Monday, October 8, 2018

Александар Рабинович: БОЛШЕВИЦИТЕ ДОАЃААТ НА ВЛАСТ - Револуцијата 1917 во Петроград



1. ЈУЛСКОТО ВОСТАНИЕ

...На болшевиците им беше пренесено дека известување дека високи владини функционери се обидуваат да ги свртат гарнизонските војници против болшевиците со тврдењата дека Ленин го организирал јулското востание по налог на непријателска Германија.
Обвиненијата дека Ленин е германски платеник не беше нова. Десничарскиот прес ги изнесуваше таквите тврдења уште при неговото враќање во Русија преку Германија. (Познатото Лениново спротивставување на воените напори беше нарочно подесна мета за таквите обвинувања.) Привремената Влада, кон крајот на април, започна да истражува дали болшевиците се во дослух сои непријателот, кога еден германски агент, извесен поручник Јермоленко, му се предаде на рускиот генералштаб и во текот на истрагата изјави дека Ленин е еден од многуте германски агенти коио дејствуваат во Русија. Тоа се случи во деновите на априлската криза, токму во времето кога болевиците почна да и’ создаваат озбилни проблеми на Привремената влада. Членовите на Кабинетот беа склони да поверуват во тие тврдења, што можеше и да се очекува; во секој случај, беше мошне пожелно да се дискредитираат болшевиците во очите на масите. И така, беа одредени три члена на Кабинетот – Керенски, Њекрасов и Терешченко – да помогнат во водењето на истрагата. Користени се услугите на неколку разузнавачки агенции во Петроград и на фронтот, а едно специјално контра-разузнавачко биро при Петроградскиот воен округ изгледа посвети најголем дел од својата дејност во подготвувањето на обвинувањата против болшевиците. Меѓу другото, таа агенција ги прислушувала партиските телефонски врски и ги држела нејзините раководители под присмотра, а во сето тоа имала одушевена поддршка на министерот за правосудие Павел Переверзев. - Единствено Контра-разузнавачкото биро може да ја спаси Русија, наводно изјавил тој.
Сега се знае дека за време на Првата светска војна, Германците потрошиле доста пари за да предизвикаат пореметувања во Русија, како и дека еден дел од тие пари им бил доставен на болшевиците. Меѓутоа, судејќи според релиабилни извори, за тие субвенции веројатно не знаел најголемиот број од болшевичките водачи, а поготово не обичните членови на партијата. Ленин изгледа знаел за германските пари, но нема сведоштва дека тоа имало било какво влијание на неговата политика или на политиката на партијата. Во крајна линија, таа помош немала поголемо значење за исходот на револуцијата. Што се однесува до јулските случувања, обвинението дека Ленин го организирал востанието во дослух со Германците било очигледно неосновано; од средината на јуни, како што видовме, Ленин енергично работел на тоа да го спречи востанието.
Во јулските денови, званичната истрага за Лениновите врски со Германија се’ уште не била завршена. Но, како што станувало очегледно дека се ближи паѓањето на владата, службенците на Контра-разузнавачкото биро одлучиле час поскоро да прејдат во акција. Сковале план да ги искористат фрагментарните податоци и наводи во дотогаш насобраниот доказен материјал со цел да ги уверат и претставниците на неопределените гарнизонски единици дека болшевиците не само што примаат германски пари, туку и дека со уличните демонстрации раководат Германци. Тие сметале дека, ако планот успее, гарнизонските единици ќе дадат војници потребни за одбрана на Владата, воспоставување ред и апсење болшевици. Заговорот му бил изложен на Переверзев и тој ја дал својата согласност. Оправдувајќи ја својата одлука неколку дена подоцна, министерот за правосудство изјавил: „Сметав дека со обелоденувањето на тие податоци во гарнизонот ќе створиме расположение кое ќе оневозможи натамошна неутралност. Имав избор меѓу конечното разјаснување на сите корени и нишки на тој голем злостор во некое неодредено време или итно гушење на буната која се закануваше да ја сруши Владата“.
Така, доцна вечерта на 4 јули, Контра-разузнавачкото биро ги повикал претставниците на неколку гарнизонски полкови во седиштето на генералштабот, каде што им се дадени информации за обвинувањата против Ленин. Сите сведоци се согласуваат дека тие претставници биле вистински запрепастени со овие откритија; што се однесува до службениците на Бирото, тие биле толку охрабрени со привидната уверливост на своето обвинување, што се решиле дел од доказниот материјал да му го достават на печатот. Бидејќи постоела загриженост оти обвинувањата што доаѓаат непосредно само од една владина служба ќе бидат примени со сомнеж, на брзина заврбувале двајца „огорчени граѓани“ – бившиот болшевички претставник во Думата Григориј Алексински и есерот В. Панкратов – да спремат изјава со обвинувања, која веднаш би се испратила во весниците.
Треба да се нагласи дека акциите на Контра-разузнавачкото биро, министерот за правосудство и подоцна – Алексински и Панкратов, биле преземени без одобрение на Кабинтетот во целост. Како што подоцна се покажало, министрите Њекрасов, Терешченко и Л‘вов, за време на јулското востание, навистина сметале дека болшевиците примале пари од Германците, ама и дека доказниот материјал против Ленин што Владата го има в рака уште не е непобитен и оти со преуранетото откривање би се елиминирала можноста тој било кога да се потполни. Во текот на вечерта на 4 јули, Л‘вов лично им се обратил на сите новини да се запре објавувањето на обвинувањата против Ленин. Се разбира, не се можело да се спречи онаа информација што веќе им беше дадена на полковските претставници да се разгласи по целиот гарнизон. А, влијанието по така раширените обвинувања, заедно со гласините за големи движења на трупите на фронот, беше пресудно. На 5 јули во 10 часот претпладне, неутралните полкови почнаа да маршираат кон Таврическиот дворец каде заседаваа Серуските извршни комитети, за да ја прогласат својата лојалност на Советот и Владата. Пошто непосредната криза беше пребродена, Извршнитет комитети промптно усвоија резолуција со која ветува поддршка на она што беше останало од Привремената влада. Во резолуцијата такуѓере се барало во рок од две седмици да се свика состанок со претставниците на покраинските совети со цел носење конечна одлука за составот на идниот Кабинет и за востпоставување влада на Советите....

2. НАПАДИ НА БОЛШЕВИЦИТЕ

Нападите на болшевичката партија после јулските денови ја отпочна Живое слово, реакционерен сплеткарски булеварски лист којшто Ленин добро го опиша како „жолто, подло и прљаво весниче“. Живое слово се залагаше за законитост, ред и цврста власт во земјата, како и за беспоштедна војна против Централните сили до конечна победа. Социјалистите воопшто, а болшевиците особено, весникот ги сметал за најлути непријатели. Може да се замисли со какво ликување уредниците на овој медиум ги дочекале обвинувањата од 4. јули навечер на Алексински и Панкратов. Толкувајќи ги накнадните обиди на кнез Л‘вов и другите да се одложи нивното обвинување, како доказ дека радикали на највисоки позиции во Владата се соучесници во злосторничката завера, со која Русија треба да му се продаде на странскиот душман, тие на 5. јули утрината објавиле ја сензационалната изјава во целост на насловната страна: „Ленин, Ганецки и Козловски – Германски Шпиони!“ (Јаков Ганецки и Мјечислав Козловски беа волшевици преку кои, наводно, германските пари се доставувани во партијата).
Болшевиците одма протестирале. Во една кратка белешка во Правда од 5. јули, напишана уште пред Живое слово да доспее на улиците, читателите се предупредени дека непријателските кругови можеби спремаат клеветничка кампања против болшевичкото раководство. Веднаш по објавувањето на изјавата на Алексински и Панкратов, Ленин напиша неколку остри текстови, огорчено негирајќи ги обвинувањата против него, те настојувајќи да ги демантира. Други истакнати болшевички лидери истовремено ги замолија функционерите на Советите да ги заштитат од безобѕирните напади во печатот. Отповикувајќи се на молбата, Централниот извршен комитет упати апел до јавноста да се воздржи од коментирање на обвиненијата против болшевиците, се’ додека посебна истражна комисија, што Советите ќе ја образуваат, не спроведе подробни испитувања. Меѓутоа, штом Живое слово ја провали тајната, ни протестите на болшевиците, ниту апелите на раководството на Советите не можеа да го спречат избивањето на грдиот скандал околу наводните врски на болшевиците со Германците. На 5. јули на пладне, Петроград веќе бруеше од гласишта дека Ленин е „провокатор“. Изјавата на Алексински и Панкратов одма е препечатена во облик на флаер, па во рок од неколку саати противниците на болшевиците почнаа да ја растураат во стотици примероци по уличните ќошиња. До следниот ден, бројни петроградски весници веќе говореа за обвинувањата како за докажани факти, отворено натпреварувајќи се кој ќе објави посензационален приказ за болшевичкото предавство.
Новинските наслови од 6. и 7. јули ја покажуваат жестината на кампањата. „Втора велика азевштина“, обзнануваше насловницата во десничарскиот лист Маленкаја газета, а неговиот уредник потсетуваше на скандалот што го потресуваше руското револуционерно движење 1908 година, кога се испостави дека водачот на Социјалистичката револуционерна партија Јевко Азев работи за полиција. Уредникот на популарниот независен дневник Петроградски листок идејата за својот наслов не ја тражел во толку далечното минато. „Ужас!“ – вака ја насловил тој својата приказна во врска со 4. јули – денот кога и Владата и Советот беа препуштени на милост и немилост на хулиганските работници и војници. „Германците се докопаа до Петроград“.
Обвинувањата против болшевиците кои на 9. јули ги изнесе уважениот Георги Плеханов, таткото на рускиот социјалдемократски покрет и уредник на весникот Единство, се исто толку отворени. По повод една владина телеграма, објавена претходниот ден, во која се велело: „Непобитно е утврдено дека германски платеници учествувале во јулските немири“, Плеханов прибележал: „Ако е Владата убена во тоа, тогаш на инцидентите не може да се гледа само како на жална последица на тактичка збрка... Очигледно немирите... биле интегрален дел од еден план којшто странскиот непријател го сковал за да ја уништи Русија. Оттаму, неговото гушење мора да биде составен дел на секој план за национална одбрана на Русија“. Плеханов заклучил: „Револуцијата мора се’ што и’ стои на пат да го столчи веднага, одлучно и немилосрдно“.
Една од најчитаните осуди на болшевиците во предјулските денови ја напишал прославениот народњак Владимир Бурцев. Поранешните години на глас како неуморен прогонител на полициските кодоши во револуционерните организации, Бурцев во 1917 г. бил ултранационалист според политичките сфаќања, близок на Плеханов. На 6. јули, тој се придружил на нападот врз болшевиците со едно отворено писмо, што подоцна го препечатиле мноштво петроградски листови. На прашањето дали Ленин е или не е германски платеник, Бурцев изјавил: „Помеѓу болшевиците, провокаторите и германските платеници играа и се’ уште играат голема улога. Што се однесува до болшевичките раководители, за кои сега не’ прашуваат, можеме да речеме: Не, тие не се провокатори... (Но) благодарејќи на нив – на Ленин, Зиновјев, Троцки и другите – во текот на изминативе 3. 4. и 5. јули, Вилхелм II го постигна она за што можеше само да сонува... Тие дни, Ленин и неговите другари не коштаа исто колку и епидемија на чума или колера“.


(обј. The Bolsheviks come to Power 1976, W. W. Norton & comp. Inc.)

No comments:

Post a Comment