Во 70-тите години на IV век започнал еден од најдраматичните процесеси во историјата на човештвото. Станува збор за почетокот на поместувањето на Хуните кон Запад. Хуните биле моноголски народ од уралско-алтајско потекло, кои долго време се бореле за простор во внатрешноста на Азија. Нивен главен противник биле племињата Шин, со кои биеле битка за превласт на Далечниот Исток. Но, кога Шин-Кинезите го изградиле Големиот кинески ѕид и трајно се заштитиле од упадите на племињата Хун (Хан), моголските Хуни биле приморани својот нов животен простор да го бараат на другата страна, кон Европа. Историските податоци говорат дека нивната наезда започнала 370 година, со што e иницирана Големата преселба на народите. Таа преставува една сеопшта промена на местоположбата на речиси сите европски народи, проследен со непрекинато војување и политичко превирање. Преселбата на народите фактички преставува една необјавена светска војна на преминот помеѓу Антиката и Раното Средновековие. Нејзини главни иницијатори е Хуните, а стожерна фигура на тие настани е хунскиот водач Атила. Хуните и Атила се прикажани во делото на византискиот историчар Јорданес „Гетика“, напишана 550 година.
Бичот божји, како што бил наречен овој - според описите – грд и крвожеден азијат, го наследил својот чичко Руа на хунскиот престол во 434 година. Тој создал огромна држава чии граници биле од Урал до Алпите (по сегашни параметри, од Австрија до Казахстан). Главнината на хунските племиња била концетрирана во Панонија, поточно во денешна Унгарија, која била база за нивните војни со Римската држава. Тоа царство, за време на Теодосиј I, е конечно поделено на два дела и Бичот божји првин се свртува кон поблиското – Источното. Во 441 г. Атила и брат му Бледа го минуваат Дунав и редум ги заземаат Видин, Велград, Ниш, Пловдив и Аркадиопол. Хуните стигнале под ѕидините на Константинопол и по неуспешната опсада, се повлекле кон унгарскиот град Гер, каде што бил нивниот центар.
По убиството на брат му Бледа 445 г. Атила ја приграбил целосна власт над своето племе. Тогаш се свртел кон Западното римско царство. Војната против Рим започнала 451 година, кога илјадници косооки Хуни се упатиле од Панонската низина кон Апенинскиот полуостров и Галија (денешна Франција). Во својот воен поход стигнале до Париз, а потоа се спуштиле јужно кон Орлеан и Троа. Долгите битки кај овие градови му дале време на римскиот војсководец Ециј да ги консолидира латинските редови, привлекувајќи на своја страна многу варвари, меѓу кои голем број Келти, Словени и Германи. Во пресудната битка на Каталонските полиња, Великиот Хун бил поразен од римските легии на генералот Аециј и Визиготот Теодорих I. „Во таа фамозна војна помеѓу најхрабрите племиња, 160.000 луѓе наводно биле отепани на обете страни, при што само кај Гепидите и Франките – кои се бореле на различни страни: Франките за Рим, а Гепидите за Атила – имало 15 илјади мртви“ – вели Јорданес во „Гетика“.
Атила бил во лоши односи со западноримскиот цар Валентијан III бидејќи тој одбил да му ја даде сестра му Хонорија за жена. Затоа наредната 452 г. тој решил да се одмазди и да ја покори Италија. Разорувачкиот поход го започнал во Аквилеја, близу Венеција, кој што по Атилиниот поход бил избришан од лицето на земјата. Продолжил со пустошењата по долината на р. По и стигнал до нејзината притока Минчо, кај Мантова. Таму во пресрет му дошол папата Лав I Велики, кој го разуверил Атила да не пристапува кон уривање на Рим (оваа сцена е овековечена од ренесансниот великан Рафаел). Неочекувано, Бичот божји се согласил и се откажал од пљчкосувањето на вечниот град. Причина за тоа било веројатно избувнувањето разни епидемии, но и суеверието на Атила. Тој имено не сакал да ја вкуси судбината на готскиот поглавар Аларих кој, непосредно по уривачкиот погром на Рим 410 г., напрасно умрел. Меѓутоа, не ја избегнал Алариховата судба. Две години подоцна, во првата брачна ноќ со својата нова невеста Илдико, хунскиот поглавица починал, изгледа од хеморагија. Веќе следното лето 454, по бунтот на Остроготите, Хунската империја се распаднала.
No comments:
Post a Comment