ЗОШТО ТЕОКРАТИЈА?
За разлика од животните, кои се здружуваат во заедници како што се стадо,
чопор, јато, рој и др. една од заедниците во кои се здружуваат луѓето е
државата. Оваа заедница е потребна да би се створил адекватен амбиент за
нормално функционирање на поединецот и семејството, односно за да се обезбедат
услови за создавање добри луѓе. Со законите кои ги воспоставува, државата како
своја највисока вредност, би требало да го постави човекот и да стори се’ за
тој да биде заштитен со закон, за сите негови позитивни тенденции да бидат
поттикнати, а сите деструктивни однесувања да бидат максимално оневозможени и
санкционирани. Човековиот живот и неговото здравје би требало да бидат
најголема грижа за човековата заедница наречена држава.
Од историјата гледаме дека бројни држави мошне често биле под контрола на
неморални луѓе, што како последица го имало потполниот колапс на тие држави и
истребување и исчезнување на цели народи и цивилизации. Негде главниот разлог за
пропаѓање на државите и народите била нехигиената (како што е случај со
цивилизациите на Мајите и Инките), заради што настапиле разорни и опустошувачки
болести, а некогаш државата пропаѓала поради несовесно користење на природните
ресурси (како што било случај со Грчкото и Римското царство). Во некои случаеви
државата била толку слаба, а народот толку пропаднат и ослабен, што разни
освојувачи ја заземале државата, а некогаш и потполно го истребувале народот во
неа.
Генерално, постојат два начина како државата може да пропадне:
- Кога
народот духовно и физички ќе деградира, па контролата над државата насилно ќе ја
преземаат криминалци и свирепи луѓе, чиј смисол на животот е уживање во
себични и деструктивни облици на задоволства, а на штета како на ним
самите, така и на народите со кои манипулираат. Некогаш таквите
деструктивни владетели и нивните помагатели се од редовите на домашниот
народ, а понекогаш е во прашање странски окупатор.
- Виш и
многу опасен начин на пропаѓање на држава е кога криминалците и мафијата
ќе го убедат народот дека за
негово добро е да биде под окупација и ропство. Во тој случај,
криминалците се претставуваат како добротвори, кои на многу моќни и
разработени начини го прикажуваат ропството и деструктивниот начин на
живот како нешто примамливо и добро.
Горенаведените два облика на пропаст на државата и народот кој живее во неа
може убаво да се опише со експериментот со жабата (која го претставува народот)
и лонецот (којшто ја претставува државата, а водата во него ја претставува
состојбата во самата држава). Ако жабата ја ставиме во лонец со вруќа вода, таа
би сакала да искочи од него (на сличен начин како што народот кој е свесен за
дека државата е под окупација пожелува да излезе од тоа состојание). Меѓутоа,
ако жабата ја ставиме во ладна вода, а потоа водата полека ја загреваме до
точка на вриење, жабата би била сварена во тенџерето, а не би ни осетила што и’
се случило (во прашање е опис на вториот облик на пропаѓање на државата, кога
народот не е свесен што му се случува, туку „ужива“ во сопственото уништување).
Луѓето во текот на историјата организирале различни форми на државно
уредување, и како по правило, сите тие држави пропаѓале според еден од двата
наведени обрасци. Но, постоеле и ретки случаи на јаки и напредни држави во кои
луѓето напредувале и позитивно се развивале во секој поглед, а стапките на
криминал и неморал биле сведени на минимум или воопшто ги немало. Таквите
општества биле уредени по моделот кој го викаме „Теократија“, затоа што
функционирале според законите коишто Творецот ги дал во Библијата (зборот
„теократија“ потекнува од грчките зборови: „Теос“ – Бог и „кратос“ – држава).
Со други зборови, со таквата држава владеел Бог оти тамошните луѓе ги прифатиле
законите кои Он му ги објавил на човекот.
И како што во физичкиот свет постојат точно утврдени закони што се
воспоставени од Оној кој го створил овој свет, така и во духовната сфера –
сферата на човечкиот живот и меѓуљудските односи – постојат точно утврдени и
прецизни закони со чија помош човек може да ја оствари целта на своето постоење
и да доживее највисоки домети на сопствената среќа. И овие закони ги
воспоставил Оној кој го создал овој Свет и човекот за во него да живее.
Во поглавјата што следуваат ќе ги анализираме законите кои Створителот им
ги дал на луѓето со цел организирање силна, здрава и безбедна држава, а се’ со
цел воспоставување амбиент за стварање добри луѓе. Ќе ги проучиме различни
облици на државни уредувања кои постоеле во текот на историјата и причините за
нивното пропаѓање, и ќе ја покажеме снагата и предноста на теократскиот модел
на државно уредување. Истовремено, ќе бидат изнесени практични принципи како
една болестна држава може да прерасне во здрава и моќна држава, преку
делувањето на мал број здрави луѓе.
СЛОБОДА ИЛИ РОПСТВО
Неспорен факт е дека добриот човек и искрениот пријател се највисока
вредност на овој свет и најголемо богатство кое човек може да го има.
Најважната особина на добриот човек е дека е слободен, а на лошиот дека е роб.
Бидејќи човекот функционира на три нивоа – индивидуално, семејно и државно –
слободата и ропството може да се манифестираат на секое од овие три нивоа. За
квалитетен и среќен живот доволна е слободата на индивидуално ниво, ама вишите
облици на среќа и благостостојбата се достигнуваат преку остварувањето на
слобода на семејно, а особено на државно ниво.
Единствено слободен човек може некому да му биде пријател и да учествува во
величественото дело на создавање добри луѓе. Една од најважните особини на
човекот е дека има потенцијал да произведе многу повеќе од она што му е
потребно, ем во физичка ем во духовна смисла. И како таков е створен од страна
на Творецот, за заедно со Него, тој вишок што го произвел, да го употреби во
создавањето на она што е највредно во Универзумот – а тоа се добри луѓе.
Онака како што личноста достигнува се’ повисок ниво на слобода, така
остварува се’ поголеми можности да учествува в ова возвишено дело. Со оглед на
тоа што човекот е створен за среќата да може да ја доживува само доколку
настојува на другите да им чини добро и да ги усреќува, тогаш е јасно дека од
поголемата слобода произлегуваат и поголеми потенцијали за создавање добри
луѓе, а со самото тоа и можност за достигнување поголема среќа во животта. Овој
процес претставува синџирска реакција, оти слободните и добри луѓе создаваат
нови такви особи, а само она
општество кое е составено од такви индивидуи, е гарант на мирот, к‘сметот и
благостостојбата.
Од друга страна, можностите робот да биде среќен се ептен мали, зашто тој
не е во состојба да се грижи ни за самиот себе, а камо ли да вложува во други
луѓе. Неговиот живот зависи од робовладетелот (тајкунот, н.з.) и можностите за
негов развој и напредок се мошне мали.
Идеална ситуација е кога би постоеле слободни луѓе кои би формирале
слободни фамилии, кои потем би се здружиле и би оформиле слободна држава. Во
таков амбиент, би постоеле сите услови за создавање Рај на земјата – едно
општество составено од поединци кои го развиле Божјиот карактер во себе. Во
едно такво оопштество тешко би можело да се предвиди какви многубројни пријатни
изненадувања човек би доживеал секој ден, оти со развивањето на Божјиот
карактер, личноста стекнува неограничен распон на идеи и можности како би ги
унапредиле и израдувале своите ближни, а се’ со цел нивен духовен и секаков
друг просперитет. Низ таква активност, оној којшто вложува во други станува
уште поизграден и духовно посилен, доживува многу поголемо задоволство и
сатисфакција од оние во кои вложува, а воедно поттикнува и други на таква
активност. Во таквото општество, најпочитувани се оние кои највеќе служат и
вложуваат во други, по углед на нашиот Створител, Кој е најпочитуван во Свемирот
како Оној што највеќе им служи на сите створенија.
Арно ама, имајќи в предвид дека човековата слобода зависи од неговиот избор
(слободната воља), чест е случајот човек да ја отфрли слободата и да го избере
ропството, што натаму води кон ропство на неговата обител и на државата.
Бидејќи слободната држава зависи од слободата на личностите и семејствата
од кои е составена, во продолжение ќе ги анализираме главните механизми со кои
поединецот, фамилијата и државата можат да ја сочуваат слободата, односно како
најчесто се доаѓа во состојба на ропство.
ПОЕДИНЕЦ
Без обѕир во какво опкружување е роден и со каква здравствена состојба
располага, свесниот човек има неограничени потенцијали да се развива и
напредува. Тој може за кратко време да се оспособи за разни видови активности,
така што големите потенцијали на неговото битие лесно би можеле да се искажат.
Меѓутоа, човек може да го избере и концептот на ропство, којшто за цел има
нешто спротивно од она што произлегува од слободата. Од слободата произлегува
стварање добар човек, а од ропството произлегува уништување на сето она во
човекот што би можело да доведе до создавање добра индивидуа. Демек, секој
човек преку сопствениот избор, одлучува дали ќе ги развива своите огромни
потенцијали кои со раѓањето и воспитанието му се дадени, или сите тие
потенцијали ќе ги деструира.
Разликата меѓу слободниот човек и робот лесно се воочува во нивниот начин
на живот. Слободниот човек е среќен, остварува повеќе од она што му треба и
вложува во други луѓе – со други зборови, го дели она што го има (среќата).
Спротивно, иако некои робови може да глумат дека се среќни, нивниот начин на
живот и друштвото кое ги опкружува покажува дека се себични. Тие немаат среќа,
па се обидуваат да ја украдат од други – не вложуваат во други луѓе и не живеат
за никого. Нивно друштво се персони со сличен профил, кои меѓусебно лажно се
претставуваат дека едни на други им се пријатели, а всушност демнат прилика едниот
да го измами другиот и нешто да му дрпне.
....
ЉУБИ ГО СВОЈОТ БОГ
Да го љубиш Бога, значи да живееш според Неговите закони. Бог на човека му
се открива преку природата, преку совеста и преку Библијата. Бог во човекот го
втиснал својот закон – Законот на животот – и човекот преку совеста може да
знае што е добро, а што зло. Како што рековме, „добро“ е кога човек ја
остварува сврховитоста на своето постоење, додека „зло“ е кога не ја остварува.
Цел на човековото постоење е, уште еднаш да повториме, заедно со својот
Створител, да учествува во мисијата на создавање добри луѓе, а сета човекова
среќа, напредок, кариера и иднина е поврзана со оваа мисија. Таму каде што
луѓето се добри, таму постои мир, просперитет и благосостојба од секој вид.
Природно е дека мерило за добрината на човекот е Божјиот закон. Единствено
низ призма на Божјиот закон може да одредиме дали е некој добар и дали ја
остварува сврховитоста на сопственото постоење.
Божјиот закон е даден преку Мојсиј и е запишан во првите пет книги на Библијата.
Сиот закон би можел да се збие во две заповести: 1) љуби го Бога; и 2) сакај го
Човекот. Законот е запишан пред 3.500 години кога Бог формирал теократска
држава на Земјата и влегол во сојуз
со еден народ. Врз основа на воспоставениот сојуз помеѓу Бог и израелскиот
народ, обврска на тој народ била да живее во склад со законот што Бог му го
дал, а Бог ветил дека ќе го чува тој народ од непријателски ориентираните
соседни назнабошки народи, дека ќе обезбеди поволни климатски услови за
производство на храна, дека ќе го унареди здравјето и на секој начин ќе го
поттикнува стварањето добри луѓе. Така дошло до формирање на теократската
држава Израел (името го добила по името на еден предок на тој народ). Такуѓере,
Бог обеќал и голема материјална благосостојба на народот во таа држава, воколку
живее во склад со Неговиот закон.
Историјата бележи неверојатни настани на тлото на државата Израел. Речиси
сите значајни историски збиднувања биле директно врзани со оваа држава. Сите
народи во текот на историјата до ден-денес, без обзир колку биле упатени во
религијата и случувањата во светот, можеле да приметат дека народот на Израел,
познат како „еврејски народ“, е еден посебен народ. Без обзир дали го сметаат
за Божји народ или народ што му се спротивставува на Господ, тешко дека ќе се
најде човек кој не чул за овој народ и нема став во однос на него.
Божјиот план бил теократската држава Израел да биде репер на сите други
држави и народи во светот, и гледајќи како Израел напредува во секој поглед и
како е во се’ подобар од другите народи, и други нации да посакаат да ги уведат
Божјите закони, да влезат во сојуз
со Бог и да учествуваат со Него во великата мисија на создавање добри луѓе.
Спрема законите на теократската држава, секој човек на Земјава можел да
дојде во Израел, да изрази желба да живее во таа држава според законите кои
Творецот ги дал, да влезе во сојуз
со Бога и да стане дел од Божјиот народ. Исто така, доколку мнозинството жители
на теократската држава би ги отфрлила Божјите закони и би почнала да живее неморално,
поединците кои би живееле морално би можеле да останат во сојуз со Бог на индивидуална база. Секако, постои голема разлика во
квалитетот на животот воколку се живее во теократска држава (кај што се
почитуваат Божјите закони) или во некоја поинаку уредена држава, каде што тие
не се поштуваат или се почитуваат само делумно.
Важно е да се истакне дека законите кои Бог ги дал преку Мојсеј се пишувани
со едноставен јазик, баш како и целата Библија, и тие првобитно им биле дадени
на неписмени еврејски пастири. Во време на запишување на Законот, имало малу
писмени луѓе, така што Законот му се читал на народот јавно, на собранијата
секоја седмица, како и за време на празниците.
...
(изд. Metaphysica, Београд,
2009 год.)
No comments:
Post a Comment