Господи, Исусе
Христе, само Ти си патот, вистината и животот. Земјата никогаш не ќе може да ме
приведе на небото, зашто Ти си единствениот пат кој води до таму. Боже мој,
зарем за миг ќе се двоумам кој пат да го изберам! Зарем не сум способен веднаш
да се решам за Тебе? Кај кого одам, Господи? Само ти имаш зборови на вечниот
живот. Ти дојде на светот само со една цел: за мене да сториш што друг не може да стори. Само
тој кој е на небото може да ме поведе со него. Кај кого инаку ќе најдам сили да
се искачам на планината? Иако добро би ја извршил својата задача, иако би им
помагал на другите, иако би стекнал добро име и голема слава и кога би ја фалеле
сите мојата работа и би заслужил солидно место во историјата, тоа не би ми
помогнало да дојдам на небо. Тебе Те избирам за свое наследство зашто Ти си
жив и не знаеш за смрт. Тебе Ти се дарувам и решително ги отфрлам сите лажни
богови.
Господи, те
молам, учи ме, води ме, дај ми смелост и прими ме кај себе. Амин!
("Извор на животот", Битола, 1995 г.)
No comments:
Post a Comment