Monday, December 10, 2018

Ерих Марија Ремарк: ЉУБИ ГО БЛИЖНИОТ СВОЈ



ВТОР ДЕЛ
X

Плоштадот пред Универзитетот беше сјаен од пладневното сонце. Воздухот беше јасен и син, а над крововите кружеше јато немирни птици.
Првите студенти излегуваа кроз големата врата и слегуваа низ степениците. Керн го виткаше вратот за да ја лоцира кафеавата беретка на Рут. Обично таа беше меѓу првите кои излегуваа. Ама неа ја немаше. Наеднаш студентите престанаа да искачаат. Напротив, неколкумина од оние кои излегоа се беа вратиле обратно. Изгледаше дека нешто се случува.
Одеднаш, како со експлозија исфрлена, низ вратата се истури замрсена, склопчена толпа студенти. Изби тепачка. Керн сега веќе ги разбираше и извиците. „Јуден раус!“, „Удрите ги Мојсиевите синови по кривата муцка!“, „Нека се селат во Палестина!“.
Брзо прејде преку плоштадот и се постави на десното крило на зградата. Мора да избегне да упадне во тепачката; а воедно сакаше да биде што поблизу како би ја извлекол Рут.
Групата од триесетина еврејски студенти се обиде да избега. Густо збиени, се стискаа по степениците. Беа опколени од приближно стотина други кои од сите страни удираа по нив.
-Разбијте ги! – викаше голем, црнокос студент кој повеќе личеше на Евреин од грото нападнати. –Зграпчете ги поединечно!
Се стави на чело на една група којашто со жестоко урлање се збрца како клин во групата Евреи, па почна да корне поединци и еден по еден да ги дофрлува на другите, кои пак одма почнуваа да ги обработуваат со боксови, врзопи книги и стапови.
Керн со вознемирен поглед ја бараше Рут. Не можеше никаде да ја здогледа, па се надеваше дека останала во зградата. Горе, на платформата на надворешните степеници, стоеа само двајца професори. Едниот, со разделена Франц-Јозефова брада и розикаво лице, се смешкаше и ги триеше рацете – а другиот, слаб и строг, нетрепкајќи гледаше долу во гужвата.
Неколку полицајце итно пристигнуваше од другата страна на плоштадот. Челникот застана близу до Керн. –Стој! – им рече на другите двајца. – Не се мешајте!
Овие двајцава застана. -Евреи, а? – праша едниот од нив.
Првиот кимна со главата. Тогаш го примети Керн и остро го погледна. Керн се направи како ништо да не чул. Натенане запали цигара и притоа, божем немарно, се оддалечи неколку чекори. Полицајците ги скрстија рацете и љубопитно ја посматраа тепачката.
Еден мал еврејски студент се извлече од линчот. За момент застана, како маѓепсан. Тогаш ги здогледа полицајците и јурна кон нив. –Елате! – им викна. Брзо! Помагајте! Ќе ги испоубијат!
Полицајците го посматраа како ретка бубачка. Ниеден од нив ништо не одговори. Малиот за миг збунето и скаменето ги гледаше. Потоа без ниеден збор се сврте па за врати назад, кон турканицата. Не направи ни десет чекори, кога од масата се одвоија двајца студенти и јурнаа кон него. –Ициг! се продра предниот. –Ициг лелека за правда! Сега ќе си ја добиеш!
Со громогласна тупаница в лице го собори на земја. Малиот се обиде да се дигне. Другиот со клоца во стомак го шутна назад. Потоа двајцава го фатија за нозе па го влечеан како количка по калдрмата. Залудно малиот се обидуваше како со канџи да се фати за камењата. Неговото лице како маска на ужасот ѕвереше наназад, кон полицајците. Устата му беше како црна, отворена дупка од која шуркаше крв низ брадата. Не се дереше.
Керн осети као грлото му се суши. Имаше чувство дека мора да им скокне на оние двајцана. Ама забележа дека полицајците го набљудуваат, па крут и згрчен од бес прејде на другиот агол на плоштадот.
Оние двајца студенти идеа со својата жртва баш покрај него. Нивните заби блештеа, тие се смееја, а на лицата им немаше ни трага од злоба. Напросто блескаа само од искрено, невино задоволство – како да играат некој спорт, а не да влечат раскрварен човек.
Ненадејно дојде помош. Еден голем, плав студент, кој се’ дотогаш стоеше на страна, згадено го искриви лицето кога малиот го провлекоа покрај него. Ги засука малку ракавите на капутчето и потоа со два кратки, силовити удари ги собори мачителите на малиот.
Потем ушлаканиот малечок го зеде за јаката и го подигна на нозе. –Така, а сега бриши – промрмори. –Ама брзо!
После тоа, тргна исто така полека и замислено како малучас кон распаметената толпа. Го подгледна црнокосиот ороводец и така страотно го зачука по нос, а веднага потоа, речиси невидливо, со аперкат во брада, што овој со тресок љосна на плочникот.
Во тој момент, Керн ја здогледа Рут. Ја изгубила капата и се наоѓаше на работ од хаосот. Тој притрча кон неа. –Бргу! Ајде брзо, Рут! Мора да заминеме од овде!
Во прв замав не го позна. –Полицијата! – пропелтечи бледа од преплашеност – полицијата мора да им помогне!
-Полицијата нема да им помогне! А, ние не смееме да допуштиме пандурите тука да не заловат. Рут, мора да бегаме!
-Брзо! – Керн ја зеде за рака и ја повлече кон себе. Слушаа викотници зад себе. Една група еврејски студенти успеа да се пробие. Дел од неа потрча преку плоштадот. Метежот се придвижи и одненадеш Керн и Рут се најдоа при него.
-Ах, Ребеко! Саро! – еден од напаѓачите посегна по Рут. Керн осети нешто како да му се откачи некаква пружина. Беше крајно изненаден кога го виде студентот како полека се онесвестува. Не беше свесен дека го удрил.
-Добар директ! – признателно рече некој поред него. Тоа беше оној голем русокос студент кој токму сега ѕвекна двајца во глава. –Ништо благородно не е повредено! – кажа и ги пушти да паднат како мокри вреќи, па се зафати со други двајца.
Керн доби удар со стап по мускулот. Збеснато скокна во некоја црвена магла и започна да млати се’ околу себе. Слупа нечии наочари и некого го собори во трк. И тогаш нешто страшно зататне и црвената магла стана црна.
...

XI
Керн го потпиша своето второ прогонство од Австрија. Тоа беше доживотно. Овој пат веќе ништо не чувствуваше додека потпишуваше. Само мислеше на тоа дека веројатно следното попладне повторно ќе биде на Пратер.
-Имате ли во Виена некои ствари што би ги понеле со себе? – го запраша чиновникот.
-Не, немам ништо.
-Вие знаете дека ризикувате најмалку три месеци затвор ако пак дојдете в Австрија?
-Знам.
Чиновникот некое време го посматраше Керна. Па брцна в џеб и му тутна банкнота од пет шилинзи. –Еве, напијте се нешто за тие пари. Јас не можам да ги променам законите. Нарачајте гумполдскирхнерско вино. Тоа е најдобро годинава. А сега – покрет!
-Фала! – рече Керн изненаден. Беше тоа сефте во полиција да добие некој подарок. –Многу ви благодарам! Кешот арно ќе ми дојде.
-Во ред, во ред! Гледајте сега да излезете! Вашиот пратител ве чека во претсобјето.
Керн ја напика банкнотата в џеб. Со неа може не само да плати два четврта гумполдскирхнер, туку и со трамвај да се врати во Виена. Тоа е помалку опасно, а уште му остануваат два шилинга за непредвидени трошоци.
Се возеа по истиот пат како и првиот пат со Штајнер. Керн имаше чувство како оттогаш да прошле десет години.
Од последната постојка мораа уште малку да испешачат. По некое време, пројдоа покрај некоја крчма со младо вино. Неколку маси и столици беа надвор, во градината. Керн се присети на чиновниковиот совет. –Да пивнеме по една чаша? – му се обрати на својот пратител.
-Што?
-Гумполдскирхнер. Тоа е најдобро годинава.
-Можеме! И така уште е виделина за царината.
Седеа во бавчичката и пиеја опор, бистер гумполдскирхнер. Беше мошне тивко и мирно секаде наоколу. Небото ведро, високо и зелено како јаболко. Еден авион како сокол зуеше во правец кон Германија. Газдата донесе заштитена свеќа и ја стави на маса. Тоа беше Керновата прва вечер на слобода. Два месеца не беше видел отворено небо, ниту отворена пољана. Му се чинеше дека сега за прв пат одново дише. Седеше мирно и уживаше во овој краток мир. За саат-два наново ќе започнат грижата и прогонувањето.
-Стварно, на човек да му се смачи! – одеднаш промрмори чиновникот.
Керн погледа нагоре. –И јас тоа го мислам!
-Јас на тоа поинаку гледам.
-Можам да замислам.
-Мислам на вас емигрантите – мрзоволно објасни чиновникот.
-Вие едноставно му ја разнишувате на човека верата во чесниот позив. Ништо друго веќе не работиме, само спроведуваме емигранти! Секој ден истото! Нон-стоп од Виена до граница. Каков ми е тоа живот! Го нема стариот и добар гранспорт со лисици на рацете!
-Можеби за година-две и нас ќе не носите во лисици до граница – одврати Керн сувопарно.
-Па тоа не некоја надокнада! – Чиновникот презриво го погледна. –Во полициски смисол вие ништо не претставувате. Јас со пиштол на готовс го пратев четирикратниот убиец Милер II, после, пред две години, женоубиецот Бергман, а подоцна и мевосекот Бруст – ич муабет да не правиме за сквернавителот на лешеви Теди Блимел! Ех, тоа беа времиња...! А денес вие – чо‘ек да цркне од здодевност! – Воздивна и ја испи чашата. –Па сепак – вие барем нешто се разбирате во вино. Ај да попиеме уште по деци. Сега јас ќе платам.
-Добро.
Сложно ја испија и втората тура, а потоа кинисаа. Дотогаш веќе се беше смрачило. Љиљаци и ноќни пеперуги прелетуваа преку друмот.
Царинарницата е сета осветлена. Уште се тука старите чиновници. Пратителот го предаде Керн. –Седите внатре – му рече еден од чиновниците. –Уште е прерано.
-Знам – одговори Керн.
-А, така! Вие тоа веќе го знаете?
-Природно. Границите за нашиот роден крај.
...



(изд. Минерва – Суботица, 1978 год.)

No comments:

Post a Comment