9.3 Сувремени
парадокси
1955 година е
издаден памфлетот Сувремени парадокси под псевдонимот Леопарди. Оригиналот на
памфлетот бил напишан на македонски јазик а потоа преведен на хрватски јазик од
Кирил Македонски, а отпечатен бил во печатница во Трст.
Вечерта кога
славеле Нова Година, поткуражени со алкохол, додека се враќале дома примероци
од памфлетот дистрибуирале по поштенски сандачиња Ѓорги Старделов, Кирил
Македонски и Венко Марковски. За нелегално дистрибуирање на памфлетот и за
контакт со македонска организација која е пробугарски ориентирана тој е осуден
на пет години затвор на Голи Оток иако никогаш не му била докажана вината дека
памфлетот е негово дело.
Интересно е да се
спомне дека заедно со него биле обвинети Ѓорги Старделов и Кирил Македонски но
само тој е осуден на тешка робија.
За жал, памфлетот
сеуште се наоѓа во судот во Скопје и е недостапен така што неговата содржина
неможе да биде проучена, за да може да се утврди степенот на вината на Венко
Марковски или пак да се анализира за да се докаже чие дело е тоа и дали
навистина Венко Марковски бил праведно суден за овој чин.
Истовремено, го
судат и во друштвото на писателите како на македонска територија но и во
Југославија. Никој од неговите пријатели или врвни Друштвото на писатели не
застанува на негова страна и не се изјаснува во негова одбрана.
На судскиот
процес, кој бил одржан во месец март 1956 година, тој бара да му се суди како
на Бугарин.
Александар
Алексиев пишува: „само по
себе беше повеќе од трагигкомично. Но тоа беше смислен потег од негова страна,
а не само фол, бидејќи сакаше да ја поврати изгубената доверба кај неговите
бугарски заштитници доколку не успее да се спогоди со македонската и
југословенската власт“.
9.4 Голи Оток
Додека бил на робии
на Голи Оток, имале дозволено посети само еднаш годишно и тоа само на половина
час. Можела да го посети само сопругата Филимена.
Од Голи Оток се
враќа на 06.01.1961 година. Тој ден и до ден денешен се слави како голем
празник во неговата фамилија.
По враќањето од
Голи Оток тој е деградиран во граѓанин од втора категорија и ги губи сите права
што му следат.
За време на
репресиите од страна на Комунистичката партија живееле бедно. За цело тоа време
јаделе јадења таканаречени манџи од магданос. Само магданос, ништо друго.
Со посебна чест
се изразија блиските членови од фамилијата на Венко Марковски за господинот
Кирил Гочков. Се однесува за вработен во печатницата Гоце Делчев како печатар
но во тоа време е можно веќе да бил во пензија, кој без да бара никаков
надомест, секој ден носел леб за фамилијата на Венко. Оваа помош подоцна
прераснува во пријателство помеѓу Венко и Фила и синот и снаата на Кирил
Гочков.
После враќањето
од Голи Оток Венко Марковски и неговата фамилија немале никакви посети од други
луѓе освен најмалата сестра на Венко , Евдокија.
Што се однесува
до неговата здравствена состојба навистина била тешка. По враќањењто од Голи
Оток, Венко Марковски има проблеми со окото. Сето тоа е последица на тешките
услови во логорот и мачењето кое го преживеал (типично било на пример да се
седи во буре полно со измет кое стигало до висината на брадата – според искажувања
на лица блиски на Венко Марковски).
Во 1962 година
почина мајка му Љуба Миланова во век од 87 години.
„Бидејќи
положбата на В. Марковски, по неговото враќање од издржување на казната на Голи
Оток, не се подобрувала, ами напротив таа стануваше се‘ понеподнослива: останат без работа, со репресии,
гладување, понижувања... македонскиот партиско-политички врв сметаше дека Венко
е ’непоправлив‘, па неговото екстернирање добро ќе дојде. А самиот В. Марковски
се‘ повеќе доаѓаше до заклучок дека тој во сопствената земја, за која дал се‘
од себеси, станува „persona non grata “, непожелен и „res alienum“.
10. Емиграција
во Бугарија – вторпат
Во 1965 година
тој емигрира во Бугарија по втор пат и останува да живее таму се’ до својата
смрт на 07.01.1988 година.
„Под изговор дека
е болен од неизлечива болест, практично му беше дозволено легално да емигрира
во соседна Бугарија. Тоа се случи и со целото негово семејство кое сеуште живее
во Бугарија.“
Што се однесува
до ова цитирање на Александар Алексиев, морам да кажам дека неговата
здравствена состојба била навистина критична што произлегува од веќе
споменатиот дел за Голи Оток и сите тортури кои морал да ги преживее, не само
тој но и сите други осуденици на овој остов.
Што се однесува
до емигрирањето на неговото семејство не било се’ така едноставно како што
изгледа. На почетокот било дозволено да отпатува само Венко Марковски. Неговата
сопруга Филимена Марковска и ќерка му Султана не добиле пасош за да можат да
отпатуваат. Дури, за сето тоа да изгледа како неблагодарност на семејството
Марковски спрема политичкиот врв, семејството Марковски, пред да емигрираат и Филимена
и Султана, добиваат огромен надстандарден стан со околу 7 соби, да може да се
каже: еве, државата им дава
се’ што може но на нив се‘ им е малку!
Миле Марковски во
тоа време веќе има основано свое семејство со Александра Марковска и
првородениот син Игор. По емигрирањето на Филимена и Султана се повторуваат
анонимните телефонски повици во домот на Миле Марковски. Единствено што може да
се чуе е прашањето: „Уште ли
сте тука?“. Патните исправи им се одземени една година. Миле и Александра
работат во редакција на детско списание и водат еден скромен живот. Но нивниот
син Игор е тешко болен и го праќаат во Софија кај дедо му за да може во Софија
да започне со лекување. Игор престојува таму неколку месеци, далеку од родителите
кои неможат да дојдат таму бидејќи неговиот брат Вени само што се родил. Но, со
малото бебе родителите решаваат да одат во посета на синот и на блиското
семејство. Со еден куфер и со надеж за брз наврат дома. Додека престојуваат во
Софија тие одлучуваат да не се вратат во Скопје и да го продолжат својот живот
во Софија.
(Filozoficka
fakulta, Ustav slavistych a vychodoevropskych studii, Makedonistika –
jednooborove studium, Anka Arnaudova: OSOBNOST VENKA MARKOVSKEHO V MACEDONSKEJ
LITERATURE - Diplomova prace, Praha 2005)
No comments:
Post a Comment