Thursday, October 25, 2018

АРТУР ШОПЕНХАУЕР: Светот како воља и претстава II


Прв дел: УЧЕЊЕ ЗА ИНТУИТИВНТА ПРЕТСТАВА
Глава 4: ЗА СОЗНАНИЕТО АПРИОРИ

PRAEDICABILIA A PRIORI

А) ВРЕМЕ
1. Постои само едно време и сите разни времиња се дел од тоа време.
2. Разните времиња не се симултани, туку едно зад друго.
3. Времето неможе да се укине со мисла, но мислата може да тргне на страна се’ што е во времето.
4. Времето има три отсека: минато, сегашност и иднина, кои сочинуваат две насоки со една нулта точка.
5. Времето е делливо до бескрај.
6. Времето е хомогено: тоа е континуум, што значи дека ниеден негов дел не се разликува од друг, ниту е одвоен од него со нешто што не би било време.
7. Времето нема ни почеток ни крај, туку секој почеток и крај се во него.
8. Ние броиме со помош на времето.
9. Ритамот е само во времето, не е вон него.
10. Законите на времето ние ги осознаваме априори.
11. Времето се перцепира априори, но само во облик на една линија.
12. Времето нема никаква постојаност, туку заминува штом е овде.
13. Времето е без застој.
14. Се’ што е во времето има свое траење.
15. Времето нема траење, туку сето траење е во него, тоа е постојаноста на она што останува...
16. Секое движење е можно само во времето.
17. При ист простор, брзината е обратно-пропорционална во однос на времето.
18. Времето не е непосредно мерливо самото со себе, туку само посредно, со помош на движењето, кое во ист замав е и во просторот и во времето; така движењето на сонцето и часовникот го мерат времето.
19. Времето е сеприсутно: секој дел од времето е насекаде, тоест во целиот простор, истовремено.
20. Во времето, земено само за себе, се’ би следело едно по друго.
21. Времето овозможува промена на акциденциите.
22. Секој дел од времето ги содржи сите делови на материјата.
23. Времето е principium individuationis.
24. Сега е без траење.
25. Времето по себе е празно и неодредено.
26. Секој момент е условен со претходниот и постои само доколку овој престанал да бидува (Начелото на разлог на битието во времето...).
27. Времето ја овозможува аритметиката.
28. Едноставното (...) во аритметиката е единицата.

Б) ПРОСТОР
1. Постои само еден простор, и сите различни простори се само дел од тој простор.
2. Разните простори не се еден до друг, туку се симултани.
3. Просторот не може да се укине со мислење, но мислењето може да укине се’ што е во просторот.
4. Просторот има три дименизии: висина, ширина и должина.
5. Просторот е деллив до бескрај.
6. Просторот е хомоген и тој е континуум: тоа значи дека ниту еден негов дел не се разликува од од другиот, ниту е одвоен од друг на начин што не би бил простор.
7. Просторот нема граници, туку границите се во просторот.
8. Ние мериме со помош на просторот.
9. Симетријата е само во просторот.
10. Ние законите на просторот ги сознаваме априори.
11. Просторот се перцепира непосредно априори.
12. Просторот никогаш неможе да исчезне, туку постои стално.
13. Просторот е неподвижен.
14. Се’ што е во просторот има само едно место.
15. Просторот нема движење, туку во него е сето движење, кое претставува промена на местоположбата на движното, во спротивност со непоколебливиот мир на просторот.
16. Секое движење е можно само во просторот.
17. При исто време, брзината е право-пропорционална спрема просторот.
18. Просторот е мерлив непосредно самиот со себе, а посредно е мерлив и со помош на движењето, кое што во ист замав е и во просторот и во времето...
19. Просторот е вечен, секој негов дел е засекогаш.
20. Во просторот, сам за себе, се’ бидува во ист замав.
21. Просторот го чини возможно постоењето на супстанцијата.
22. Ниеден дел од просторот не ја содржи истата материја што ја содржи некој друг дел.
23. Просторот е principium individuationis.
24. Точката е беспросторна.
25. Просторот по себе е празен и неодреден.
26. Со положбата на секоја граница во просторот во однос на било која друга строго е одреден нејзината положба и спрема секоја друга можна (Начело на разлог на битието во просторот).
27. Просторот ја овозможува геометријата.
28. Едноставното во геометријата е точката.

В) МАТЕРИЈА
1. Постои само една материја, и сите разни ствари (штоф) се само различни состојби на истата: како таква, ние ја нарекуваме супстанција.
2. Различните материи (нешта) не се тоа поради супстанцијата, туку со акциденциите.
3. Уништувањето на материјата е незамисливо, но со мислата можат да се укинат сите нејзини облици и квалитети.
4. Материјата постои, што ќе рече – таа делува во сите димензии на просторот и низ целата должина на времето, со што ги спојува просторот и времето, а таа и ги исполнува. Во тоа се состои нејзината суштина, таа е скороз-наскроз каузалитет.
5. Материјата е деллива до бескрај.
6. Материјата е хомогена и таа е континуум, што значи дека таа не се состои од делови што се првобитно различни (...), ниту првобитно одвоени (атоми); таа, демек, не е составена од делови кои суштински би биле одвоени едни од други со нешто што не би било материја.
7. Материјата ниту настанува, ниту не-станува, туку сето настанување и не-станување е во неа.
8. Ние вагаме со помош на материјата.
9. Размнотежата е само во материјата.
10. Ние законите на супстанцијата на сите акциденции ги осознаваме априори.
11. Априорна материја е само онаа на мислењето.
12. Акциденциите се менуваат, супстанцијата е постојана.
13. Материјата е рамнодушна спрема мирувањето, иста како и спрема движењето, што значи дека првично не е склона ни кон едното ни кон другото.
14. Се’ материјално е дејствително.
15. Материјата е она постојаното во времето и подвижното во просторот: траењето го мериме споредувајќи го она што мирува со тоа што е во „покрет“.
16. На материјата секое движење и’ е можно.
17. Величината на движењето, при еднаква брзина, е во геометриски сразмер спрема материјата тоест масата.
18. Материјата како таква е мерлива (маса), што ќе рече дека таа може, сходно својот квалитет, да се одреди само посредно, имено само со помош на величината на движењето...
19. Материјата е апсолутна: т.е. таа не може да настане или да исчезне, па оттаму ни нејзиниот квантум не може да биде ниту зголемен, ниту смален.
20. 21. Материјата го спојува непостојаното бегање на времето со крутата неподвижност на просторот, оттаму таа е постојана супстанција со променливи акциденции. Промената, за секое место и секое време, ја одредува каузалитетот, којшто заправо ги врзува просторот и времето и ја сочинува сета суштина на материјата.
22. Материјата е како постојана, така и непорбојна.
23. Индивидуите се материјални.
24. Атомот е без реалност.
25. Материјата по себе е без облик и без квалитет, интертна, што ќе рече рамнодушна и кон мирувањето и кон движењето, галиба неодредена.
26. Секоја промена на материјата може да настапи само со помош на некоја друга промена кој и’ претходи; оттаму, некаква прва промена, како и некаква првобитна состојба на материјата е исто толку незамислива, како и некаков почеток на времето или граница на просторот (Начело на разлог на постоењето).
27. Материјата како движно во просторот, ја овозможува физиката.
28. Едноставното во физиката е атомот.


(изд. Матица Српска)

No comments:

Post a Comment