Во Рим се воделе жестоки граѓански војни кои биле толку брутални што на крајот го уништиле демократското уредување. Првата се одвивала меѓу конзулите Сула и Мариј, а причина била доделувањето на римско државјанство на лица вон Италик, со тнр. Сулпициеви закони. Демократите собрани околу Мариј го одобрувале проширувањето на државјанството, а конзервативците -оптимати биле против. Отпрвин офанзивата биле во рацете на „левицата“, предводена од Мариј и двата следни конзули – Карбон и Цина. Но, по враќањето од Грција, каде што се пресметувал со Митридат, инцијативата ја презел „десничарот“ Сула. Тој однел серија крвави победи над популистите, по што завел систем на диктатура. За време на таа диктатура, биле вршени сурови репресии врз политичките противници, во кои биле погубени стотици сенатори – Мариевци, а нивниот имот бил конфискуван.
Во вториот период на тнр. плутократија (владеење на богаташите) во Рим се воделе две граѓански војни. Првата се водела од 50 до 45 г.п.н.е., а втората од 44 до 42 г.п.н.е. По завршувањето на овие две војни, Рим од република се преобразува во царство. Главни актери на војната ’50-’45 биле Гај Јулиј Цезар, од плебејската партија и Помпеј, од патрицијатот. Победникот над Митридат, Помпеј Велики - инаку син на Страбон - се прогласил за прв човек на Републиката, поради што Цезар одлучил да го нападне. Во клучен момент („коцката е фрлена“) ја преминал реката Рубикон и со само една легија се упатил кон оптиматот Помпеј. Овој, иако држел под себе десетина легии, од Бриндизи се префрлил во Драч. Истовремено, во Шпанија, над реката Ебро, ги оставил своите команданти Петреус и Афраниј, но тие биле тактички мудро победени од Цезар. Од Пиринејскиот полуостров, Цезар се упатил кон Албанија, за конечно да се пресмета со Помпеј. На 29 ноември ’49 тој со првиот легионерски ешалон, од Бриндизи, се истоварил во Валонскиот залив и ги зазел Орикум и Аполонија. Неговиот противник, пак, се утврдил во Драч, како и в Македонија, каде што на реката Бистрица држел 7 легии. Два месеца непријателите се демнеле преку реката Вјоса, во централна Албанија. Напролет во март, Цезаровиот сојузник Марко Антониј се истоварил кај Скадар, од каде што успеал да ги пробие линиите на Помпеј и да се спои со Цезар. Јулиј тргнал према Исток, но тогаш кохортите на Помпеј го нападнале кај Драч и го победиле. Цезар одлучил и тој да се послужи со истата тактика. Ги нанамил кохортите на Помпеј во Тесалија и на 5 мај ’48, кај градот Фарсала, им го нанел решавачкиот пораз. И покрај ота што имал двојно помала војска, големиот стратег, со леснотија која го одушевила Рим, го совладал „улежаниот“ конзул. И згора на тоа, се послужил со неговата вечера, која била подготвена во раскошниот шатор. После поразот, Помпеј бега во Египет каде што бидува убиен. Оваа граѓанска војна Цезар успешно ја приведува кон крај со победата врз синот на Митридат, Фарнак – крал на државата Босфор – кого го надвил во битката кај Зела. Кога се вратил во Рим, победнички извикал: Вени, види, вики (Дојдов, видов, победив). Со победата врз Помпејовите синови во Шпанија 46 г.п.н.е. завршил триумфалниот рат на Гај Јулиј Цезар, по што следната година бил прогласен за доживотен диктатор на Римска империја.
За жал, не уживал многу во славата зашто по само 12 месеци бил убиен. Убиството го извршиле син му Брут и Касиј Лонгин. Првиот побегнал во Македонија, а вториот во Сирија. Римската власт ја приграбил конзулот Марко Антониј, ама народот бил многу гневен што го загубил обожуваниот Цезар. Одеднаш на сцената се појавува Октавијан, кого Цезар го посинил и означил за наследник во тестаментот. Тој го тепа Антониј кај Форум Галорум и го формира Вториот триумвират. Негови членови се Октавијан Август, Марко Антониј и Лепид. Тројцата вождови се префрлиле во Македонија, каде со заеднички сили го победиле отецубиецот Брут. Ова се случило есента 42 г.п.н.е. и таа граѓанска војна го означува крајот на Римската република. Сега триумвирите можеле на мира да ја поделат државата, па така Марко Антониј ја добил Македонија, Октавијан Италија, а Лепид Африка.
No comments:
Post a Comment