Wednesday, February 19, 2020

Иван Кара Гинов: ФРАНЦУСКИ ДОКУМЕНТИ



Трет прилог кон извештајот No. 104 од Н. де Ринг, делегат на Европската комисија за Источна Румелија, до В. Вадингтон, министер за надворешни работи

ИВАН КАРА ГИНОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЦРКОВНАТА ОПШТИНА ВО СКОПЈЕ, ДО Н. ДЕ РИНГ

Екселенцијо,
Високата политичка положба што ја заземате, Вашите извонредни можности и Вашата искрена љубов кон слободата, ни дозволуваат ние, угнетените и понижени несреќници со радост да го поздравиме Вашето присуство во нашиот град, бидејќи сме сигурни дека Вие, вистински застапник на слободата, ќе го чуете нашиот глас и ќе ни подготвите една подобра иднина.
Вие треба да ја запознаете состојбата во која веќе три години се наоѓа бугарскиот народ. Ние сме упропастени, нашите жени, ќерки и сестри се обесчестени. Ништо повеќе немаме обезбедено, немаме никакви гаранции за зачувување на нашите земји и имоти, дури и она малку што се’ уште го поседуваме секој ден ни се одзема, како што ќе видите, читајќи го опширниот извештај, што Ви го поднесуваме. Со еден збор, нашата положба е неподнослива. Повеќе би сакале да бидеме наеднаш убиени, одошто вака секој час да бидеме измачувани.
Вие оддалеку ги чувте нашите стенкања. Ние ги положуваме во Вашите раце нашите животи, нашите имоти и др. Направете од нас се’ што сакате, но Ве преколнуваме во името на Христос, не не’ напуштајте, зашто претпочитаме смрт, одошто живот под една ваква власт. Го ползуваме Вашето доаѓање за да Ви ја изнесеме нашата положба, но многу жалиме што околностите не ни дозволуваат да Ве пречекаме како што заслужувате. Сепак, бидете уверени Екселенцијо, дека споменот за Вашиот престој меѓу нас никогаш нема да се избрише.
Имам чест од името на сите Бугари да бидам на Вашата екселенција со длабока почит, итн. итн.

(потпис) Иван Кара Гинов,
Претседател на Црковната општина

Скопје, 20 септември 1979 година

AD, MD, Turquie, t. 95, p. 227 r – 228 r..
...

(изд. АРХИВ НА МАКЕДОНИЈА, ФРАНЦУСКИ ДОКУМЕНТИ за историјата на македонскиот народ; серија VI, том I, 1878-1879 – Скопје 1969 год.)


No comments:

Post a Comment