10.
ДЕВИЈАНТНОТО ОДНЕСУВАЊЕ И МОЌТА
Кој ги создава законите? Кој од нив има корист?
...Подеднакво
важни како законите кои се донесени се законите кои не се донесени.
Недонесувањето одлуки е еднакво важно како донесувањето одлуки. Во поглавјето
3. докажувавме како владејачката класа има моќ да се погрижи за носење само
на „сигурни одлуки“, а да спречи многу прашања воопшто и да стигнат до степен
за одлучување. Вилијам Шамблис го применува тој аргумент на законите. Тој смета
дека „добар дел од она што се случува при создавањето правила се однесува на
‘недонесување одлуки’“. Како пример, тој ги наведува ситуациите кои според
законот, би можеле да бидат дефинирани како казниви, кога владејачката класа не
би наметнувала мислење за тоа што е добро, а што не. Така, некои филмски
магнати изнајмуваат ноќни локали и трошат по 20.000 долари на раскошната
прослава на роденденот на својата ќерка, додека неколку улици подалеку луѓе
гладуваат. Сопругата на јавниот обвинител на САД има 200 рала кондури, додека
во Апалачките планини родителите на своите деца не можат да им купат ниту еден
пар чевли. Таквото однесување идеологијата на владејачката класа го оправдува
со изјави како оваа: „Тие
своите пари си ги заработиле, имаат право да си ги трошат како им се свиѓа“.
Ретки се оние кои кои успеваат да ја пробијат бариерата на лажната класна
свест. Анџела Дејвис, некогашен водач на Црните пантери, милитантна
организација на американските црнци, повеќе е исклучок отколку правило, кога тврди: „Вистинските злосторници во ова општество
не се оние луѓе кои ги населуваат затворите ширум земјата, туку оние кои го
украле богатството на светот од човештвото“ (цит. Кај Тејлор, Волтон и Јанг,
1973). Во нејзините очи, вистинските злочинци се припадниците на
капиталистичката класа. Контролата на владејачката класа над општествената
надградба спречува таквиот светоглед да се прошири, да се развие во вашни
прашања и да се преведе во закони.
Кој ги крши законите? Кој бидува фатен?
Марксистите како
Вилијам Шамблис докажуваат дека криминалот е раширен в секој општествен слој
во капиталистичкото општество. Впечатокот којшто го стекнуваме од службената
статистика – дека злосторот е главно феномен на работничката класа – напросто е
последица на селективната примена на законот. Во книгата The Crimes of
the Powerful, Франк Пирс го испитува
илегалното делување на големите американски деловни корпорации. Мерено парично,
Пирс тврди дека казнивото дејствување на работничката класа е само капка во
морето во сапоредба со големите износи коишто ги присвојуваат приватните
компании. На пример, Сојузната комисија за трговија оценува дека во 1967 уделот
на грабежи изнесувал 55 милиони долари, додека кај оние бизнис-проневери кои можат да се откријат износот е
милијарда долари. Ремзи Кларк тврди дека „ противзаконскиот обрт на еден
корпорациски заговор околу одредувањето цени, е поголем отколку сите оние
стотици илјади пљачкосувања кои се случиле истата календарска година“ (цит. Кај
Пирс, 1976). Во парични категории, злосторството во САД е „проблем на
владејачката класа“.
Пирс го испитува
дејството на американските закони против трустовите, кои за своја цел го
прокламирале одржувањето цени на најниско можно ниво. Анти-трустовските закони
би морале да ја поддржуваат конкуренцијата, да ги спречуваат монополите и да го
забрануваат договарањето цени меѓу компаниите. Пирс тврди дека
анти-трустовските закони ретко ја постигнуваат оваа прокламирана цел. Картели
внатре кои се утврдуваат цени се мошне честа појава и „слободната“ конкуренција
помеѓу големите компании практично не постои. Сојузната комисија за трговија на
САД оценила дека цените, доколку законите против трустовите стгрого би се
применувале, би паднале за 25% па и повеќе. Но, тоа би значело да се сломи
превласта на неколку џиновски корпорации во големата индустрија и да се створи
навистина конкурентски пазар. Пирс го спомнува малиот број случаеви на успешни
судски прогони според анти-трустовското законодавство, за да наговести колку
големи износи се во прашање. Во процесот против произведувачот на електрична
опрема во 1961 г. е откриено дека Џенерал Електрик остварил најмалку 50 милиони
долари илегален вишок на профит. Пирс тврди дека „таквото ‘послување’ е типично
не само за Џенерал Електрик, ами и за големите концерни во Америка воопшто.
Корпорациите ги пружаат најделотворните и најголемите примери на организиран
злостор во Америка“.
Наспроти
очигледно раширената природа на корпорацискиот злочин, компаниите ретко се
судски гонети според законот против трустовите. На пример, во 1962 г. пред суд
дошле само 92 случаи. Како што тврди Пирс, ако кршењето на законите е така
раширено, а бројот на судски случаи толку мал, тогаш тие процеси мора да служат
на некоја друга цел, освен за регулирање на водењето бизнис. Таа сврха е – по негово мнение – да се одржи
митот дека законите се применуваат еднакво врз богатите и сиромашните, дека
државата е неутрално тело над секташките интереси и дека го штити добробитот на
општеството како целина. Втора причина за тој мал број судски процеси е желбата
да се створи перцепција оти корпорацискиот злочин е минимален. Откривањето на мошне
раширената природа на корпорациското злосторство лесно би можело да ја загрози
капиталистичката моќ.
Пирс потем се
бави со односот меѓу владејачката класа и организираниот криминал во Америка.
Тој докажува дека организраниот криминалитет отсекогаш „бил поттикнуван,
игнориран или потискуван, во зависност од неговата корисност за американската
владејачка класа“. Пирс тврди како, посебно во 20-тите и 30-тите години,
големите компании често вработувале гангстери за најразлични цели. Им служеле
за разбивање на штрајкови, за застрашување на работници, да се инфилтрираат во
синдикатите и потоа да ги контролираат, како и да ја уништат конкуренцијата. Во
текот на 30-тите години, автомобилските компании во Детроит воделе долготрајна
борба против обидите на своите работници да створат синдикат. Форд и Џенерал
Моторс најмувале гангстери за со терор да ги натераат работниците на покорност.
Ја изгубиле таа битка, ама продолжиле со војната, служејќи се со гангстерите за
да ги застрашат милитантните левичарски синдикални водачи. Во текот на 50-тите,
тие водачи ги замениле умерени раководители, потребата од гангстери исчезнала и
тие се бришани од платниот список. Според Пирсовите зборови, „тие се слаба
конкуренција за покорните десничарски синдикалисти“. Служејќи се со примери
како овој, Пирс го гледа организираниот криминал како слуга на владејачката
класа, којшто се користи кога и каде што има потреба за нејзините цели.
Во мошне
познатата студија на злочинот в Сиетл, во државата Вашингтон, Вилијам Шамблис
докажува како организираниот криминал не е само слуга на владејачката класа,
туку и нејзин интегрален дел. Неговото истражување опфаќа речиси 10 години – од
1962 до 1970 – а како извор на информации му послужиле низа соговорници,
вклучувајќи полициски службеници, државни чиновници, професионални крадци,
гангстери и проститутки. Шамблис докажува дека злосторството се појавува во
сите општествени слоеви. Главната разлика помеѓу слоевите се типот на сторени
злочини и природата на законската интервенција. Шамблис тврди дека моќта во
облик на пари и влијание е клучен фактор којшто одредува кој ќе биде уапсен, а
кој не. Во текот на неговото проучување, преку 70% приведени во Сиетл доспеале
во затвор поради пијанство. Полицијата се занимавала со сиромашните квартови
повеќе отколку со квартовите на отмените слоеви. Судовите и затворите биле
преполни со сиромашни и немоќни.
Шамблис тврди
дека најголемиот гангстерски синдикат во Сиетл бил составен од водечките
бизнисмени, политички раководители и службеници на полицијата и судот. Синдикатот
организирал илегални хазардни игри, обложувалници, проституција,порнографија и
продажба т.е. дилање дрога. Неговите пипалки се протегале долж целата владејачка класа.
Потпредседателот на месната банка му помагал на синдикатот да ги прикрие
големите добивки без да плати данок, а седел и во управниот одбор на
лихварската компанија во сопственост на синдикатот. Оние кои се заканувале дека
ќе ја „изцинкаат“ активноста на синдикатот биле убивани. Давењето во вода бил
омилен метод затоа што „мртвозорникот“ – инаку шура на еден од члановите на
сидикатот – можел истото згодно да го прикаже како самоубиство.
(изд. Глобус –
Загреб)
No comments:
Post a Comment