Tuesday, October 4, 2011

ГРЧКО-ПЕРСИСКИТЕ ВОЈНИ 492-449 г.п.н.е



Наследник на асирската политичка моќ во Предна и Мала Азија била силната Персиска империја. Во среднината на шестиот век п.н.е. царот Кир Постариот избил на Егејското море, освојувајѓи ги тамошните грчки колонии. Тоа послужило како отскочна даска кон Античка Грција и Балканот, за кои Персијците негувале посебни чувства. Штом дошол на власт, неговиот внук Дариј I, дедо на Александровиот противник, го зазел првиот грчки остров Самос. Са време на Дариевиот поход против Скитите, неговиот војсководец Мегабаз навлегол во Тракија и Македонија. Како повод за војна со Елада на Дариј му послужило јонското востание, што во малоазиските полиси го поттикнала Атина. Војната започната 492 г.п.н.е. и со прекини траела речиси половина век. На една страна била силна унитарна држава, а не другата мноштво мали богати градски републики. Првиот налет на Персијците бил кус и бил ограничен на освојување на Македонија од страна на Дариевиот зет Мардониј, е опишан во „Историјата“ бр. VI на Херодот. Вториот налет започнал две години подоцна во 490 г.п.н.е. Персијците од Самос се префрлиле на Наксос и оттука се истовариле на полустровот Атика. До првиот сериозен копнен судир дошло на полето Маратон. На изненадување на персискиот командант Артаферн, атинската пошадија победила, а гласот за победата ја пренел познатиот Маратонец, кој истрчал 42 километри до градот и откако ја соопштил веста – паднал мртов.
Наредниот поход на Грција го извел Ксеркс 10 години подоцна, со далеку побројна војска. Нему му се спротивставил еден од најголемите политичари и војсководци што ги дала Античка Грција – Темистокле. Тој го створил Хеленскиот сојуз на чело со Атина, која што за прв пат можела да се пофали со своја јака копнена војска. Најпрочуена битка од оваа фаза на грчко-персиската војна е битката кај Термопили, во која спартанскиот крал Леонида до последен војник ја бранел клисурата низ која врвел друмот за јужен Елас
Кога виделе дека персиската армија се доближува до градот, Атињаните комплетно го напуштиле мегалополисот, ама претходно, по совет на пророчиците во Делфи, ја зајакнале сопствената флота. Така, кога на Ксеркс конечно му успеало да се искачи на градскиот рид Ликабетос и да го види морето, пред очите му се укажала шокантна глетка. Крај блиската Саламина, грчкиот стратег Темистокле темелно ја ништел целокупната персиска флота, која допловила откај островот Евбеја. Ксеркс останал без морнарица, бидејќи истиот септемвриски ден и хеленскиот тиранин на Сиракуза Гелон ја истепал картагинската армада кај Химера. После оваа брилијантна победа, Атињаните прешле во офанзива. Следната 479 г. Ксеркс доживеал и пораз на копно во битките кај Платеја и Микала, коишто претставуваат пресврт во грчко-персиската војна, детално обработен од страна на наследникот на Херодот - Тукидид. По ова, персијанскиот експанзионизам повеќе никогаш не и’ се заканил на Грција.
Поради се’ почестите неслагања со Спартанците, Атина 478 г. оформила нова јонска Делијанска лига. Неговиот челник Кимон набргу ги провратил малоазиските градови во Лидија и Карија. Потоа, тој отпловил преку Средоземното море за да му помогне на Египет во бунтот против Персија. Првично, му пошло од рака, во Мемфис на Нил, е заедно со Египќаните, да победи. Но четири години подоцна, во 455 г.п.н.е., бил поразен од страна на сатрапот Мегабаз. Последната битка во грчко-персиската војна се случила во 449, кога Кимон триумфирал на Кипар. Како главен резултат на тој епски судир на Медитеранот се смета сепарирањето меѓу Грција и Блискиот Исток, после неколкувековна плодотворна  интеракција. Во книгата „Greece: A Country Study“, во поглавјето Персиски војни, се донесува заклучок: „Најважниот резултат на Персиските војни  меѓу Грција и Блискиот Исток беше руптура на вибрантната културална зона која ја вклучуваше Феникија, Лидија, Египет и други култури од Блистокот. Бариерата нема да биде скршена се’ до средината на следниот век, а концептот на поделена Азија од Европа стана перманентен“ (с. 10). Истовремено, започнува Перикловото златно доба во кое Атина се преобразува во регионална империја.

No comments:

Post a Comment