури биле и војници, личности со несомнен машки изглед и однесување, моќни мушкарци кои ги имале или можеле да ги имат најубавите жени. Ваквата хомосексуалност не е лесно да се објасни и тука со право може да се говори за девијација и преверзија, за „порок“, можеби врзан со модата. Имено, несфатливо е што може да го турне еден маж кој е стварно мажиште, према особа од ист пол. Во искуството, ако адекватниот материјал за она што се доживува при климаксот на оргазмот е речиси непостоечки, тоа е уште повеќе случај кај хомосексуалните сношаи. Тука има разлог за претпоставка дека сето то се надминува преку режимот на „мастурбација удвоје“, дека заради задоволството се упразнува и едниот и другиот условен рефлекс не само без метафизички, туку и без физички претпоставки за потполно и разурнувачки соединување.
...

(Алеф – Градац, 1990 Чачак)

Monday, October 17, 2016

Војимир М. Шобајиќ: ЕВРЕЈСТВОТО И ИЗРАЕЛ

ПОЛИТИЧКАТА И ВОЕНАТА ИЗРАЕЛСКА СТРУКТУРА

Израелската војска – ЗАХАЛ (Зева Хагана Ле Израел)
Прашањето на израелската атомска бомба

Израел со помош на Франција кон крајот на 50-тите години изгради атомски реактор со јачина од 20 МГТ. Самиот факт дека Израел до сега не пристапил кон меѓународната спогодба за неширење на атомското оружје даваат повод за нагаѓањата околу тоа дека Израел веќе произвел атомска бомба. Мистериозниот поморски шверц на збогатен ураниум од 1977 г. поттикна нови нагаѓања за израелското поседување атомска бомба. Самата ЦИА тогаш лансираше верзија дека Израел навистина би можел да поседува атомска бомба, што потоа самиот израелски печат го популаризираше. Според овој извор, третата личност на ЦИА Карл Дакит во почетокот на 1976 г. на еден затворен состанок рекол дека Израел поседува 10 – 20 атомски бомби. Кога ова вест „протече“, директорот на ЦИА Буш наводно се извини поради изјавата, сметајќи дека таа не требало да биде дадена. Во таа прилика, претставникот на израелската амбасада во Вашингтон ја демантираше веста за поседување на нуклеарно оружје, додавајќи притоа дека Израел нема да биде првата земја на Блискиот Исток која ќе воведе нуклеарно вооружување. По истиот повод, претставникот на Белата куќа изјави дека САД ја прифаќат оваа израелска изјава како меродавна и дека веќе нема да коментираат на таа тема.
Според истиот извор, ЦИА во 1974 г. објави документ од којшто произлегува дека Израел спроведува програма за изградба на нуклеарно оружје базирано на збогатен ураниум кој е добиен по тајни патишта. Веднаш потоа, представникот на ЦИА Херберт Хету изјавил дека не му е познато како се дошло до изречените податоци. Според израелскиот печат, во документот на ЦИА, составен одма после првата атомска експлозија во Индија, помеѓу останатото стои и следново:
„Ние сметаме дека Израел веќе произвел нуклеарно оружје. Нашата оценка се заснова на израелската набавка на значителна количина ураниум, делумно по тајни патишта, потоа на двосмислената природа на израелските напори на полето на збогатување ураниум, како и на израелските големи и скапи истражувања на ракетен систем предвиден за нуклеарни боеви глави. Ние не очекуваме дека Израел ќе ги потврди проширените вести за неговата нуклеарна способност, ниту по пат на атомски проби, ни со закана на употреба на атомско оружје, зашто тоа би значело голема опсаност за опстанокот на израелската нација“...
Од американски извори, на 23 февруари 1980 г. објавена е вест за нова израелска атомска експлозија, извршена во соработка со Јужна Африка, во водите на јужен Атлантик – есента 1979 г. Бидејќи сите досега објавени вести за постоење израелска атомска бомба или подготовки за производство на нуклеарно оружје потекнуваат исклучиво од западни извори, Израел природно и оваа последна алармантна вест ја демантираше, како што ја демантираше и веста за тајната посета на министерот за одбрана на Јужноафриканската унија. Но, и покрај израелскиот демант, самото постоење на израелски реактор  во Димона изгледа дава доволно поводи за претходно спомнатите вести. Ова дотолку повеќе ако се знае дека Израел одби да пристапи кон меѓународниот договор за неширење на атомско оружје, како и дека шефот на Израелската држава Ефрарим Кацир, пред странски атомски научници во 1974 г. изјави дека Израел располага со потребен потенцијал за производство на атомско оружје, ама дека нема прв да изврши напад со атомско оружје. Иако неодредено, израелското јавно однесување во врска со атомската бомба од една страна, и повремените западни вести од друга страна, создаваа впечаток како Израел веќе да поседува нуклеарно оружје или дека е на најдобар пат тоа да го постигне, макар што сепак е тешко да се тврди колку во сето тоа има вистина. Но, имајќи ја во вид сестраната зависност на Израел од САД, тешко е да се верува дека Израел може без американска согласност, да произведува нуклеарно оружје и со него самостојно да располага. Меѓутоа, и покрај тоа, објавените вести за израелскиот атомски потенцијал превосходно служат за создавање психоза на страв и несигурност кај други страни.
Како што покажаа војните од 1956 и 1967 г. израелската војска е вооружена и градена првенствено во рамките на англо-француската стратегија од 50-тите години, кога на Израел му била наменета улогата на ударна тупаница против арапските тежнеења за потполна еманципација од туторството на бившите колонијални сили. Со влегувањето на Израел во американската орбита кон средината на 60-тите години, а особено после војната од 1967, израелската воена сила стана составен дел од американската војно-политичка стратегија во блискоисточниот регион.
Затоа Израел доби долгорочно приоритетно место во вкупната американска воена и економска помош за странство. Така, меѓу САД и Израел е створен тнр. Специјален однос, којшто и покрај непостоењето формални договорни обврски, ја надминуваат соработката на САД со многу членки на НАТО. Притоа посебно паѓа в очи тоа дека, наспроти повременото јавно триење на диплломатско- политички план во процесот на решавање на блискоисточната криза под протекторат на Вашингтон, односите и соработката на воен план се одвиваат без застој и взаемни трзавици.
Ф.
За амерканско-израелската соработка на воен план, истакнатиот израелски новинар Волф Блицер (Wolf Blitzer) во Јерусалем Пост од 20 јануари 1980 го изнесува следново:
„...Кон крајот на 40-тите и почетокот на 50-тите, дојде до големи промени на Блискиот Исток, како и во односите помеѓу САД, Израел и Арапите. Тоа беше време кога кога Труман пред се’, се занимаваше со „зауздување на комунизмот“. Немаше нешто што би го зголемило значењето на израелската способност да допринесе кон реализација на пожелуваната цел. Од истите причини, поради кои тогаш САД ги отфрлале израелските предлози за приклучување кон западниот воен сојуз во борбата против СССР, Соединетите држави и сега се резервирани кон таквите израелски предлози... Но, зад сцената, американско-израелските односи на воен план денес се поблиски од било кога порано. Во некои подрачја на воената соработка, тие се поблиски дури од односите меѓу Вашингтон и некои од сојузниците во НАТО. Од аспект на опасноста од откривање драгоцени воени тајни (на СССР) Израел сигурно ужива поголема доверба на Пентагон од некои членки на НАТО. Израел е се’ уште единствена странска земја која веќе ги доби американските авиони Ф-15. Кога се работи за најповерливите технолошки достигнувања, ниедна земја сем можеби Англија, не ужива подобар третман во Пентагон од Израел. На подрачјето на информациите и анализите на разузнавачките служби, САД и Израел еден од друг чуваат за себе само еден многу мал процент на тајни. ‘Се’ што ни е потребно да знаеме – кажа еден изралски функционер – ние се обраќаме кон Амерканците, и тие речиси секогаш ни излегуваат во пресрет’. И токму најголемиот напредок во развојот на израелско-американските односи во текот наизминативе 30 години, остварен е на овој план.
Кога Труман ја прокламираше својата доктрина на ‘зауздување на комунизмот’ нашите однси на воен план воопшто не ни постоеја. Од неодамна објавените документи на Стејт Департментот од тоа време, видливо е дека Вашингтон тогаш сеуште бил резервиран  спрема Израел поради ‘левичарите’ кои го опкружувале Бенгурион (МАПАМ п.а.). Патем речено, Израел не доби американска воена помош се’ до почетокот на 60-тите години. Тек кога заради војната од 1967 г. дојде до француско ембарго на извозот на оружје во Израел, почна американско-израелската воена соработка. Старите посматрачи на американско-израелската сцена, оживувајќи ги ‘старите денови’ се потсетуваат на тоа дека Бенгурион, доаѓајќи во Вашингтон, ги правеше сите можни обиди (барем неслужбено) да се види со председателот на САД. Меѓутоа, сега кога Вајцман доаѓа во Вашингтон, однапред е сигурно дека тој ќе се состане со председателот. Менахем Бегин во текот на последните две години се состана повеќе пати со председателот на САД, отколку Бенгурион во текот на 10 години“...


(ЗУС во СРМ „Самоуправна практика“, Скопје 1982 г.)

Thursday, October 13, 2016

Поп Дукљанин: БАРСКИ ЛЕТОПИС

1.
Додека во Константинопол владеел царот Анастасиј, кој себе и многу други ги извалка со Евтахиевата ерес, а во Рим председавал папата Гелазиј Втори, во она доба во кое беа во Италија мношне славни епископот Герман и Сабин – епископот на канусинското седиште, како и чесниот човек Бенедикт во Монте Касино, се подигнал некој народ од Северот кој се нарекуваше Готи, народ див и нескротлив, кому поглавари му беа тројца браќа – синови на кралот Сенубалд – чиишто имиња беа овие: првиот Брус, вториот Тотила, третиот пак Остроило.

2.
И така Брус, кој беше постар од останатите, после татковата смрт, седна на неговиот престол и владееше наместо него во земјата на своето раѓање. А Тотила и Остроило, за да си ги прослават имињата, по совет и желба на првородениот брат, собирајќи мошне голема и јака војска, излегоа од земјата и, доаѓајќи во провинцијата Панонија, ја совладале и со војна освоиле. Потоа со силно мноштво стасале во Темплан.
Тогаш кралот на Далматинците, кој престојуваше во големиот и красен град Салона, прати гласници со писма на кралот на Истра да збере војска, како заеднички би им се спротивставиле и одбраниле. И така обајцата, собирајќи го својот народ, излегоа против Готите, а кога стигнаа поставија логори близу нив. Тогаш во текот на 8 дена, зашто логорите биле близу, напаѓале војници сега одовде, сега одонде и тешко се рануваа и убиваа. А осмиот ден, излегоа сите наоружани одовде и одонде, христијани и соплеменици, и се здена голем бој. Од третиот час се’ до вечерта. И со пресуда на Бога, кому никој не смее да му приговори зошто тоа го направил, оти можеби некој голем грев се криеше во Христијаните, суровите Готи задобија победа; изгина дел од христијаните и убиен е кралот на Истра, а многу илјади христијани умреа на врвот на мечот и најмногу се заробени и одведени. А кралот на Далматинците се избави само со малку војници и побегна во својот град Салона. После ова, колку ли голема била војската на Тотила и неговиот брат Остроило, а народот им се умножил, та по совет на своите великаши, ја поделиле војската.
И Тотила, преоѓајќи со својата војска преку Истра и Аквилија, тргна на Италија, и таму водеше многу и големи боеви, области и многу градови ги опустошил и запалил. Оттаму прешол на островот Сицилија и после кратко време го завршил својот живот, како што тоа му го беше прорекол Божјиот слуга Бенедикт. Остроило, пак, братот негов, навлегувајќи со својта војска во провинцијата Илирија и водејќи сурови војни, како што не имаше никој којшто можеше да му се спротивстави, ја зазема сета Далмација и поморските области, додека не дојде во превалитанската област и тука се насели. Бидејќи кај себе задржа неколку војници, го испрати својот син по име Сенулат, да ги покори загорските области во областа Загорје. Меѓутоа, царот на константинополскиот град, собирајќи војска, ја испрати на Остроило, оти беше чул дека овој останал со малку воини во превалитанскиот град. Потем, кога стигнале оние кои царот ги пратил, го пронајдоа – како што е речено – Остроило со неколцина; сепак тој се подготви за војна, затоа што беше човек со храбар дух. И тогаш, кога се здена бој, Остроило падна и бидна убиен, а оние кои беа со него се дадоа во бег. Царевите пак луѓе, откако го зедоа пленот, се вратија во својата земја.

3.
А, кога неговиот син Сенудиал чу за татковата смрт, стаса што побргу можеше со војска, мислејќи да ги пронаде царевите луѓе за да ја одмазди очевата смрт, ама пронајде мошне малку. Најсетне го презеде кралството, и владееше наместо татка си и роди син кого го нарече Селимир. А во границите на неговото кралство, од Винодол до Аполонија, беа како приморски, така и загорски области. Нанесувајќи им мноштво неправди на христијаните, кои живееа во приморските градови и прогонувајќи ги, умре во 12 година од своето владеење.

4.
Него го наследи во кралствувањето неговиот син Селимир, кој макар што беше паган и од истиот род, со сите бил во мир и ги љубел христијаните и најмалку ги прогонувал. Склучил договор со нив и му плаќале данок. Во негово доба земјата се смирила и се исполнила со мноштво Словени. Па родил син кого го нарекол Бладин. Умрел во 21 година од своето владеење.

5.
Кралството го примил неговиот син Бладин, кој ишол по татковиот пат, и го држел кралството на своите отци во мир. Го родил синот којшто го нарекол Ратомир, кој уште од детството фатил да биде мошне груб и охол. Освен тоа, додека Бладин владеел, се покрена безбројно мноштво народ од големата река Волга, по која добија име. Имено, по реката Волга – та се’ до денешен ден се нарекуваат Вулгари (Бугари). Овие, со жените, синовите и ќерките, како и со целата своја стока и големиот имот, беа дошле во провинцијата Силодусија. Ги предводел некој по име Крис, кого на својот јазик го нарекле „каган“, што на нашки би било цар, под кого беа 9 прваци, кои управувале со народот и му суделе, бидејќи ги имало ептен многу. Демек, ја напаѓаат Силодуксија и ја освојуваат. Оттаму, војувајќи ја заземаат цела Македонија. После оваа, сета област на Латините, кои во она време се нарекувале Романи, а сега се викаат Моровласи, значи Црни Латини.
Иако царот со нив водел бројни војни додека седел на престолот, и неможејќи никако да ги совлада, прати гласници и склучи мир со нив, и така ги реши. Слично на тоа, и кралот Бладин со нив склопи мир, видувајќи дека е огромно мноштвото на тој народ. И започнаа двата народа да се сакаат меѓусебно, тоест Готите кои се Словени, и Бугарите, најповеќе затоа што обата народа беа сродни и на сите им беше еден јазикот. Најпосле Бугарите, веќе од секаде безбедни, си изградија себе си куќи и села и ја населија земјата која ја зазедоа се’ до денешен ден.

...36.
Детето Владимир, откако го примило кралството, растеше украсено со секакво знаење и светост. Потоа, во она време кога Владимир веќе стана младич, и кога завладеа на местото на својот татко, гореспоменатиот Самуил, бугарскиот цар, собирајќи голема војска, дојде в Далмација и во земјата на крал Владимир. Кралот пак, којшто бил свет човек и не сакал никој од неговите да страда во војна, малодушно се повлече и со целото свое људство се качи на брдото наречено Облик. Кога дошол царот со војската и увидел дека не ќе може да го надвладее кралот, еден дел од својата војска го остави во подножјето на брдото, а дел поведен со себе и тргна да го нападне Улцињ. Покрај останатото, на брдото Облик имаше жестоки змии, па штом некого тие ќе укасале, тој веднаш умирал и почнале да им нанесуваат големи губитоци како на луѓето, така и на животните. Тогаш крал Владимир, со солзи изговорил молитва на Господ, за семожниот Бог да го спаси неговиот народ од таа гадна смрт. Бог ги услиши молитвите на својот син и од тој ден никого од неговите не го касна змија, но исто така, од тогаш до денес, ако човек или било кое животно на тоа брдо го укаса змија, тие остануваат живи и без никаква повреда. На она брдо, од оној ден кога се молел блажениот Владимир, па се’ до денешен ден, како змиите да биднаа без отров. Меѓутоа, царот испрати гласници краљу Владимиру да, со сите оние кои беа со него, слезе од брдото, ама кралот не се согласи. Но, жупанот на тоа место, станувајќи издајник ѓоа Јуда, му ја прати на царот следнава порака: „Господару, ако твоето величество желее, јас ќе ти го предадам кралот“, а царот му одговори: „Ако тоа можеш да го сториш, знај дека ќе те направам богат и многу моќен“. Тогаш кралот, збирајќи ги сите оние кои биле со него, вака им говорел: „Кога гледам дека јас, мошне драга браќо, ќе морам да го исполнам оној чекор од Евангелието, кај кажува: ‘Добриот пастир ја дава својта душа за своите овци‘. Демек, поарно браќа јас да ја дадам својата душа за вас и своеволно да го дадам моето тело да го сечат на парчиња или да го убијат, него сите вие да се изложите на опасност од од глад или меч“. Потем, откако и други работи им беше кажал, се прости со сите и замина кај царот. Царот одма го испрати во прогонство в Охридските страни, во местото кое се вика Преспа, кај што се наоѓаше дворецот на овој цар. Потоа царот, збирајќи ја војската, долго време го напаѓаше Улцињ, ама никако не можеше да го заземе. Одтаму гневен отстапи, та почна да ја руши, пали и плени сета Далмација; градовите Котор и Дубровник ги испопали, а селата и целата покраина така ја опустоши, што изгледаше дека земјата останала без жители. Вака опустушувајќи ги како приморските, така и брдските области, царот прејде се’ до Задар, а потем преку Босна и Рашка, се врати во своето место.

Во меѓувреме, Владимир се наоѓал во окови, упразнувајќи деноноќен пост и молитва. Нему му се прикажал ангелот Господни, кој го тешел и му го наговестувал она што ќе се случи, како Бог ќе го ослободи од самата темница, и како низ мачеништво тој ќе доспее во царството небеско, ќе прими венец кој нема да венее и како награда – вечен живот. Тогаш блажениот Владимир, поткрепен со ангелската појава, се’ повеќе упразнувал пост и молитва. И така еден ден, ќерката на цар Самуил по име Косара, поттикната и вдахновена со Светиот Дух, му пријде на татка си и замоли да слезе со своите слугинки за да ги измие главата и нозете на окованите заробеници, што тој и’ го дозволи. И така се симна и изврши добро дело. Меѓутоа, здогледувајќи го Владимир и увидувајќи дека е со убав изглед, покорен, благ и скромен, како и дека е полн со знаење и Божја мудрост, се задржа со него во разговор, оти неговиот говор и’ се стори сладок повеќе него мед и саќи. И она го заљуби, но не од пожуда, туку затоа што се сожали на неговата младост и лепота и што беше чула дека е тој крал и дека потекнува од кралски род; и го поздрави и ојде.
...

Monday, October 10, 2016

Вјенцеслав Ценчиќ: ЕНИГМАТА КОПИНИЧ

Валдес на подморницата

Во часот на побуната на генерал Франко од 18 јули 1936 г. голем дел бродови на шпанската воена флота се наоѓал во Картагена и во другите медитерански пристаништа на Шпанија, но за среќа, не во Мароко, од каде бунтовничкиот експедициски корпус и тргна на Шпанската република. Меѓутоа, бродовите и неколкуте подморници во шпанската воена лука Картагена останаа верни на републиканската влада. На страната на Франко останаа само бродовите кои се наоѓаа во Ел Ферол во северозападна Шпанија.
„Кон крајот на декември 1936, мене ме повикаа во ЦК КП на Шпанија“ – се сеќава Јосип Копинич – „и ми рекоа: Гледаме дека си морнар, а доле во морнарицата, велат, е несредена состојбата, па ајде доле“. Така отидов во шпанската воена морнарица и до август 1938 главно бев на подморници“.
Копиничевото шпанско име Валдес се покажало драгоцено, во што тој самиот ќе се увери во повеќе наврати во текот на својата возбудлива служба во шпанската воена морнарица. Имено, во Шпанија постоел некој адмирал Валдес, инаку благородник, и кога Копинич се појавил со документи под тоа име, се мислело дека тој му е син на чуениот адмирал, па го примале со посебно уважение.
Почетокот на април 1937, единиците на флотата на републиканската влада испловиле од Картагена кон север. Копинич се наоѓал на подморницата Ц-16, со која заповедал советскиот офицер Бурмистров, додека тој бил заменик или прв офицер.
„Појдовме да ја разбиеме блокадата“ – кажува Копинич. „Франковите бродови и авијацијата го блокираа северното крајбрежје и тој дел на земјата бил отсечен од централниот дел, без помош и храна се бранеше со сопствени сили како знаеше и умееше.
Нашите три подморниоци, во придружба на еден разурнувач, ја разбија блокадата и за одредено време, успеавме да го нормализираме снабдувањето на бранителите на шпанските северни провинции. Но, знаејќи дека Франковата премоќ во воздух беше голема, на крај северот падна. Ние имавме бројчано повеќе бродови во Средоземјето, но Франковите бродови беа посовремени, тој располагаше со вашингтонските крстарици „Балеари“ и „Канаријас“ – во тоа време најмодерни бродови, додека нашите беа бојни бродови од застарен тип, иако имаше доста разурнувачи и подморници. Франко немаше ниедна подморница, а околу тоа се вртеше се’. Да имаше подморници ќе можеше да го торпедира секој брод што влегуваше во шпанските пристаништа. Ама тој не ги имаше. Додуша, Германците и Италијаните имаа авијација. Но Републиката располагаше со повеќе површински бродови, па Франко не можеше да презема ништо на Средоземјето, блокада од таа страна немаше, бродовите влегуваа и никому ништо. Тој блокадите ги воспостави на северот, на отворено море.“
Кога републиканската војска почна да отстапува од Сан Себастијан преку Герника за Билбао, флотата тргна во луката Сантандер, а потоа во Хихон – последната атлантска која што ја бранеа републиканците.
Од тој пат Јосип Копинич во зборникот „Нашите Шпанци“ ја опиша и оваа потресна епизода:
„Наша наредна база беше пристаништето Сантандер. Тоа беше чиста, убава лука, вистинско летувалиште со прекрасна околина. Сиот град заедно со пристаништето беше во густо, тропско зеленило. Околината беше брдовита, но вегетацијата беше бујна. Луѓето во ова лука беа мошне пријатни, чисти и посебно работливи“.
Кога после неколку денови пловидба пристанавме во оваа лука, на нашата подморница дојдоа две деца: девојчето имаше 9 години, се викаше Кончита, а малецкиот Антонио имаше само 6 години. Мајка им беше погинала во Сан Себастијан и тие самите, бегајќи од Франковите ѕверства, беа стасале во Сантандер.
Нашиот готвач, инаку Шпанец Педро, ги стави на список на посадата, и тие се хранеа заедно со нас за сето време на нашиот престој во пристаништето.
Кога заминувавме, ги префрливме во Хихон. Му ги предадовме на еден од борците  на републиканската војска и повеќе не знам што се случи со нив откога го напуштивме Сантандер.
Во Хихон ситуацијата не беше ништо поарна. Оваа лука се беше нашла во опкружение на бунтовниците – односно на германските и италијанските сили – ем од копно, ем од море. На бранителите им однемуваше храна, лекови, муниција. Сепак, од време на време, по некој трговски брод, што ќе го закупеше републиканската влада, ќе успееше да се пробие до пристаништето.
Така, во еден од критичните моменти, вплови помал трговачки брод под панамско знаме. Достави храна и лекови за бранителите на Хихон.
„Јас – раскажува Копинич – бев со подморницата во близина на местото на кое се истоваруваше товарот. Бев разочаран што не стигна и муниција, оти нашите пловила беа без набој, па не можеа да им парираат на непријателските авиони, кои секој ден, десетици пати, го надлетуваа градот и пристаништето. Со последните гранати, ден претходно, соборивме два авиона. Арно ама, што сега да правиме?
Нашите подморници немаа поголем успех ниту во борбите со Франковите бродови, поради лошите торпеда. Ние имавме торпеда, но беа со лош квалитет. Еднаш успеавме да пријдеме на 600 метри од Франковата крстарица  „Сервер“. Беше ноќ. Испловувајќи над вода нападнавме, исфрлувајќи 6 торпеда. Во нормални услови, тие би го испратиле на дно и најголемиот кораб, ама во овој случај не дојде до ниедна експлозија. Торпедата мора претходно да се подесуваат поради температурата, тресењето, заради ова и она, не знам што се’ не, тоа техничарите го знаат, ама тоа треба да се прегледа. Додека бевме во Сантандер, ние баравме торпедата да се дадат на ратификација, но Министерството за војна на Шпанија ни одговори дека други торпеда немаат – велат: „Пукајте со такви какви се“. Што се може?
Страшно ми е жал што не го потопивме тој „Серверот“, кој тогаш беше позната крстарица, а на 600 метри нема промашување, макар што и ние ќе си го добиевме делот. Наводно, тоа бил прв ноќен напад, по што влегол во историјата на војувањата, па го користеле и други. До тогаш се сметало дека такво нешто е невозможно, а ние го сторивме од очај, не за да испробуваме некоја нова метода на ратување.
Во Хихон, на панамскиот брод, го чув нашиот јазик. Им пријдов на морнарите, ми се израдуваа како на рода. Ме прашаа дали можат нешто да сторат за мене. Веќе бев подолго време одвоен од семејството, ги замолив од една лука, која не и’ беше сомнителна на полицијата во Југославија, да пратат писмо на моите родители. Писмото го напишав во кабината на еден морнар и му го предадов на бродскиот машинист. После две-три години, дознав дека морнарите не го пратиле писмото на мајка ми, ами – бидејќи им објаснив во какви прилики живеат моите родители – приложиле 20 фунти, што тогаш изнесуваше 2.000 динари.

Ама најчудно од се’ беше тоа што речиси сите морнари од овој трговски брод изразија желба да ги примиме во доброволци, како би дале прилог во шпанската револуција.

Monday, October 3, 2016

ГИНТЕР ГРАС: Кучешки години

Дваесета утринска смена

...Но откако мелницата престана да работи и крилата престанаа да вртат сред виулицата, како да ги пресекле, се покажа – и тоа само заради тоа што Амзел намигна со окцата – дека мелницата сепак се’ уште не престанало да меле. Од кај големиот нанес нечујно вееше снег, час сив час бел. Тополите покрај патот се нишаа. Во Лирмановата крчма светеше како жолчка жолта светлина. Малиот воз не свиреше во свиокот. Ветрот штипкаше. Прнарот кенкаше. Амзел пламтеше. Неговиот пријател дремеше. Амзел нешто виде. Неговиот пријател не виде ништо. Амзеловите прсти гребеа во ракавиците, се лизгаа, бараа и во левиот џеб од палтото го најдоа десното копче од лакираното чевле: струја во водот! Ниедна снегулка не се задржа на Амзеловата кожа. Устата му се собираше и во замижаните очиња беше се збрало повеќе, отколку што наеднаш може да се каже: се возеа едни зад други. Без кочијаши. А мелницата вкочанета. Четири санки, две со бела запрега – одвај забележливи – две со црна запрега – лесно забележливи – излегуваат и си помагаат едни на други: 12 и 12 сите безглави. Еден безглав витез кон мелницата води една безглава калуѓерка. Вкупно 12 беглави витези – но витезите, како и калуѓерките, си ги носат главите под мишка или пред себе. Но комплицирано се покажуваат на изгазената патека; бидејќи и покрај истородноста на превезот со превез, и панцирот со панцир, уште од порано, кога го прекинале логорувањето во Рагнит, кавгите им останале меѓу забите: првата калуѓерка не разговара со четвртиот витез. Но, и двајцата со задоволство разговараат со витезот Фицватер, кој Литванија ја познавал како дупките на својот панцир од синџири. Деветтата калуѓерка требало да се породи во мај, но тоа не се случило бидејќи осмиот витез – се викал Енгелхард Рабе – нејзе и на шестата калуѓерка, која секое утро јадела премногу црешни, со мечот на дебелиот, десеттиот витез, кој седел на греда и зад спуштениот визир го коренел месото од коските на едно пиле, им ги отсекол главите, деветиот и шестиот превез. И сето тоа само поради тоа што не бил довезен бајракот на Свети Ѓорѓија, а реката Сесуна поволно смрзната. Додека останатите калуѓерки се’ побрзо везеле – речиси го затварале црвеното поле – третата восочна калуѓерка, која постојано ја следела сенката на единаесетиот витез, дошла со ваган да ја собере крвта. Тогаш седмата, втората, четвртата и петтата калуѓерка почнале да се смеат, го фрлиле везилото зад себе, а главите и превезите ги наместиле пред осмиот витез, црниот Енгелхард Рабе. А тој, ни малку мрзлив, најпрво на десетиот витез со пилешкото зад визирот, му ја скастрил главата, пилешкото и шлемот со визирот, па му го вратил мечот: а пак дебелиот безглав, десетиот, кој и покрај тоа што се’ уште џвакал, му помагал на осмиот да им ги отсече главите и превезите на втората, третата восочна, која секогаш се засолнувала во сенка, а веднаш потоа и на четвртата и петтата калуѓерка и главата на Енгехларх Рабе. Низ смеа си го подавале ваганот. Само неколку калуѓерки се’ уште го везеле бајракот на Св. Ѓорѓи, иако Сесупа била погодно замрзната, иако Англичаните веќе биле во логорот кај Ленкестер. Иако извештаите за патиштата биле пристигнати, кнезот Витолд се воздржувал, а Валенрод веќе канел за гозба. Но сега веќе ваганот бил преполн и претекувал. Требало да се довлечка десеттата, дебелата калуѓерка – бидејќи како што постоел дебел витез, постоела и дебела калуѓерка – таа морала да се довлечка, само уште трипати смеела да го подигне ваганот, последен пат, кога Сесупа веќе била ослободена од мразот и кога Урсула, осмата калуѓерка, која секаде накусо и нежно ја викале Тула, морала да клечи со својот пердувест превез. Штотуку дала во март заклетва, а веќе 12 пати ја прекршила. Но не знаела со кој и по кој редослед, бидејќи сите со спуштен визир; а сега и Англичаните под Хајнрих Дерби; само што стингале свежи во логорот, а веќе така брзо. Тука бил и некој Перси, но не Хенри, туку Томас Перси. За него Тула извезла еден убав посебен бајрак, иако Валенрод забранил посебни бајраци. По него посакале Жакоб Дутреме и Пиџ Пиџу. На крајот Валенрод му се спротивставил на оној од Ленкестер. Го отстранил од ветрот бајрачето на Томас Перси, големо колку шамивче за нос, а на Хатенштајн му наредил да го пренесе преку одмрзнатата река штотуку довезениот бајрак на Св. Ѓорѓи, а пак на осмата калуѓерка, наречена Тула, и’ наредил да клечи, додека се поставувал мостот, при што во реката се удавиле 4 коњи и еден слуга. Таа пеела поубаво отколку единаесеттата и дванесеттата калуѓерка пред неа. Умеела да пее на нос, да го истенчи гласот, а истовремено да затрепери со светлоцрвениот јазик во темноцрвената усна дупка. Оној од Ленкестер плачел зад визирот, бидејќи со најголемо задоволство би останал дома, но имал непријатности со семејството, а подоцна и покрај тоа станал крал. Ненадејно и бидејќи никој веќе не сакал преку Сесупа, туку плачливо и со најголемо задоволство дома, од дрвото во кое спиел скокнал најмладиот витез и со лесни чекори му се приближил на пердувестиот тил. Тој бил дојден од Мерс со намера да ги преобрази Бартите. Меѓутоа, сите веќе биле преобразени и бил основан Бартенштајн. Му останале само Литванија, а пред тоа пердувите на Тулиниот тил. Го погодил над последниот пршлен, веднаш го фрлил својот меч во воздух и го дочекал на сопствениот тил. Толку бил вешт шестиот, најмладиот витез. Четвртиот витез, кој никогаш не разговарал со првата калуѓерка, сакал да го потвори истото, но немал среќа при првиот обид и ја отсекол масната глава на десеттата, дебелата калуѓерка, а при вториот обид, строгата глава на првата, строгата калуѓерка. Третиот витез, кој никогаш не го споменувал панцирот и важел како итрец, морал да оди по ваганот, бидејќи веќе немало калуѓерки.
Преостанатите витези со глави, следени од Англичаните без бајрак, Хановеранците со бајрак и од оружените од Рагнит, тргнале на мало патување по беспатната Литванија. Кнезот Киншуте клокотел по мочуриштата. Под огромните папрати се морничавеше неговата ќерка. Секаде било глибаво и ги доведувало коњите до спотнување. На крајот Потримпос се’ уште не бил закопан; Перкунос не сакал да гори, а Пиколос неослепен продолжувал  да гледа од долу нагоре. Ах! Требало да се сними филм. Статисти имало доволно, а природа во изобилство. Иллјада и двесте шини за нозе, самострели, оклопи за гради, изгниени цокули, изџвакани оглавници, 70 бали грубо платно, 12 буриња мастило, 12 илјади факели, лоени светилки, чешачки за коњи, ролни со конец за шиење, стапчиња од слатко дрво – гуми за џвакање на XIV век – исчадени ковачи за мечеви, сурија кучиња, германска господа која игра трик-трак, свирачи на харфа, пеливани, терачи на товарни животни, галони јачменово пиво, сноп знаменца, стрели, копја и набодени дрвца за скара за Симон Бахе, Ерик Крузе, Шоне, Рихард Вестрал, Шпанерле, Тилман и Роберт Вендел за време на градењето на мостови, заседи и долготрајни дождови: снопови од молњи, дабовите стебла распукуваат, коњите се плашат, бувовите вртат со очите, лисиците бегаат, стрелите зујат: германската господа станува нервозна; а во јовината грмушка слепата гледачка извикува: „Вела! Вела!“ Назад, назад... но дури следниот јули повторно ја видела оваа рекичка, која и денес поетот Бобровски  мрачно ја опејува. Сесупа течела бистра и ѕвонела по камењата на брегот. И толпа стари познати: седеле тука 12 безглави калуѓерки, во левата рака си ги држеле своите глави во превези, а со десната рака по пламнатите лица си плискале вода од Сесупа. Во заднина безволно стоеле безглавите витези и не сакале да се разладат. Тогаш преостанатите витези одлучиле да се поистоветат со оние што веќе биле без глави. Во близина на Рагнит едни на други си ги отсекле главите и шлемовите, ги впрегнале коњите во четирите груби возила и патувале со белците и вранците во веќе преобразената и непреобразената земја. Го воздигнале Потримпос, дозволиле да падне Христос, попусто се обиделе да го ослепат Пиколос и повторно го примиле крстот. Навраќале во гостилници, капели и воденици, забавувајќи се минувале низ вековите: ги плашеле Пољаците, Хусите и Швеѓаните, биле присутни кај Корндорф кога Зејлиц со својот ескадрон јурел преку Цаберската долина, а кога Корзиканецот морал нагло да се повлече, на патот нашле 4 кочии без господар. Своите возила од крстоносните војни ги замениле со овие и возејќи се во кочиите со федери, биле сведоци на втората битка кај Таненберг, која како и првата, не се одиграла точно кај Таненберг. Сред безбожната група коњаници на Буѓони, токму успеале да се свртат, кога Пилсудски со помош на Света Богородица, победил кај свиокот на Висла; а во времето кога Амзел правеше страшила за птици и ги нудеше за продажба, немирно се тетеравеле меѓу Тапиау и Нојтех. 12 и 12 одлучиле да немаат спокој се’ додека не им се укаже можност за избавување и секој да може да ја носи својата глава, или секој труп својата глава.

...