Луѓето тежнеат кон слобода и не
сакаат да бидат принудувани кон добро. А за последиците од бескрајната слобода,
што им е дадена од Бога, тие повторно Го обвинуваат Бога. Но, кој е виновен за
тоа, што човечкиот живот е полн со зло? Христијанството ли? Христос ли? Христос
никогаш не учел на она, заради што го критикуваат, хулат и го отфрлаат
Христијанството. Ако луѓето го следеа учењето на Христа, тогаш не би имало зошто
да се одрекува Христијанството. Херберт Велс дава еден дијалог помеѓу луѓето и
Бог. Луѓето Му се жалат на Бога, дека животот е полн со зло и страданија,
војни, насилства… и дека е неподнослив. Бог им одговара: „ако тоа не ви се
допаѓа не правето го!“. Тој, восхитувачки по својата простота, разговор е
мошне поучен. Христијанството опстојува во светот и покрај страшниот отпор на
силите на злото. Не само човечкото, туку и натчовечкото зло се спротивставува.
Против Христа и Неговата Црква стануваат силите на адот, и тие адски сили
дејствуваат не само надвор од Црквата и Христијанството, туку и внатре во нив,
за да ја разделат Црквата и да го извртат Христијанството. Мерзоста на
запустението (Мт 24,25) е на свето место, но од тоа Христијанството не
станува помалку свето. Напротив, ако луѓето имаат духовна прозорливост, изгледа
ќе видеа дека извртувајќи го Христијанството, изменувајќки и проколнувајќи го
за зло, за коешто не е виновно, тие Го распнуваат Христа. Христос вечно ја
излева Својата крв за гревовите на светот, за гревовите на оние што Го
отфрлуваат и распнуваат. Но, за вистината не треба да се суди според луѓето, и
тоа особено не според најлошите од нив. Треба да се вгледаме најправин во
лицето на Вистината, и да ја видеме светлината што излегува од неа. Во
човечките односи, за Вистината треба да се суди според добрите, а не
според лошите. За Христијанството треба да расудуваме според апостолите и
мачениците, подвижниците и светителите, а не според огромната толпа
полухристијани – полујазичници, кои прават сè за да го изопачат образот на
Христијанството во светот.
Две големи искушенија му биле
испратени на христијанското човештво во светот –искушение преку гонење и искушение
преку торжество. Првото искушение – преку гонење, христијаните го издржале
и дале примери на маченици и херои. Го издржале во самиот почеток на
Христијанството, кога биле подложени на гонења од страна на Римската имерија.
Го издржале и во наши дни, кога во Русија комунистичката власт ги подложи
христијаните на гонења. Меѓутоа, многу потешко е да се издржи искушението преку
торжество. Кога императорот Константин се приклонил кон Крстот (313 г.) и
Христијанството станала доминантна, државна религија, тогаш започнал долгиот
период на искушување преку торжество. Но, тоа искушение христијаните не го
издржале така добро, како искушението преку гонењето. Од гонети, христијаните
неретко станувале гонители, се соблазнувале од царството на овој свет, од
власта над светот. Имено, тука христијаните ги примиле оние изопачувањеа на
Христијанството, кои станале предмет на обвиненија против него. И повторно,
Христијанството не е виновно за тоа, што луѓето не успеале да извлечат радост
од неговото торжество во светот, и што тоа торжество се претворило во
изопачување на самиот образ на Христијанството. Христос одново бил распнат од
луѓе, коишто себеси се сметале за Негови слуги на земјата, но коишто не можеле
да го сфатат духот на Христијанството.
(изв. Домострој)
No comments:
Post a Comment