Преработени од општиот
редовен Конгрес през 1925 година
ПРАВИЛНИК
На Внатрешната Македонска
Револуционерна Организација
Оддел V
КОНГРЕСИ
Член 145. – Се предвидуваат три вида конгреси: околиски, окружни и општи.
Чл. 146. – Околиските конгреси се свикуваат еднаш во две години, а
окружните и општите - на три години. Иницијативата за свикувањето, а исто така
и опоределението на датумот и местото на конгресите, принадлежи на
респективното управление. Општиот конгрес се уредува од страна на Централниот
комитет.
Чл. 147. – Независно од редовните, се предвидуваат и вонредни конгреси,
коишто се свикуваат на истиот начин, секогаш кога е неопходно, но само со
изрична согласност на началството. Вонредните општи конгреси се свикуваат по
иницијатива на Централниот комитет, ако повеќето окрузи тоа го пожелуваат.
Чл. 148. – Делегатите на околиските конгреси се избираат од месните управи.
За таа цел, околиската управа ја разделува околијата на неколку избирачки
секции, на коишто им го определува бројот на делегатите. На определениот датум
сите месни управи од секцијата испраќаат по еден или два члена од својот
состав, кој го избираат делегатите.
Заб. Ако некоја управа не е во состојание да се претставува лично, тогаш таа
делегира полномошници кои гласаат наместо неа.
Чл. 149. – Во околиските конгреси се предвидуваат 10-15 делегати.
Околискиот војвода е по правило делегат.
Заб. - Бројот на делегатите се определува под присмотра на околиската
управа.
Чл. 150 – Делегатите на окружните конгреси се избираат од околиските
конгреси.
Секоја околија избира 3 до 5 делегати според големината и’. Бројот се
определува од окружниот комитет.
Делегатите на општите конгреси се избираат од окружните конгреси, според
следното: Битолски револуционерен округ – 11 делегати; Скопски – 9; Солунски –
7; Серски – 6; Струмички – 7.
Чл. 151. – Членовите на Централниот Комитет се директни делегати на општиот
конгрес, а тие на Представителството се восприемаат како советодателни членови
(без право на глас).
Чл. 152. – За делегати на општиот конгрес можат да се избираат само активни
внатрешни работници. Секој оној што повеќе од една година ја напуштил
организационата територија како член, го губи правото на избирателност за
делегат при општиот конгрес.
Чл. 153. – Членовите на Представителството можат да бидат избрани за
делегати на општиот конгрес. Исто така, можат да бидат избрани и пунктовите
началници и главниот редактор на организационите органи, но ако са биле минимум
една година членови на Организацијата во самата нејзина територија.
Заб. По решение на општиот конгрес, стари заслужни дејци можат да се примат на
конгресот со право на советодателен глас.
Чл. 154. – Изборот на делегатите се верификува со лично полномошно,
потпишано од бирото на конгресот. Препис од конгресната резолуција, врз основа
на која е издадено полномошното, се испраќа до конгресот, за кој се избрани
делегатите.
Чл. 155. – Мандатот на делегатите важи само за конгресот на којшто се
избрани. После секој неодржан или осуетен конгрес, обавезно се избираат нови
делегати.
Чл. 156. – Заседанијата на конгресот се законити доколу присуствуваат
минимум 2/3 од избраните делегати. Решенијата се носат со апсолутно мнозинство
(половина плус 1); при рамногласие одлучува претседателот.
Чл. 157. – Првото заседание на конгресот се смета за предварително. Во него
се проверуваат полномошната на делегатите и се конституира бирото на конгресот,
кое се состои од претседател, потпретседател и еден или двајца секретари,
избрани со апсолутно мнозинство. Прелиминарното заседание се претседава од
страна на најстариот делегат.
Чл. 158. – Ако е нужно, на делегатите им се предвидуваат дневници и патни
трошкови за времетраењето на конгресот, чијшто размер се определува од
респективна управа.
Чл. 159. – При отворањето на секој конгрес се изработува мотивациона
резолуција, која се потпишува од сите делегати или барем од конгресното биро.
Окружните и општите конгреси водат и записници за секое заседание, по можност
поопстојни. Секое лично мнение се протоколира според сакањето на авторот му.
Заб. – Во случај кога резолуцијата се потпишува само од бирото, тогаш првиот
записник се потпишува од сите делегати.
Чл. 160. – Секој околиски конгрес испраќа препис од резолуцијата до
респрективната окружна управа, а секој окружен – до Централниот Комитет и
респективните околиски управленија. Општиот конгрес ја испраќа резолуцијата до
сите околиски и окружни управи.
Заб. – Самиот оригинал на резолуцијата, како и протоколите и другите документи
ако има такви, се депонираат во архивата на управлението.
Чл. 161. – Централниот Комитет може да делегира свој полномошник за следење
на текот на даден окружен конгрес. Окружните управи делегираат полномошници за
околиските конгреси.
Чл. 162. – При јавни нередовности и беззаконие, надлежното началство може
да го прогласи конгресот за незаконит и да изврши касација на неговите
делегати. Во таков случај, обавезно се преземаат мерки за произведување нов
конгрес.
Чл. 163. – Конгресите ги бираат респективните управи и делегати и се
занимаваат со разни прашања од делокругот на нивната компетенција. По прашања
од општ карактер, можат единствено да искажат мислење.
Чл. 164. – Вонредните конгреси можат да се занимаваат само со оние
„вопроси“ за кои се специјално свикани.
Чл. 165. – Општиот конгрес е законодавно тело на Организацијата. Тој ги
ревидира и дополнува организационите правилници, статути и директиви и издава
нови.
Чл. 166. – Општиот конгрес има врховна контролна власт во Организацијата. Тој
ги прима извештаите на Централниот Комитет и Представителството, ги разгледува
и се произнесува за нивната дејност, а исто така и за таа на окружните управи.
Тој се произнесува и по направлението на организационите органи и ја определува
нивната идна директива.
Чл. 167. – Општиот конгрес се произнесува за виновноста на обвинетите
членови на Централниот Комитет и Представителството и ја определува нивната
казна.
Чл. 168. – Општиот конгрес се произнесува по општото направление на
Организацијата и ја определува нејзината идна активност и предстојните акции.
Чл. 169. – Во принцип, решенија за општи востанички дејствија можат да
донесат само вонредни општи конгреси, свикани специјално за таа цел од страна
на Централниот Комитет, а в согласност со половината од окрузите. Во тој
случај, решението може да биде законито доколку за него гласале минимум 2/3 од
присутните делегати.
Чл. 170. – При потполна неможност да станат окружни конгреси, окружниот
комитет и околиските војводи избираат делегати за општиот конгрес.
Оддел VI
БОЕВО ВЕДОМСТВО
Глава I
Милицијата и легалните
(месни) чети
...
No comments:
Post a Comment