1.
ПОЛИЦИСКА И
ПРАВНА ДРЖАВА
Европските држави во Светската војна се беа простиле од полициските режими.
Исклучок правеа една-две држави, како на пр. Русија и Турција, коишто беа, како
и што сега се, колку европски, толку и азијатски земји. Само во тие две држави
полицијата можеше да располага со личноста, имотот и животот на човекот.
Западно-европските држави одамна ги соборија, и тоа најчесто преку
револуција, полициските режими. Таканаречениот Стар режим во Франција и другаде, беше режим на полициска држава.
За време на „Стариот режим“ полицијата беше омнипотентна. Немало кој да ја
контролира и да ги зауздува нејзините произволни постапки. Зад полицијата,
разбира се, стоеле највисоко поставените лица и луѓето без одговорност.
Уставниот поредок не е само господство на народното мнозинство. Преку
уставниот систем, граѓанството целело да ја осигури од произволни однесувања и
посегателства човечката личност, потоа човечкиот живот и имот, убедувањата и
совеста на одделни луѓе. Ете затоа преку уставниот режим се обезбедуваат
граѓаните, не само од волунтаризмот на полицијата, туку и од.посегателството на самите законодавци. Страшна ерес е дека законодавните тела можат да изгласуваат какви закони им се ќефне да гласаат, дури и такви, со кои што се уништуваат гаранциите на човечката личност.
Едно такво разбирање на работите не е далеку од сфаќањето на полициската држава, против која човештвото се борело со векови. Затоа што демократијата е медал со две лица: од една страна, владеење на мнозинството, а од друга - осигурување и продлабочување на личните слободи и права, како и персоналната неприкосновеност.
За гарантирање на приватноста од произволности и неоправдани посегателства, токму за таа цел, во уставни системи власта се дели на три дела: законодавна, извршна и судска, со цел преку нивното ограничување, тие меѓусебно да се контролираат. Сето тоа е создадено за да се гарантира човечката личност и човековиот живот од какво и да е незаконито посегателство.
...Во правните држави, во земјите во кои царува вистинската власт на народот, полициската служба му служи на целото „пучанство“, врз кое се крепи нејзината управна моќ.
Едно такво разбирање на работите не е далеку од сфаќањето на полициската држава, против која човештвото се борело со векови. Затоа што демократијата е медал со две лица: од една страна, владеење на мнозинството, а од друга - осигурување и продлабочување на личните слободи и права, како и персоналната неприкосновеност.
За гарантирање на приватноста од произволности и неоправдани посегателства, токму за таа цел, во уставни системи власта се дели на три дела: законодавна, извршна и судска, со цел преку нивното ограничување, тие меѓусебно да се контролираат. Сето тоа е создадено за да се гарантира човечката личност и човековиот живот од какво и да е незаконито посегателство.
...Во правните држави, во земјите во кои царува вистинската власт на народот, полициската служба му служи на целото „пучанство“, врз кое се крепи нејзината управна моќ.
(весник „Зора“ – Софија, 16 декември 1922 год. бр. 1062)
2.
ПОД НЕГОВО ЗНАМЕ
Христос ја симболизира правдата и вистината. На Рождеството Христово се
родиле, според христијанските поимања, возвишени добродетели, кои човек се
стреми да ги достигне уште пред многу векови. За да ги издигне до
највозвишените идеали на човештвото, Христос себеси се жртвуваше и ги понесе
страданијата на крстот.
Христос се родил таму каде што столетија пред него, се развила човечката
култура и го достигнала свој полн расцут. Асиро-Вавилонските и египетските
паметници, кои што се издигнуваат врз земјата од мракот на минатото, се
најблескавиот доказ за тоа. И сега весниците соопштуваат за многу откритија на
златни тронови украсени со слонова коска в Египет. Сигурно во пазувите на
земјата лежат уште многу споменици што, според убавината и богатството, може да
им бидат соперници на современите монументи.
Меѓутоа, на античкиот свет му биле туѓи концептите за правда и
справедливост, за кроткост и човештина.
На пример, за асирските цареви, во земјата која е суштинска лулка на
Христијанството, било најголема гордост да се разораат градовите на нивните
противници и да им се одере кожата на победените пленици. Пророкот Еремија во
Библијата, низ крвави солзи и пискотници, ни расправа за деструкцијата на
Ерусалим и за протерувањето на целокупното население од Јудеја в Асирија.
Учењето на Назаретјанинот е реакција против жестокостите на античкиот свет,
против крвавите произволности на неограничените тирани, против страдањата и
материјалната мизерија на човекот. Не туку-така името на Исус се врзува со
правдата и хуманоста.
Во времето на Христос, земјите на античката цивилизација беа под римско
владение. Со римските легионери и преку робовите се разнесе Христијанството низ
„необјатните“ римски провинции. След вековите, Христијанството стана
господаречка религија во цела Европа.
Арно ама, долго време на нашиот континент тоа требаше да ферментира, се’
дури не се изроди реформаторското движење, вистинското Христијанство на
Западот. Реформацијата е таа која што ги изработи современите политички начела
и доктрини, па ги сврза со Христијанството. Кромвел и неговите сподвижници и
секташи го изработија и приложија парламентаризмот и речиси сите уставни
правила, коишто минаа низ Соединетите американски држави и Француската
револуција, за да стасат и до Балканскиот полуостров.
Под знамето на Христијанството од епохата на Реформацијата, беа ограничени
не само кралската власт, ами и власта на владата. Таа беше разделена на
законодавна, извршна и судска. По пат на револуција, се објави дека ниедна од
властите не смее да ги прескокнува границите на другите две. Се востанови
парламентарна и финасова контрола на извршната власт. Установено беше тврдото правило
дека законите не може да важат ретроактивно, дека во криминални случаеви,
обвинетите треба да се судат од страна на судечки совети и тн. Тоа се
современите политички правила, кои со посредство на Реформацијата, се поврзани
со христијанското учење.
Тоа што Реформацијата го издигна на највисок пиедестал е човековата
личност, слободата на свеста и убедувањата, како и неприкосновеноста на
индивидуата. Тој индивидуализам, наследен од претходната ера на Ренесансата,
преку Реформацијата, се поврзува со Христијанството. Човекот како личност е
издигнат на недосегливо ниво од страна на Ренесансата и Реформацијата. Оттука
минува низ Француската револуција и се овоплотува во Универзалната декларација
на правата на човекот и граѓанинот.
...
(изв. Данаил В. Крапчев – ИЗМИНАТ ПАТ 1906-1936; Strumski.com)
No comments:
Post a Comment