Првиот христијански цар Константин, роден во Ниш 274 година, водел многу војни во животот. Тој бил бил син на владетелот Констанциј Хлор, актер од ерата на римскиот цар Диоклецијан. Диоклецијановото доба кон крајот на III век, било обележано со голема нестабилност на римската администрација. Предизвиците со кои се соочила Империјата биле толкави што било невозможно таа да се управува од еден човек. Оттаму, веќе Диоклецијан 285 г. одлучил да ја подели власта со војсководецот Максимијан. Во 292 г. уште двајца генерали добиле по четвртина од римската држава – Константиновиот татко Констанциј Хлор и цезарот Галериј. Со тоа била воспоставена тнр. Тетрахија, која за период од неколку декади успеала да ги стабилизира приликите во Медитеранскиот басен. Во поделбата на териториите, како што известува Јакоб Буркхард во книгата „Епохата на Константин Велики“ (с. 48-52) таткото на Константин ги добил западните провинции Британија и Галија, денешна Франција. Во 305 г. остарените Диоклецијан и Максимијан абдицирале, па за цезари биле поставиле двајца нови офицери: Север и Максимин Даја. По смртта на Констанциј Хлор 306г. и Галериј 311 г., во тетрархијата се вклучиле Константин и Максенциј, синот на Максимијан. Кругот на учесниците во внатрешната војна, која набргу ќе започне во разнебитеното Римско царство, се затворил по убиството на Север и доаѓањето на власт во Илирик на цезарот Ликиниј.
Татракордот завојувал меѓу себе. Прв противник на Константин Велики, кој бил на чело на Галија, неизбежно бил Максенциј, кој раководел со Италија.
За да го протера цезарот Максенциј од Рим, Константин собрал голема војска составена од Гали и Бритонци и се проврел на Апенините преку алпските превои. Тоа се случило пролетта 312 г., а првиот утврден град кој паднал пред Константин била Суза. Следувало Торино, Бреша, Верона, Аквилеја, Модена и на крај Равена. Патот кон Рим бил отворен. Пресудниот бој се случила крај надојдениот Тибар, на местото викано Сакса Рубра. Непосредно пред битката, како што пишува во христијанските панегирици, на Константин му се сонил сон во кој Господ Бог му го покажал крстот и му порачал: „Под овој знак ќе победиш“. И вистина, утредента Константиновата војска страотно ја поразила Максенцијовата, што дури и самиот тетрарх се удавил во Тибар. Ова Константин го протолкувал како сигнал дека треба да го признае христијанството, што набргу го сторил со издавањето на Миланскиот едикт 313. Овој едикт гарантирал неограничена слобода за сите култови, што ги вклучило и бројните ранохристијански секти. Од тој момент, престанале репресалиите што се вршеле над христијаните, а самиот Константин, по пример на мајка си, ја прифатил новата вера. Наскоро таа била прогласена за единствена државна религија, поради што Црквата го прогласува Константина за светец.
По блескавата победа на Милвискиот мост 312 г. останале живи тројца цареви: Константин, кој управувал со целокупниот Запад и Ликиниј и Максимин Даја, кои ја раководеле Југоисточна Европа и Мала Азија. Во меѓусебна пресметка, најпрвин како жртва паднал Максимин Даја, кој во битката кај Цирал, на 30 април 313 г., бил совладан од страна на Ликиниј. Во рингот останале двајцата најспособни: Тракиецот Константин и Илирот Ликиниј. Трпението го издало помладиот Константин, кој застанал на чело на своите трупи и преку Емона – Љубљана, се упатил кон Панонија. До тешка битка дошло во Срем, кај местото Цибал (денешно Винковци). Со голем напор на Константина му пошло од рака да го потисне Ликиниј, кој се повлекол кон Сирмиум (Сремска Митровица). Константин тргнал по него. Ликиниј сопрел во Тракија и решил да си ги одмери снагите со ривалскиот Август. Местото на пресметката било Кампус Ардиенсис каде во ноември 316 се случил тежок, но неодлучен „окршај“. Се пристапило кон преговори, како резултат на кои било договорено Константин да го добие Балканскиот полуостров, а Ликиниј Мала Азија. Тетрархиските војни завршиле со победа на Константин во битката кај Златоград на 18 септември 324 г.
No comments:
Post a Comment