Tuesday, April 16, 2019

Чарлс Дикенс: ПРИКАЗНА ЗА ДВАТА ГРАДА



ВТОРА КНИГА
Златната книшка

XXII глава
МОРЕТО УШТЕ Е РАЗБУШАВЕНО

Истоштениот Сан Антоан беше минал една страсна недела, во која што тврдиот и горчлив залак му се размени за насладата од братски прегратки и поздравувања. Мадам Дефарж стоеше зад тезгата како и обично и ги распоредуваше клиентите. Мадам Дефарж не носеше ружа во косата, затоа што за една седмица големото братство на шпиуните беше станало крајно ... претпазливо и таа не се доверуваше на милоста на светецот. Уличните лампи злослутно се нишааа.
Мадам Дефарж седеше со скрстени раце среде утринската светлина и топлина, созерцавајќи ги крчмата и улицата. И на двете страни имаше луѓе што се шлаеја, мрсни и окајани, но веќе со едно јавно чувство за власт, кое ја надгорнуваше нивната невоља. И најпарталавото „боне“, што штрчеше накриво на најклетата глава, божем кажуваше: „Знам колку ми е тешко на мене – носителот на ова боне – што продолжувам да живеам, но знаете ли колку истовремено ми е лесно на мене, носителот на ова боне, да ве уништам?“ Секоја измршавена рака, која претходно висела во бездејствие, сега беше спремна да удри. Прстите на плетечките жени беа зли и можеа искусно да растргнат. Изразот на Сен Антоан се беше променил. Стотици години лицето му се отпечатуваше врз квартот и сега последните завршни удари му беа оставиле длабоки последици.
Мадам Дефарж седеше и набљудуваше со она воздржано задоволство кое и’ прилегаше на водачката на жените од Сен Антоан.
Една од нив седеше до неа и плетеше. Ниската, доста полничка жена на еден мизерувачки бакал, мајка на две деца, веќе си имаше извојувано револуционерно име - Одмазда.
-Чујте – рече Одмаздата. –Слушајте, де! Кој иде?
Слично на струја барут, внедоапица истрелана од најдалечната населба на квартот Сен Антоан кон вратата на крчмата, до нив долета брзо разнесувачки шум од гласови.
-Тоа е Дефарж – кажа мадам. –Тишина патриоти!
Дефарж дојде задишан, го истави црвениот качкет од главата и се загледа.
-Слушајте сите! – рече одново мадам. –Чујте што ќе ви каже тој!
Дефарж стоеше запуфтан на фонот на жедни очи и отворени усти, којшто се беше образувал пред вратата. Сите кои седеа внатре крчмата беа на нозе.
-Кажи сега мажу! Што се случува?
-Новини од оној свет!
-Како така – извика презриво мадам – од оној свет?
-Си припомнувате ли сите вие тука за стариот Фулон (Фулон, Жозеф 1717-1789, - генерален инспектор на финансиите при Луј XIV – убиен од народот на 22 јули 1789 г.) кој му кажа на гладниот народ дека треба да пасе трева и кој умре, заминувајќи во пеколот?
-Го помниме – се пронесе од сите грла.
-Новината е за него. Тој е меѓу нас.
-Меѓу нас? – се разнесе повторно од сеопштото грло. – И мртов?
-Не е мртов. Тој толку стравувал од нас, и со право, што се престорил дека е мртов и му бил направен фамозен лажен погреб. Арно ама, тој е најден жив, се криел во провинција, и сега е доведен тука. Еј, баш сега го видов како го водат во кметството како затвореник. Кажав оти тој со право се плашел од нас. Кажете сите, имав ли право?
Ако можеше да го чуе громкиот вик, клетиот стар грешник – на повеќе од 70 години – дури и да не знаеше ништо, во длабочините на срцето ќе му беше јасно што го чека.
Настапи момент на длабока тишина. Дефарж и жена му тврдо се погледнаа в очи. Одмаздата се наведна и се чу како тропа барабан, што таа си го премести на раката од зад тезгето.
-Патриоти! – рече Дежарж со решителен глас. – Спремни ли сме?
Веднага ножот на мадам Дефарж светна во нејзиниот појас. Добошот биеше по улиците, откако тој и неговата сопственичка, на магичен начин излетаа заедно. Одмазда пушташе ужасни пискотници и мавташе со рацете околу глава, додека околу неа се беа збрале сите 40 фурии. Таа одеше од куќа до куќа и ги дигаше жените.
Мажите, кои гледаа низ прозорците, беа застрашувачки со нивниот крвав гнев во очите. Грабаа било какво оружје што ќе им дојдеше до рака и излегуваа како руља на улицата. Но, жените претставуваа гледка која ги пребледнуваше и најхрабрите. Тие се откинуваа од бедното домаќинство, од децата, од старите и болните, кои се виткаа по земја гладни и голи, се разлеваа со разбушавени коси и една со друга си се возбудуваа, со најбезумни крици и дејствија. „Злосторникот Фулон е фатен, сестро! Стариот Фулон е фатен, мајко! Изродот Фулон е фанат, ќерко!“ По нив, 20 други се втурнаа кон толпата, се маваа по градите, ги скубеа косите и крештеа: „Фулон е жив! Фулон кој му велеше на народот да пасе трева! Фулон кој на стариот ми татко му кажа да јаде трева, кога јас неможев да му дадам леб! Фулон кој ми рече дека моето бебенце треба да цица трева, кога овие гради пресушија од глад! О, мајко Божја, тој Фулон! О, Господи, нашите маки... Чуј ме, мое мртво детенце и мој болен татко! Се колнам на колена врз оваа калдрма дека ќе му се осветам на Фулон за вас! Мажи, браќа и младинци, дајте ни ја крвта на Фулон, дајте ни ја главата на Фулон, дајте ни го срцето на Фулон, дајте ни го телото и душата на Фулон, насецкајте го Фулон на парчиња и закопајте го во земја, за од него да израсне трева!“ Со такви повици стотици жени, попаднати во слепа јарост, се вртеа наоколу, ги удираа и кинеа пријателките, додека на крајот не паднаа во страстен транс и единствено мажите ги спречија да не ги смачкат.
Наспроти тоа, не се изгуби ниту миг, ниту миг! Тој Фулон беше во кметството и можеше да избега. За ништо на светот! Бидејќи Сен Антоан ги знаеше своите страдања, обиди и невољи! Вооружени мажи и жени излегоа од квартот толку брзо и ги исшмукаа зад себе последните останки со таква сила, што за четврт сааат во пазувите на Сен Антоан немаше ни жива душа, освен неколку старци и дребникави деца.
Не. За тоа време луѓето се бутаа во салата за истраги кадешто се наоѓаше тој старец, грозен и зол, и се прелеваа во соседниот плоштад и улици. Дефарж – мажот и жената – Одмазда и Жак Трети беа во првата редица, близу со него.
-Видете – извика мадам, посочувајќи со ножот. Гледајте го стариот злосторник како е врзан со јажиња. Убаво му туриле сноп трева на грбот. Ха-ха-ха. Тоа е добро. Нека ја јаде сега! – Мадам го стави ножот под пазуви и заплеска со рацете како на театарска претстава.
Луѓето непосредно зад мадам Дефарж им го објаснија разлогот за нејзиното задоволство на оние зад нив, а тие пак им објаснија на поназад стоечките, се’ додека соседните улици не ечеја од аплаузи. На истиот начин, през две-три часовната расправа, за време на која се рекоа многу „крини“ думи, честите изливи на нестрпливост на мадам Дефарж се потфаќаа со зашеметувачка брзина и тоа на не баш мало растојание. Некои мажи, кои со поразителна „гипкост“ се беа качиле на фасадата, за да гледат што се случува внатре, ја препознаа мадам Дефарж и служеа нешто како телеграф меѓу неа и масата вон зградата.
На крајот, сонцето се издигна толку високо што испрати еден благ зрак на надеж или на закрила точно врз главата на стариот затвореник. Но милоста беше преголема за да можат да ја понесат присутните. За миг, бариерата од прашина и плева, која се беше задржала изненадувачки долго, се раздува со ветрот и  Сен Антоан го зграпчи!
Тоа мигновено се расчу до најдалечните редици на толпата. Дефарж штотуку беше прескочил еден парапет и една маса и беше го стиснал клетиот несреќник во злослутна прегратка; мадам Дефарж го следеше и фати едно од јажињата со кои беше врзан. Одмазда и Жак Трети уште не ги беа стасале и мажите по прозорците уште не се беа втурнале во салата како птици-стрвинари што пикираат од високо, кога над градот грмна језив повик: „Извадете го, извадете го до лампата!“...

XXIII глава
ОГНОТ СЕ РАЗГОРУВА

...Ноќта стануваше се подлабока. Дрвата, кои го заобиколуваа стариот замок и го одделува од околниот свет, се движеа од засилувачкиот ветер, божем заплашувајќи дека ќе ја срушат зградата, која изгледаше темна и грамадна в мракот. Дождот незадржливо лееше врз двата надворешни столбови и ја удираше огромната врата како брз вестоносец, кој се обидува да ги разбуди оние што внатре спиеја. Тревожни пориви на ветрот минуваа низ салонот, меѓу старите копја и оклопи, со жален завој се качуваа нагоре и ги вееја завесите на леглото, кајшто спиеше последниот маркиз. Од исток, запад, север и југ преку горите се промолкнуваа четири рошави фигури, кои тешко чекореа по високата трева, ги кршеа гранките и внимателно се насочуваа кон дворот на замокот. Светнаа четири светлини, после се придвижија во различни насоки и се’ наново потона во мрак.
Но, не за долго. Наскоро замокот чудно се озари од некаква сопствена светлина, божем стана фосфоресцентен. Една проблескувачка „ватра“ заигра по предната фасада и се насочи кон прозрачните места, каде што имаше слемиња, сводови и прозорци. Потоа се извиши нагоре и почна да станува се’ поширока и појарка. Не за долго, од десетина големи прозорци избувнаа пламени и скаменетите лица се разбудија, погледнувајќи во огнот.
Од куќата се пронесе слаб шум, кој доаѓаше од малкуте лица што беа таму останале. Некој оседла коњ и замина некаде. Во мракот се слушаше удирање на шпори и пљускање. На плоштадчето со селската чешма се затегнаа узди и еден коњ, сиот во пења, застана до вратата на месје Габел. „Помош, Габел! Сите на помош!“ Камбаната биеше упорно, но друга помош (ако оваа може да се нарече помош) не доаѓаше од никаде. Мајсторот и 250 негови блиски пријатели стоеја со скрстени раце до чешмата и гледаа во огнениот столб, што се виеше во небото. „Сигурно е висок 40 стапки“ – говореа мрачно, без да се помрднат.
Јавачот од замокот и распењавениот коњ испотропаа кроз селото и фатија нагоре, по камената стрмнина, кон затворот и скалата. На вратата, група офицери го набљудуваа пламенот. „Помош господа офицери! Замокот гори. Само со итна помош може да ги спасиме скапоценостите. Помош, помош!“ Офицерите погледнаа кон војниците, кои зјапаа во огнот. Не дадоа никакви команди. Одговорија со кревање на рамениците, додека си ги гризеја усните: „Треба да изгори“.
Кога коњаникот повторно се спушти по ридот и пак мина през улицата, целото село светеше. Работникот и 250-те блиски пријатели, воодушевени како еден човек од идејата за светлина, се беа втурнале во куќите и си беа поставиле свеќи во секое возможно исчадено садче од стакло. Општата оскудица од се’ и сешто, на секоја куќа и’ беше наложила да позајмуваат свеќи од месје Габел. Тој пак се беше поколебал и за момент пројави некакво упорство, ама работникот, порано толку покорен на власта, му кажа дека од неговата кочија ќе се добие многу убав огон, а дека поштенските коњи ќе може добро да се препечат.
Замокот беше оставен да изгори во пламените јазици. Пожарот беснееше и пламеноцрвениот ветер, што идеше директно од пеколот, напросто ја одвејуваше зградата. Ватрените јазици ту се снижуваа, ту се издигнуваа и притоа скаменетите фаци се покажуваа мачни како да се во адска агонија. Кога огромната маса камен и дрво рикна, лицето со две рецки на носот се изгуби.
Замокот согоруваше. Најблиските дрва, што ги досегна огнот, пламнуваа и се извиткуваа. Подалечните дрвја, потпалени од четирите јаросни фигури, го оградија горечкото здание со една нова планина од чад. Во мермерниот базен на фонтаната вриеше растопено олово и железо. Водата испари, куполите на урнатите кули се стопија као лед во врелината и потекоа надолу во четирите зинати кладенци од огин. Јаките карпи се пресекоа од огромни пукнатини, слични на кристали. Избезумнени птици кружеа наоколу и паѓаа во печката. Четирите јаросни фигури си кинисаа – на исток, запад, север и југ – по патиштата затскриени од ноќта, а водени од светилникот којшто сами го запалија, кон следната цел. Светнатото село ја беше зазело камбанаријата и откако го соборија ѕвонарот на црквата, радосно биеја со камбаната.
И не само тоа. Селото, замаено од глад, оган и камбанариски ѕвон, одлучи дека месје Габен има нешто заедничко со збирањето даноци и наеми – макар што последните дни Габел беше собрал малку даноци и никаков наем – и нестрпливо побара средба со него. Селаните му ја заобиколија куќата и го викнаа да излезе на разговор. Притоа, месје Габел ја замандали портата и се повлече за да се посвети сам на себе си. Резултатот на разговорот беше дека Габел се качи на покривот зад купишта ствари. Сега беше решен, ако ја разбијат вратата (тој беше ситен човек со јужњачка, одмаздувачка нарав) да се наведне колку што може над парапетот и да бутне неколку селани долу.
Сигурно месје Гебел истера долга ноќ на кровот, од каде наместо топлина и светлина, се гледаше горечкиот замок, а наместо музика, се слушаше тропањето по вратата и ликувачкиот ѕвон, да не говориме за злокобната лампа пред вратата на неговата станица, која селаните, во негова чест, сакаа да ја преместат на друго место. Беше доста големо напрегање да протераш цела летна ноќ на работ на црниот океан, готов секој момент да скокне на тебе, како што мислеше месје Габел. Но, на крајот дојде доброто утро, свеќите на селаните изгореа, луѓето фала Богу се распрснаа и месје Габел слезе долу за миг сочувувајќи си го животот. На околу сто миљи оттаму, среде блесокот на други пожари, таа ноќ имаше и понек‘сметлии службеници, кои изгрејсонцето ги најде обесени на некогаш тивките улици, каде што се беа родиле и израснале. Исто така, имаше и други случаи на селани и граѓани, понесреќни од работникот и неговите другари, со кои службениците и коњаниците се имаа справено поуспешно и беа испообесени долж улиците. Меѓутоа, јаростните фигури полека но сигурно се придвижуваа на исток, запад, север и југ. И којгоде висеше на бесилката, огинот продолжуваше да гори. Никој не беше во состојба со никакви математички бројки, да определи колку високи треба да бидат бесилките, за да го претворат во вода и да го угасат.

XXIV глава

...

No comments:

Post a Comment