16.
Ти помниш: дете кога бев
За солзи сосем не
знаев.
А таму – плачев јас без срам!
Кој ме виде сред
шума сам?
-Сал месечината
од горе.
Осветлена од
лачи-море.
Покриена со
песок, мов.
Опкружена, во
средина,
Од карпа силна и
од нов
Ред-дрвја, видов
ледина.
Се мерна мигум
сенка тогај
И искри две од
чуден оган
Заиграа. Со лесен
скок
Од честар летна
крволок.
А беше тоа пантер
смел
Од кого в шума
се` се тресе
Во часон свежа
коска зел,
Глодајќи ја, `ржејќи
весел.
И поглед креваше
Кон месечината,
мафтајќи
Со опаш; на него, блескајќи
Се` в сребро се
прелеваше.
Јас чекав, стап
држејќи рогат,
Да вивне борба...
Страшен стрв
Во срцево ми фрли
оган
-Што беше жед за
бој и крв!
Судбината со
своја рака
Ме поведе по друг
пат така.
И сега знам јас: дошол ден
Во домот татков
да сум сакан
Не како јунак
последен!
17.
Јас чекав. Но го
сети тој
Во ноќна сенка
врагот свој:
И, како лелек
жален, вој
Се раздаде... И
почна в песок
Со шепата да рие
бесно.
Се исправи, се
стутка пак,
И скокот прв му
беше знак
На смртта што ме
демне луда.
Но, побрз бев, и
мојот удар
Сред челото го
тресна тапо:
Ко секира се
спушти стапот,
Го расече... И
почна он
Да пушта, ко
човек, стон.
Се спрепелка. Но
повтор стана
И ако крв му
течеше
Во густ и широк
бран од рана:
Тој бој во смрт
не` влечеше!
18.
Врз гради ѕверот
ми се фрли.
Но јас го
прободив со кол
Сред грло,
двапати. Од бол
Тој рикна, зави
како брлив.
Но повтор задни
сили собра...
Се вплеткавме ко
кобра в кобра
Се гушнавме ко
брат со брат.
И паднавме сред
маглив лад
Спрепелкани. Во
оној миг
Јас страшен
станав, сменив лик
И вивнав див, и
пуштив крик
Ко тигар
пустински, ко него, -
Ко небаре и јас
сум влегол
Во родот волчи,
тигов клан,
Сред свежест
горска лулеан!
И, чинам, сум
заборавил
На зборот човечки,
- па тој
Се роди в гради
грозен вој
-Што небарем
закоравил
Од детството, та
нема друг
На којшто би се
свикнал звук!
Но мојот душман,
папсан цел,
Ме облеа со
здивот врел;
За заден пат, со
грч ме стегна...
Зеницата од мртво
око
Со грозен, чуден
сјај ме жегна.
Го прекри потем
вечен спокој.
Со грозен, чуден
сјај ме жегна.
Ја сретна смртта
очи в очи
И, како што
доликува,
Тој замина на
вечен почин.
19.
На градва гледаш
длабок траг:
Од ноктите е тоа
знак
И се` уште е рана
жива
Што земја ќе ја
глода дива,
А смрт ќе ја
зацерува.
Заборавив на неа.
Знам,
Со задни сили
дека сам
Сред шума се
намерував.
Со кобта залудно
се борев:
И бев за потсмев
кога спорев.
(Прев. Ѓ. Сталев, изд. Наша книга –
Скопје, 1991)
No comments:
Post a Comment