Thursday, October 20, 2016

ЈУЛИУС ЕВОЛА: Метафизика на сексот

Апендикс на второто поглавје
За хомосексуалноста

Хомосексуалноста е феномен којшто, со обзир на неговата раширеност, науката за сексот никако не може да го занемари. Гете пишувал дека „таа е стара колку и човештвото, следствено на што може да се каже дека е дел од природата, иако е против природата“. Ако е „дотолку потаинствена доколку повеќе сакаме научно да ја објасниме“ (Иван Блох), тогаш и од гледна точка на метафизиката на сексот таа претставува комплексен проблем.
Веќе е спомнато дека Платон во својата теорија на еросот често се повикувал не само на хетеросексуалната љубов, туку и на онаа кон ефебите и милосниците. Сега, ако еросот се посматра во оние свои сублимирани облици врзани за естетскиот фактор, каде што, според платонистичката прогресија, од убавината кон некое конкретно битие, би се прешло на восхитување кое може да биде предизвикано од обезличена, бестелесна „лепота“ или апстрактна божествена убавина, во тој случај не се поставува никаков проблем кога случајно исходиштето е некое суштество од истиот пол. Терминот „Уранизам“, кои некои го употребуваат за хомосексуалност, потекнува токму од платонистичката дистинкција меѓу Афродита Уранија и Афродита Пандемија; првата била божица на аристократска не-телесна љубов, која не е свртена кон раѓање, како што е онаа која што за објект ја има жената. Можеби педерастијата, Паидон Ерос, во почетокот во одредена мерка го имала ова својство кога ја славеле древните писатели и поети, а ја упразнувале еминентни личности. Но, доволно е само да се прочитаат последните страници на „Гозба“ со Алкибијадовата беседа да би се сфатило колку малку во Хелада овој ерос останувал „платонски“, како тој водел и кон телесни развои, што често се потврдувало со декаденцијата на тој антички обичај во Грција, а првенствено во Рим.
Демек, ако во овие термини се прифати хомосексуалноста, тоест во потполна подударност со нормалните сексуални односи помеѓу мажот и жената, може слободно да се говори за девијација, не од некакво моралистичко или конвенционално гледиште, ами баш од аспект на метафизиката на сексот.
Неумесно е – како што чини Платон – метафизичкото значење на митот за андрогин да се примени на хомосексуалната љубов, онаа помеѓу педерите и лезбејките. Имено, за таквиот вид љубов неможе повеќе да се говори како за обид машкиот и женскиот принцип, што се опфатени во примордијалното битие, наново да се спојат: во тој случај, митското битие би требало да биде не андрогено, туку хомогено, моносексуално: сиот маж (во случајот на педерите) или сета жена (во случајот кај лезбејките), при што двата љубовника би настојувале да се спојат како прости елементи на иста ствар: значи, отпаѓа она суштинското, она што на тој мит му ја дава целата негова вредност, т.е. идејата на поларност и сексуална комплементарност, како основа на магнетизмот на љубовта и „трансцедентноста“ на еросот, заслепувачка и деструктивна објава на Едното.
Така, заради објаснување, треба да го спуштиме нивото и да ги разгледаме различните емпириски можности. Обично во сексологијата се разликуваат два облика на хомосексуалност, еден вроден и конституционален, а другиот стекнат, условен од психо-социјални и амбиентални фактори. Меѓутоа, кај вториот треба да се утврди разликата меѓу облиците коишто имаат обележје на порок и облиците кои претпоставуваат латентна предиспозиција, која се остварува само во одредени околности: тоа е неопходен услов, оти во истоветни околности, различни типови различно се однесуваат и некои не стануваат хомосексуални. Но, важно е да не се согледа статичната конституционална конфигурација, ами да се претпостави извесна можност за нејзина променливост.
За „природната“ хомосексуалност, односно онаа која што е причинета од предиспозиција, наједноставното објаснување е дадено со она што го кажавме за различните степени на поларизација, за фактот дека процесот на поларизација во своите физички аспекти, а уште повеќе во оние психичките, може да биде непотполн, следствено на што првобитната бисексуалност е надмината во помала мерка отколку кај „нормалното“ човечко сушштество, со оглед на тоа што својствата на едниот пол не се превозмогнати во иста мерка, во споредба со оние на другиот пол (в. стр. 51 и н.). Во тој случај, станува забор за она што М. Хиршфелд го нарекол „сексуални меѓуоблици“. Во такви околности (да речеме, кога некое суштество е анаграфски маж само 60 отсто) можно е еротската привлечност, која патем, се заснова на поларитет на родовите и оттаму на хетеросексуалност и којашто е дотолку поинтензивна доколку мажот е повеќе маж, жената повеќе жена, значи можна е еротска привлечност меѓу особи кои според граѓанскиот статус и примарните сексуални обележја, се од ист пол. Ова од причина што се тоа заправо „меѓуоблици“. Во случајот со педерите, Улрикс исправно рекол дека тука може да се најдеме пред „Женска душа родена во машко тело“.
Меѓутоа, треба да се води сметка за спомната можност за конституционални промени, кои сексолозите многу малку ја земаат в обзир. Имено, треба да се имаат предвид и случаи на регресија. Можно е доминантната моќ од којашто зависи поларизацијата, т.е. бидувањето маж или жена, преку неутрализација, атрофија и сл. да ослабне, што може да доведе до активирање и појава на прикриените својства. Овде не безначајна улога може да одигра околината, општата клима на некое општество: во цивилизацијата во која е на сила егалитаризам, каде што разликите се отфрлаат, кајшто се фаворизира промискуитет, каде античкиот идеал „да се биде свој“ не значи ништо, во едно „расчинето“ и материјалистичко општество очигледно е дека овој феномен на регресија, а со него и хомосексуалноста, се наоѓа во особено поволни околности, така да ни малку не е случаен импресивниот пораст на феномените хомосексуалност и „трет пол“ во последново, „демократско“ раздобје. Тука е и појавата на промена на полот и тоа во мера која е без пандан во другите епохи.
Меѓутоа, повикувањето на „сексуални меѓуоблици“, на непотполн процес на поларизација или на регресија, не ги објаснува сите вариетети на хомосексуалноста. Имено, постоеле и хомосексуални мажи кои не биле ниту феминизирани, ни „меѓуоблици“, него дури биле и војници, личности со несомнен машки изглед и однесување, моќни мушкарци кои ги имале или можеле да ги имат најубавите жени. Ваквата хомосексуалност не е лесно да се објасни и тука со право може да се говори за девијација и преверзија, за „порок“, можеби врзан со модата. Имено, несфатливо е што може да го турне еден маж кој е стварно мажиште, према особа од ист пол. Во искуството, ако адекватниот материјал за она што се доживува при климаксот на оргазмот е речиси непостоечки, тоа е уште повеќе случај кај хомосексуалните сношаи. Тука има разлог за претпоставка дека сето то се надминува преку режимот на „мастурбација удвоје“, дека заради задоволството се упразнува и едниот и другиот условен рефлекс не само без метафизички, туку и без физички претпоставки за потполно и разурнувачки соединување.
...

(Алеф – Градац, 1990 Чачак)

No comments:

Post a Comment