За еден од основоположниците
на политичката социологија и втемелувач на тнр. теоријата на елитизмот, се смета
италијанскиот научник Гаетано Моска. Неговата книга „Елементи на политичката
наука“, на англиски и српско-хрватски преведена како „Владејачка класа“, се
смета за основа врз која е изградена една сосема нова концепција во толкувањето
на историјата на државните устројства. Инаку, современите истражувачки го
сметаат ова дело на Моска за пионер на тоталитарните и теориите на авторитаризмот.
Моска бил Италијанец од Сицилија. Поради честите критики на новиот режим на свежо
обединетата Италија, имал проблем со скрасувањето на еден универзитет, па
предавал и во Торино, Милано, и Рим. Бил прилично конзервативен и јавно
го критикувал парламентаризмот, но по доаѓањето на власт на Мусолини го
променил стојалиштето и решително се заложил за парламентарна демократија,
наспроти тежнеењето на фашистите за укинување на изборите. Тоа го сторил од
позиција на сенатор, што не го спасило од политички преследувања, па кон
крајот на животот се повлекол во мирот на научниот труд. Пред смртта на
92-годишна возраст, во 1939 доживеал конечно делото да му биде преведено во
САД. Умрел 1941.
Делото
„Владејачка класа“ (или „Елементи на политичката наука“) има 17 поглавја во кои
екстензивно се прикажува за појавата, формата и супстанцијалните разлики меѓу
разни држави и цивилизации, почнувајќи од асиро-вавилонската и египетската,
преку грчко-римската и седновековната, па се‘ до – во тоа време – модерните
италијанска, руска,американска и англиска политичка заедница. Основната теза на
Моска е дека разните поделби на вакви или онакви облици на уредување,
произведени од бројни научници - почнувајќи од Аристотел наваму, фактички не
важат. Имено, без оглед дали некоја правна творба е означена како монархија,
аристократија, република или комунистичка демократија, еден факт е непобитен:
малцинството управува со мнозинството. Тоа управувачко малцинство е
организирано, за разлика од мнозинството кое е неорганизирано и анархоидно. „Во
секое време и на секое место, се она што во власта претставува одлучување,
вршење на моќта, коешто вклучува командување и одговорност, секогаш е атрибут
на една засебна класа, чии елементи на формирање вистина можат многу да се разликуваат,
но која, како годе да е формирана, секогаш сочинува, во однос на масата
поданици над која се наметнува, едно незначително малцинство. Оваа посебна
класа ние од сега па натаму ќе ја нарекуваме политичка класа.“ Дури и во
системи во кои декларативно се прокламирало дека постои власта на мнозинството над
малцинството, како на пример во социјалистичките држави со нивната „диктатура
на пролетаријатот“, владата е во рацете на едно бескрупулозно малцинство кое
Моска го нарекува „classe politica“ и
„minoranza organizzata“. Сепак,
во подоцнежните изданија на „Владејачка класа“, Моска го допушта постоењето и
на трет слој, а тоа е средната класа. Неа ја сочинуваат како чиновниците, така
и вработените во приватниот сектор, бизнисмените, но и тнр. интелигенција т.е.
припадниците на слободните професии.
Колку заради
провокација, вака изгледа содржината на ова капитално дело:
1.Политичка наука
(Политичка наука, Експерименталниот метод и неговите ограничувања, Науката и
политичката наука, Енвиронменталистички теории – клима, Северни и Јужни теории,
Планина и Рамница, Расни теории – борба за опстанок, Концептот на раса –
супериорни и инфериорни раси, Расите и социјалниот тип, Еволуционистички теории
– борба за превосходство vs. Борба
за опстанок, Еволуција и прогрес, Историски метод).
2.Владејачка
класа (Концептот на владејачка класа, Владејачката класа и класификација на
влади, Организирано малцинство и неорганизирано мнозинство, Политички сили –
Воената храброст/ропството во Полска, Богатство, Религија и учење, Наследни
тенденции кај владејачките класи, Стабилност и подмладување на владејачките
класи).
3.Феудални и
бирократски системи (Политичка формула, Социјален тип, Религијата и социјалниот
тип, Феудалниот тип на политичка организација, Бирократска држава, Контовата
класификација – три скалила, Спенсеровата класификација – милитантни и
индустриски држави).
4.Владејачката
клааса и социјалниот тип (Социјалниот тип и експанзијата, Владејачката класа и
мешавината од социјални типови, Единството од социјални типови и класната
диференцијација, Ниските класи и социјалниот тип, Класната изолација и
социјалниот тип).
5.Правничка
одбрана (Моралното чувство и еволуцијата, Механизми за морална дисциплина,
Религијата и моралот, Законот и моралот – правничката одбрана и типот на
политичка организација, Деспотизми и апсолутистички принципи, Баланс на
социјални сили, Одвојувањето на црквата од државата, Дистрибуцијата на
богатството и средната класа, Организација и репрезентација на социјалните
сили, Тенденции кон само-наметнување на социјалните сили – Соединетите држави).
6.Гласачкото
право и социјалните сили (Демократска теорија – мнозинството владее, Мнозинство
и малцинство во претставнички систем, Владина контрола врз економското
производство, Концептот на држава).
7.Цркви, партии и
секти (Групите и инстиктот за борба, Секташки тенденции во човековите
групирања, Карактеристики кај пророците и основоположниците, Растежот и на
религии и секти, Доктрините и општествената околина, Доктринарниот зов кај
сентиментите за добро и зло, Религии и реалности – Христијанство и
Мухамеданизам, Изборот на судбини – миметизам, Црквите и световњаштвото,
Преследувања и масовна контрола, Уметноста на пропаганда, Борбата и социјалниот
тип – Дали перманентен мир е пожелен?).
8.Револуција
(Хеленската и средновековната револуција, Римската, феудалната и мухамеданската
револуција, Револуциите во Кина, Национални востанија и битки за независност, Селански
буни и нивните лидери, Модерната француска револуција и претераната
бирократизација, Тајни друштва и револуцонерни традиции).
9.Платени војски
(Воената моќ во примитивните општества, Платениците и феудалните општества,
Платенички тирании, Појавата на платенички војски, Градски милиции, Социјални
дистинкции – офицери и регрути, Расата и воената храброст, Платеничките војски
и правничката одбрана).
10.Парламентаризам
(Владејачката класа и современото општество, Иднината на религијата, Кризата на
демократијата, Злата на парламентарниот систем и типовите на критика, Реформа
на парламентарните системи – „уставна“ реформа, Децентрализација на средната
класа).
11.Колективизам
(Древен социјализам – Русо и појавата на социјализмот во Европа, Колективизмот
и судбата во социјалното подобрување, Владејачката класа под колективизам,
Апсолутната правда и социјалното живеење, Анархизам, Класна борба, Социјализмот
и укинувањето на сиромаштијата, Причини за порастот на социјализмот, Иднината
на социјализмот, Социјализмот и државната контрола – Христијански социјализам, Социјализмот
и еднаквоста).
12.Теорија на
владејачката класа (Историја на концептот за владејачка класа, Теоријата за владејачка
класа и демократскиот биас, Концептот за владејачка класа и научниот метод).
13.Типови на
политичка организација (Примитивни монархии, Блискоисточната империја, Грчкиот
град-држава, Неговите слабости и ограничувања).
14.Еволуција на
политичката организација (Римската град-држава и концептот на граѓанство, Појавата
на Римската бирократија и платеничка војска – Империјата, Опаѓањето на римската
средна класа и падот на Империјата, Варварските кралства и феудализмот,
Појавата на национални апсолутизми, Средната класа и претставничките систем,
Англиската конституција како модел за Континентот, Претставничкиот систем и
нивото на цивилизација – структурни слабости на претставничкиот систем).
15.Принципи и
тенденции кај владејачката класа (Автократски и либерални принципи -
аристократски и демократски тенденции, Автократски системи, Владејачката класа
и автократијата, Либерални системи, Демократските тенденции и пополнувањето на
владејачката класа, Аристократските тенденции и социјалната фосилизација,
Баланс на принципи и тенденции).
16.Владејачката
класа и поединецот (Владејачите и владејачката класа, Владејачката класа и
управуваните – странски доминации, Историски материјализам – економска интерпретација
на историјата, Влада од најдобрите, Апсолутна правда и релативна правда,
Науката и општествениот покрет).
17.Иднината на
претставничката влада (XIX
век како историски период - Слобода, Еднаквост, Братство и нивната апликација, Демократијата
и нивото на цивилизираност, Клици на распад на претставничкиот систем,
Алтернативи на претставничкиот систем – диктатура на полетаријатот, бирократски
апсолутизам и синдикализам, Реставрација на претставничкиот систем во Европа).
No comments:
Post a Comment