Вака
Ако некој те
праша
како изгледа
совршеното задоволство
на сите наши
жедби,
крени го лицето
и речи
вака.
Ако некој ја спомне
величественоста
на ноќниот свод,
качи се на кровот,
и во танц речи
вака.
Ако некој сака да
знае што е „дух“
или што значи „божествено миро“,
наведни ја
главата кон него.
Стој така блиску.
Вака.
Ако некој ја
спомне древната поетска слика
на облаци што ја
откриваат месечината благо,
бавно распетлај
ја својата одора,
петло по петло.
Вака.
Ако некој се чуди
како Исус ги кревал мртвите,
не обидувај се да
го објасниш тоа чудо.
Бакни ме во уста.
Вака. Вака.
Ако некој праша
што значи
„да се умре за
љубов“,
Покажи наваму.
Ако некој те
праша колку сум висок, намурти се
и измери го со
прсти просторот
меѓу брчките на
твоето чело.
Волку.
Душата понекогаш
го напушта телото, па се враќа.
Ако некој не
верува во ова,
врати се кај мене
дома.
Вака.
Кога љубовниците
јачат,
ја раскажуваат
нашата повест.
Вака.
Небо сум во кое
дусите пребиваат.
Ѕури во ова
длабоко синило,
додека ветрето
кажува една тајна.
Вака.
Ако некој праша
што да чини,
запали ја свеќата
во неговата дланка.
Вака.
Како миризмата на
Јосиф дојде до Јакова?
Вака.
Како му се врати
видот на Јаков?
Вака.
Благо ветре ги
мие очите.
Вака.
Кога Шамс се
враќа од Табриз,
ќе ја провне
главата од зад аголот
на капијата да
не‘ изненади,
вака.
(Скапоцениот камен на водата - избор стихови 2010, преп. од англиски д-р Ана Пејчинова, соработник при препев Фросина Стојковска)
No comments:
Post a Comment