Friday, November 11, 2016

ОТО ВАЈНИНГЕР: Пол и карактер

Содржина

Втор или главен дел
СЕКСУАЛНИ ТИПОВИ

Глава 1. Маж и жена
Бисексуалност и унисексуалност. Човекот е или маж или жена. Проблематичното во тоа постоење и главната потешкотија на карактерологијата. Експеримент, анализа на чувствувањето и психологија. Дилтај. Поим на емпирискиот карактер. Цел и не-цел на психологијата. Карактерот и индивидуалноста. Проблемот на карактерологијата и проблемот на половите.

Глава 2. Машката и женската сексуалност
Проблемот на женската психологија. Мажот како психолог на жената. Разликите во „половиот нагон“. Во „контрекционалната“ и „детумесцентната тенденција“. Интензивност и активност. Женската сексуална иритабилност. Поголемиот обем на сексуална активност кај Ж. Половите разлики при осетот на половоста. Месното и временското истакнување на машката сексуалност. Разликите во степенот на полова свесност.

Глава 3. Машката и женската свест
Чувство и чувствување. Нивниот однос. Авенариусовата поделба во „дементи“ и „карактери“. Во најраниот стадиум уште неизводливо. Обратниот однос помеѓу дистинктноста и карактеризирањето. Процес на разбистрување. Насетувања. Степени на разбирање. Заборавање. Фацилитација и артикулација. Поимот на „хенида“. Хенидата како наједноставен психички податок. Половата разлика во артикулацијата на содржината. Сензибилност. Сигурноста на судот. Развиената свест како машка полова ознака.

Глава 4. Даровитост и генијалност
Гениј и талент. Генијално и духовито. Метод. Разбирање за повеќе луѓе. Што значи да се разбере човек? Поголемата комплицираност на генијот. Периоди во психичкиот живот. Неомаловажувањето на човекот од вредност. Разбирање и забележување. Внатрешната врска на светлината и иднината. Конечно утврдување на условите за разбирање. Поопштата свесност на генијот. Најголемата оддалеченост од хенидниот стадиум: демек, повисок степен на мажевност. Само универзален гениј. Ж. негенијална и без уважување на јунакот. Даровитоста и полот.

Глава 5. Даровитост и паметење
Артикулацијата и можноста за репродуцирање. Памтењето на доживувањата како ознака на даровитоста. Сеќавање и аперцепција. Примени и заклучоци. Способноста за споредување и применување. Причини за машкоста на музиката. Цртеж и боја. Степен на генијалност: односот на генијот спрема негенијалниот човек. Автобиографија. Фикс идеи. Сеќавање на сопствените дела. Конинуирано и дисконтинуирано памтење. Единството на биографската самосвесност само кај М. Карактерот на женските спомени. Континуитет и пиетет. Минато и судбина. Прошлост и иднина. Потребата за бесмртност. Досегашните психолошки обиди за објаснување. Вистинскиот корен. Внатрешен развиток на човекот до смртта. Онтогенетска психологија или теоретска биографија. Жената нема никаква потреба за бесмртност – чекор кон подлабока анализа на врската со паметењето. Памтење и време. Постулирање на безвременото. Вредноста како безвремено. Прв закон на теоријата за вредноста. Докази. Индивидуацијата и траењето конститутивни според вредноста. Воља за вредности. Потребата за бесмртност  како посебен случај. Потребата на генијот за бесмртност, нејзиното поклопување со неговата безвременост след неговото универзално памтење и вечното траење на неговите дела. Генијот и историјата. Генијот и нацијата. Генијот и јазикот. Работните луѓе и научниците без право на титулата гениј; поинаку филозоф (основач на вера) и уметник.

Глава 6. Паметење, логика, етика
Психологија и психологизам. Достоинство на паметењето. Теорија на памтење. Учење за вежбање и асоцијација. Памтењето својствено само на човекот. Морално значење. Лагата и земањето в обѕир. Премин кон логиката. Паметењето и принципот на идентитет. Памтењето и начелото на разлог. Жената алогична и аморална. Интелектуална и морална совест: интелигибилното Јас.

Глава 7. Логика, етика и јас
Критичар на поимот Јас: Хјум, Лихтенберг, Мах. Маховото Јас и биологијата. Индивидуацијата и индивидуалноста. Логиката и етиката како сведоци на егзистенцијата на Јас. –Прво логика: ставови за идентитетот и противречноста. Прашањето на нивната корисност и нивното значење. Логичките аксиоми како истоветни со појмовната функција. Дефиниција на логичкиот поим како норма на есенцијата која е егзистенција на една функција. Оваа егзистенција како апсолутно битие или биток на апсолутното Јас. Кант и Фихте. Логичноста како норма. Слободата на мислењето покрај слободата на вољата. –Второ етика. Припишување. Однос на етиката кон логиката. Различноста на докажувањето на субјектот од логика и од етика. Еден Кантов пропуст. Нејзините стварни и нејзините лични причини. За психологијата на Кантовата етика. Кант и Ниче.

Глава 8. Проблемот и генијалноста
Карактерологијата и верувањето во Јас. Јас-настан: Жан Пол, Новалис, Шелинг. Јас-настан и погледот на свет: Самосвест и вообразеност. Повеќе да се цени мислењето на генијот отколку на другите луѓе. Конечни констатации за поимот на генијот. Генијалната личност како потполно свесен микрокосмос. Природно-синтетичката и смислена дејност на генијот. Значење и симболика. Дефиницијата на генијот в однос кон обичниот човек. Универзалноста како слобода. Моралност или неморалност на генијот? Должност кон себе и другите. Што е должност кон другите. Критика на моралот на симпатија и социјалната етика. Разбирањето на ближниот како единствено барање како на моралноста, така и на созанието. Јас и Ти. Индивидуализам и универзализам. Моралност само помеѓу монадите. Најгенијалниот човек како најморален човек. Зошто човекот е зоон политикон. Свеста и моралноста. „Великиот злосторник“. Генијалноста како должност и послушност. Генијот и злочинот. Генијот и лудилото. Човекот како творец на самиот себе.

Глава 9. Машка и женска психологија
Жената нема душа. Историјата на тоа сознание. Жената е потполно негенијална. Строго гледано, нема мажествени жени. Непојмовната природа на жената се објаснува со недостаток на Јас. Коректура на хенидната теорија. Женското мислење. Поим и објект. Суштина на судот. Жената и вистината како патоказ на мислењето. Разлог, став и неговиот однос спрема ставот на идентитетот. Женината аморалност, а не антиморалност. Жената и проблемот на осаменоста. Стопеност, не друштво. Женското сожалување и женската срамежливост. Жениното Јас. Женската суета. Недостигот на лична вредност. Паметење на додворувањето. Самопосматрање и каење. Правилност и завист. Име и сопственост. Подлегнување на влијанија. Радикална диференција меѓу машкиот и женскиот духовен живот. Психологијата со душа и без душа. Психологијата е наука? Слободата и законитоста. Основните поими на психологијата на трансцедентната природа. Психа и психологија. Беспомошност на психологијата без душа. Каде единствено се возможни „цепењата на личноста“. Психофизичкиот паралелизам и заемното дејство. Проблемот на дејството на психичките сексуални карактеристики на мажот врз жената.

Глава 10. Мајчинство и проституција
Специјалната женска карактерологија.

...

(изд. Народна книга Алфа 1998 г. Лапово)

No comments:

Post a Comment