Wednesday, October 3, 2018

Керол Квигли: ТРАГЕДИЈА И НАДЕЖ – Историја на светот од нашето време ЕВОЛУЦИЈА НА ЦИВИЛИЗАЦИИТЕ


IV БАФЕРСКАТА ИВИЦА
БРИТАНСКАТА ИМПЕРИЈАЛНА КРИЗА: Африка, Ирска и Индија до 1926 г.
Правењето на Комонвелтот 1910 – 1926

Откако Јужна Африка беше обединета во 1910, таканаречена „Детската градинка“ се врати во Лондон за да се обиде да ја „федерира“ целокупната империја со истите методи. Тие брзаа да го постигнат ова пред избувањето на војната со Германија за кои тие сметаа дека надоаѓа. Со парите на Ејб Бејли тие ја основаа Тркалезната маса „спакувана“ од Кер (Лотиан), се среќаваа во формални енклави претседавани од страна на Милнер за да ја одлучат судбината на Империјата и регрутираа нови членови за групата, главно од Њу Колеџ, каде што Милнер беше професор. Меѓу новите регрути беа историчарот Ф.С. Оливер (Сир Оливер), Афред Цимерн (Сер), Реџиналд Копланд, Лорд Ловат и Валдорф (Лорд) Астор. Кертис и другите беа пратени околу светот да организираат Тркалезни маси во главните британски депанданси.
Во текот на неколку години (1910-1916) групите очајнички работеа за да изнајдат прифатлива формула за федерализација на империјата. Три книги и бројни статии се појавија од овие дискусии, но постепено стануваше јасно дека федерацијата е неприфатлива за депандансите од англиското говорно подрачје. Лека полека, беше решено да се разврзат сите врски меѓу тие депанданси, освен можеби припадноста кон Круната, како и зависноста од зедничкиот „аутлук“ на Англичаните, со цел да се држи кралството обединето. Тоа го вклучуваше и менувањето на името од Бритранска империја во „Комонвелт на нации“, како што гласеше и насловот на Кертисовата книга од 1916, при што на главните депанданси, вклучувајќи ги Индија и Ирска, им се додели комплетна независност (ама градуално и како слободен поклон, а не поради принуда). Истовремено, се делува да се доведат Соединетите американски држави поблиску до оваа ориентација и се бараат начини, по пат на пропаганда, да се зацврстат сентименталните врски меѓу финансиерите, образовните системи и политичките лидери во секоја од овие земји.
Напорите да се донесат колониите во поблиска релација со мајката-земја воопшто не беа нови во 1910, ниту пак беа подржувани единствено од групата на Милнер и Сесил Родс. Сепак, акциите на оваа група беа ненадминливи. Јадниот војнички перформанс на Британските сили за време на Бурската војна доведе до создавање комисија за истражување на Јужноафриканската војна на чело со Лорд Ашер (Брет) како нејзин претседател (1903). Меѓу другото, комисијата препорача креирање на перманентен Комитет за империјална одбрана. Ешер постана (неофицијален) претседател на тој комитет, задржувајќи ја таа позиција до крајот на својот живот (1905-1930). Тој беше во состојание да установи Империјален генералштаб во 1907 г. и да спроведе комплетна реорганизација на воените сили на Нов Зеланд, Австралија и Јужна Африка, така за тие да бидат инкорпорирани внатре империјалните сили во случај на тревога (1909-1912). Во самиот комитет, тој створи способен секретаријат, којшто натаму лојално соработуваше со Родс-Милнеровата групата. Ова друштво го сочинуваа (Сер) Морис (подоцна лорд) Хенки и (Сер) Ернест Свинтон (кој во 1915 го измисли тенкот). Кога во 1916-1917 Милнер и Ешер ја убедија Владата за прв пат да создаде министерство, задачата на големо му беше доверена на секретаријатов при Комитетот за империјална одбрана. Во тој контекст треба да се спомне дека Хенки беше секретар на Комитетот цели 30 години (1908-1930), секретар на Владата 22 години (1916-1938), таен советник 15 години (1923-1938), генерален секретар на пет империјални конференции меѓу 1921 и 1938, секретар на британската делегација на речиси секоја важна меѓународна конференција од Версај 1919 до Лозана 1932, и еден од водечките адвајзори на конзервативните влади после 1939 година.
Се’ до 1907, прекуморските порции на Империјата (со исклучок на Индија) со кралската влада комунициираа преку државниот секретар на дадената колонија. Заради додаток на овие односи, во Лондон се одржаа конференции на премиерите на автономните колонии во 1887, 1897, 1902, 1911, 1917 и 1918 год. со цел да се дискутираат заедничките проблеми. Во 1907 беше одлучено ваквите конференции да се оддржуваат секои 4 години, колониите да се прекрстат во „доминиони“ и да се бај-пасира колонијалниот секретар, со Департмент за доминионите. Влијанието на Раскин, меѓу другите, можело да се забележи на конференцијата до 1911, кога е утвртдено оти Империјата почива на три столба: 1) владеење на правото, 2) локална автономија и 3) старателство над интересите и фортуните кај оние субјекти кои сеуште немале стекнато самоуправа.
Конференцијата од 1915 не можело да се одржи поради Војната, но штом Милнер станал еден од четворицата членови на Воениот кабинет, неговото влијание почнало да се чувствува насекаде. Спомнавме дека тој оформил Владин секретаријат во 1916-1917 кој се состоел од двајца протежеа на Ешер (Хенки и Свинтон) плус двајца негови луѓе (неговите секретари Лиополд Амери и В.Г.А. Ормсби Гор, подоцнежниот лорд Харлек). Во истовреме, тој на премиерот Лојд Џорџ му обезбедил и секретаријат од Тркалезната маса, кој се состоел од Кер (Лотиан), Григ (Лорд Алтринчам), В.Г.С. Адамс (предавач на Колеџот Ол соулс), како и Астор. Тој создал Империјален воен кабинет, кој го дополнил со премиери од доминионите (конкретно – Смитс). Исто така, свикал Империјални конференции во 1917 и 1918 на кои ги поканил доминионите да етаблираат резидентни министри во Лондон. Како што војната се ближела кон крајот, Милнер ја зел службата на Колонијалниот секретаријат, со Амери како свој асистент ја испреговарал спогодбата за независност на Египет, сетирал нов устав на самоуправната влада на Малта, го пратил Кертис в Индија (каде тој направил нацрт на главните одредби на Актот на Индиската влада од 1919), па го назначил Кертиса на позицијата Адвајзор за ирските прашања (кајшто тој одиграл битна улога при доделувањето на доминионски статус за јужна Ирска во 1921), и’ дал на Канада дозвола да воспостави сепаратни дипломатски односи со САД (при што, за прв амбасадор е поставен зетот на Милнеровиот најблизок соработник од Трустот на Сесил Родс), за на крајот да ја свика Империјалната конференција во 1921 година.
За време на десетлетието 1919-1920, Родс-Милнеровата група му дала главен поттик на трансформирањето на Британската империја во Комонвелт од нации, како и во лансирањето на Индија кон одговорна сопствена влада. Создавањето на групите на Тркалезната маса, од страна на Милнеровата тнр. Детска градинка во 1909-1913, означи нов ден во тие домени, иако целата групација беше толку таинствена, што и ден-денес, мнозина студенти на тој субјект не се свесни за нејзиното значење. Тие мажи го имаат оформено својот интелектуален развој на Оксфорд, при Периклевиот погребен ораториум, како што е опишано во книгата „Грчки Комонвелт“ од (Сер) Алфред Цимерн (1911), а врз база на делата: „За помирувањето со Америка“ од Едмунд Берк, потоа „Растежот на британската политика“ од сер Џ.Б. Сили, потем „Законот и царината на Конституцијата“ од А.В. Дајси, како и „Проповедите на планината“ од Новиот Завет. Последново влијаеше особено врз Лионел Кертис. Тој имаше фанатично убедување дека, со соодветен дух и соодветна организација (локална автономија плус федерализам) Царството Божје може да се воспостави на Земјата. Тој беше сигурен дека, ако во народите се има малку повеќе доверба од тоа што се смета дека го заслужуваат, истите ќе се покажат достојни за таквото поверение. Како што самиот напиша во „Проблемот на Комонвелтот“ (1916), „доколку на групите луѓе им се додели политичка моќ пред тие да се спремни за таквото нешто, тие ќе тендираат кон искачување на потребното ниво“. Тоа беше духот што Милнеровата група се обиде да го употреби кон Бурите 1902-1910, кон Индија 1919-1947, и за беља, кон Хитлер 1933-1939. Ваквиот светоглед беше рефлектиран во Кертисовите три тома светска историја, публикувани под називот Civitas Dei во 1938. Во случајот на Хитлер, таквите возвишени идеи доведоа до дизастер; дали оваа група успеа во трансформирањето на Британската империја во Комонвелт од нации или само успеа во деструирањето на Британското царство се’ уште не е јасно, па ќе видиме.
Дека овие идеи не биле само Кертисови, туку биле споделувани од групата како целина, ќе му биде јасно на оној што ќе ја проучува истата. Кога лорд Лотиан умре 1940 во Вашингтон, Кертис објави еден том од неговите говори каде го вклучи воспоминанието што го напиша Григ на Тркалезната маса. За Лотиана пишаа дека „тој држеше оти луѓето треба да тежнеат кон изградбата на Небесно Царство тука на Земјава, и дека лидершипот на таквата задача треба да го имаат пред се’ и над се’ народите од англиското говорно подрачје“. Други ставови на таа инфлуетна група би можеле да се зберат од цитатите од четирите книги, објавени од Кертис меѓу 1916 и 1920: „Владеењето на законот е во контраст со владеењето на индивидуата и претставува разликувачки белег на Комонвелтот. Во деспотиите, властите почиваат на авторитетот на владетелот, или на невидливата и неконтролибилна моќ зад него. Во Комонвелтот, владетелите го деривираат својот авторитет од законот, а законот од јавното мислење, кое е компетентно истиот да го промени... Идејата дека принципот на Комонвелтот имплицира универзално гласачко право претставува игноратско предавство на неговата вистинска природа. Тоа начело напросто значи дека власта почива на должностите на граѓаните еден кон друг и дека истата треба да биде доверена на оние кои се способни да го стават јавниот интерес пред сопствениот... Обврската да се подготви доделувањето слобода за оние раси кои се’ уште не можат сами себеси да се владејат е врвна должност на оние што за тоа се способни. Тоа е духовна цел за којашто Комонвелтот и постои, а материјалниот поредок не е ништо освен средство за нејзино постигнување... Народите на Индија и Египет, не помалку од оние на Бритаснките острови и Доминиони, мора постепено да бидат учени за менаџирање на нивните национални ствари... Целиот ефект од Војната (од 1914 до 1918) беше да се доведат движењата што долго се создаваа до ненадеен климакс... Компањонството по оружје го воспали долго време тлеечкиот ресентиман против претпоставката дека Европејците се предодредени да го доминираат остатокот од светот. Во секој дел на Азија и Африка истиот пламна в оган... Лично, јас го сметам овој предизвик на долго време неоспореното тврдење дека белиот човек треба да го доминира светот како неизбежен... Светот е во агонија која му претходи на раѓање или смрт. Сета наша раса ја надрасна националната држава и сигурно, како што е сигурно дека по денот иде ноќ, а по ноќта – ден, ќе се прејде или на Комонвелт на нации или на Империја на робови. Прашањето на оваа агонија лежи врз нас.“
Во овој „спирит“ групата Милнер-Сесил Родс направи обид Британската империја да стане федерација во 1909-1916. Постепено, тој проект беше заменет или одложен во полза на комонвелт-проект за слободна кооперација. Милнер изгледа го имаше прифатено помалиот таргет по митингот, спонзориран од Империјалната парламентарна асоцијација на 28 јули 1916, кога исцрта проект на федерација со референци кон текстовите на Кертис, меѓутоа увиде дека ниеден од присутните доминиони не би брифатиле нешто такво. На Империјалната конференција од 1917 под негово водство, беше одлучено дека „било кое преосмислување на конститутивните односи ... треба да биде базирано на целосно признавање на Доминионите како автономни нации на Империјалниот Комонвелт и на Индија како важен дел од истиот, натаму - да го признае правото на Доминионите и на Индија на адекватен глас во надворешната политика и во односите со странство, како и да обезбеди ефективни аранжмани за континуирани консултации по сите битни прашања од заеднички империјален интерес“. Друга резолуција повика на целосно претставување на Индија во идните империјални конференции. Тоа беше сторено во 1918 година. На оваа втора военодопска Империјална конференција беше решено дека премиерите на доминионите би можеле директно да комуницираат со премиерот на Обединетото кралство, како и дека секој доминион засебно може да постави резидентен министер во Лондон кој би имал седиште во Империјалниот воен кабинет. Милнер бил главната мотивирачка форца во тие собитија. Тој се надевал дека Империјалниот воен кабинет би продолжил да се среќава годишно после Војната, но тоа не се случило.
Во текот на овие години 1917-1918, беше направен нацрт-декларација за воспоставување комплетна независност за доминионите, со исклучок на извесна припадност кон Круната. Таа не беше обелоденета се’ до 1926. Наместо тоа, во јули 1919 Милнер даде официјална изјава која вели: „Обединетото кралство и Доминионите се партнерски нации; сеуште не со еднаква моќ, ама со еднаков статус... Единствената можност за продолжеток на Британската империја е врз база на апсолутното аут-енд-аут партнерство помеѓу UK и доминионите. Го велам ова без никаква задршка по било која основа“. Ова гледиште беше рестартирано во тнр. Балфурова декларација од 1926 и беше ставено в сила во Вестминистерскиот статут од 1931 година. Б.К. Лонг од Јужно-африканската Тркалезна маса (кој беше Колонијален уредник на весникот „Тајмс“ од 1913 до 1921 год. и уредник на Родсовиот журнал „Кејп тајмс“ во Јужна Африка од 1922 до 1935) нам ни кажа дека таквите одредби во Декларацијата од 1926 биле усогласени во 1917, за време на Империјалната конференција организирана од Милнер. Членовите биле формулирани од страна на Џон В. Дефо, уредник на „Винипег фри прес“ дури 43 години и највлијателен новинар во Канада во речиси сиот тој период. Дефо го убедил канадскиот прајм-министер сер Роберт Борден да ги прифати неговите идеи, по што ги довел Лонг и Доусон (уредник на „Тајмс“). Доусон го преговарал договорот со Милнер, Смитс, и останатите. И покрај тоа што Австралија и Нов Зеланд биле далеку од задоволни, влијанието на Канада и Јужна Африка успеало да го донесе споразумението. Девет години подоцна, тоа беше објавено под името на Балфур на конференција свикана од Амери.

Источна Африка 1910 – 1931
...


(first published in “MACMILLAN company” New York 1966)

No comments:

Post a Comment